Showing 33–48 of 57 results

  • Se: do

    Сите луѓе се различни. Во различни форми и големини и со различни преференции. Современите начини на работа како паметното работење или нетериторијалните концепти за простор, каде што различни индивидуи делат едно работно место, имаат потреба од флексибилен канцелариски мебел. Se:do канцелариската столица ги задоволува сите потреби. Благодарение на ергономската разновидност, може многу брзо и лесно да се адаптира на новите корисници, и претставува идеален избор за работни места со повеќе корисници и океански простори. Високото ниво на комфор и различниот дизајн се она што ја прават Se:do истакнат тимски член за сечија почит.

    Дизајн: Rüdiger Schaack (Sedus тим за дизајн)

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Se: Do visitor chair

    Хармонично дизајнирана столица за посетители и состаноци
    Столицата за посетители го презема различниот и дискретен дизајн на Se:do, со цел лесно да може да се вклопи во канцелариите, вежбалните или чекалниците. Целосно се прилагодува на сите простории: футуристичкиот дизајн и квалитет лесно може да се прилагоди на промена на просторот. Se:do столицата за посетители е достапна во дизајн со четири ногарки или како санка и може опционално да се додадат и наслони за раце.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Se: dot

    Универзална столица

    Канцеларијата претставува центар на лична размена, како и централна локација за планирани и неформални состаноци. Класичните работни места повеќе не се карактеризираат со бироа и работни канцелариски столици; напротив, работните места во денешно време доаѓаат во комбинација со елементи што оддаваат чувство на дом и нудат чувство на добросостојба. Како универзална столица, se:dot се вклопува во било кое работно место – во работилници, простори за релаксација, чекалници. Оваа универзална столица се истакнува благодарение на удобното седиште и плени со својот удобен изглед.

    Разнобојна

    Лесните столици создаваат пријатна атмосфера и овозможуваат нови пристапи за дизајн на канцеларијата. Корпоративните бои можат многу лесно да се истакнат преку se:dot – широката палета на бои и материјали го овозможува тоа.

    Лесна и флексибилна

    Благодарение на минималната тежина, se:dot е лесна за носење и може флексибилно да се поместува. Материјалот против лизгање од внатрешната страна овозможува и нуди цврста основа за време на седењето.

    Одржлива

    Картон, анатомски обликувана пена, дрвена плоча, прекривка и кожена рачка за носење: Бидејќи se:dot се состои од само неколку компоненти, истата може да биде расклопена за рециклирање според соодветниот вид.

    Верзии и модели

    – Хармоничен, органски дизајн

    – Можност за дизајн во две бои

    – Кожена рачка за носење од страна

    – Материјал против лизгање во внатрешноста

    – Две големини што нудат разновидност кога се поставени во комбинација

    Повеќе информации на следниот линк .

  • Se: Fit

    ВИСОКА СТОЛИЦА ЗА АКТИВНО РАБОТЕЊЕ
    Внесете поголема подвижност во канцеларијата. Високата работна столица стимулира „стоечко“ седење за пофлексибилно работење.
    Подвижноста не е добра само за телото. Движењето го стимулира и умот. Со Se:fit, Sedus создадоа сестрано високо седиште што ги охрабрува корисниците да се движат. Исто така, овозожува агилно седење и наслонување. Se:fit може без никаков физички напор да се подесе во висина и лесно може да се помести за рачката без разлика дали е поставена покрај високо биро, работна маса или на места каде што е задолжително стоечкото седење.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Se: Flex

    Работна канцелариска столица за работни места со повеќе корисници.
    Sedus Se:Flex е неизоставен дел од работните места на кои преовладуваат поголем број корисници. Благодарение на паметниот автоматски систем за тежина, нуди можност автоматски да се прилагоди на сите корисници. Истовремено, наслонот за грб го следи секое движење на корисникот, што резултира со максимална слобода во движењето и правилно седење во сите позиции.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Se: Flex visitor chair

    Хармонично дизајнирана столица за посетители и состаноци
    Сали за состаноци, салони или чекални. Столицата за посетители нуди леснина, може одлично да се искомбинира со други парчиња мебел и прецизно се прилагодува на секоја положба на телото. Како и канцелариските столици, Se:flex столицата за посетители нуди длабоко ергономско искуство. Површината на седиштето овозможува оптимална дистрибуција на притисок, наслонот е во форма на полукруг навнатре и нуди лумбарна поддршка.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Se: kit

    Работна канцелариска столица со прилагодувачки дизајн

    Без разлика на тоа како и каде се завршува работата – работната средина, задачите и потребите на вработените се прилично различни. Како резултат на тоа, може да варираат нивните индивидуални потреби, како и она што тие го бараат во самите карактеристики на една столица – сѐ со цел да се стекнат со идеалната работна канцелариска столица. Па тогаш, замислете колку практична би била една работна канцелариска столица што би можела да задоволи сечии потреби и желби?

    Новата se:kit зазема посебен пристап бидејќи го следи концептот на прилагодување и се фокусира на комфорот и удобноста. Самиот корисник одлучува на кој начин сака да ја подесе канцелариската столица и кои компоненти да ги поседува истата – спонтано, врз база на мотото „Помалку е повеќе“, или понекогаш, „Повеќе е повеќе“. Но, во секој случај, столицата секогаш поседува едно нешто – а тоа е седење со најголема удобност. Se:kit го нуди сето тоа без да го компромитира дизајнот или естетиката.

    РАЗНОВИДНОСТ И КОМПАТИБИЛНОСТ

    – опции за наслонот на грбот

    – подесувачки механизми

    – опции за тапацирот на седиштето

    – опции за наслоните на раце

    – ногарки

    Повеќе информации на следниот линк .

    Прилагодувачки систем

    Se:kit може да се конфигурира според вашите желби: благодарение на прилагодувачките елементи. Прилагодувачките елементи може многу лесно се поврзат, а за поголемиот дел од нив нема потреба од употреба на алати. • Наслон за раце

    • Наслон за грб

    Со целосен тапацир (висок, што се подесува во висина, среден);

    Со мембрана (висока, што се подесува во висина, средна)

    • Основа

    со 4 ѕвезди (конференциска)

    со 5 ѕвезди (барска) – опционално со ногарки со 5 ѕвезди

    • Седиште

    Стандардно седиште (со или без подесување на седиштето во длабочина и автоматско враќање)

    Комфорно седиште (со или без подесување на седиштето во длабочина и автоматско враќање)

    • Додатоци

    Поддршка за вратот и закачалка за палта – достапна одделно Лубална поддршка

    • Механизам

    „Similar“ механизам со индивидуално подесување во висина „Similar“ механизам со автоматско подесување во висина „Kinetic Swing“ механизам

    Ергономија и функционалност

    Удобното седење прави комбинација од активното функционирање и ергономските аспекти. Со понатамошното развивање на нашата тестирана дорсо-кинетика, ние вметнавме концепт што комбинира и слобода во движењето и активна поддршка. Флексибилниот елемент нуди подвижност на наслонот за грб, дозволувајќи му да го следи корисникот, притоа нудејќи му поддршка со секое движење. Ги следи најстрогите барања, плени со извонредност и нуди удобно седечко искуство за сите. Со новиот стандард за работни канцелариски столици DIN EN 1335-1:2023 Тип A, se:kit ги задоволува потребите на сите различни корисници и нивните различни барања.

    Разнобојна и индивидуална

    Благодарение на карактеристиката „Разновидност и компатибилност“, како и на широката палета од избор, se:kit може индивидуално да се конфигурира – со цел сите да добијат нивна омилена верзија.

    • Модел (рамка)*

    ‘ Бојата на лумбалната поддршка и закачалката за палта зависи од бојата на моделот

    • Седиште и тапацир за наслон на грб

    Седиштето и тапацирот за грб се достапни во сите видови ткаенини од целата колекција на Sedus. Може да се одберат и различни видови за седиштето и грбот. Бојата на тапацирот на наслонот за грб зависи од бојата на моделот

    • Основа

    • Мембрана

    • Наслони за раце

    Наслони за раце, рачки: во зависност од бојата на моделот Перниче за наслон на раце: црна боја (исклучок: наслони за раце со дводимензионален дизајн: боја на модел во светло-сива – перниче во темно-сива, боја на модел во црна боја – перниче во црна боја)

     

  • Se: Lab hopper

    ДИНАМИЧНО СЕДЕЊЕ СО СТОЛИЦАТА ЗА РАБОТИЛНИЦИ
    Se:lab Hopper претставува идеален додаток во работилниците, состаноците за проекти или агилните работни места. Со својата пријатна висина од 690мм, оваа столица нуди спонтаност и интеракција. Столицата за работилници е лесно подвижна и лесно се управува. Може да се насложи за да заштеди простор кога не се користи.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Se: Lab sofa

    МОБИЛНА И ПРИСПОСОБЛИВА СОФА ЗА АКТИВНИ РАБОТИЛНИЦИ
    Лесно подвижна и флексибилна, Se:lab софата претставува идеален партнер на активните работилници и спонтаните интеракции. Удобниот мебел со својот обемен тапацир се адаптира на различните положби на телото – без разлика дали станува збор за седење исправено, или пак за наслонување во порелаксирачки став. Исклучително мека и удобна, оваа софа создава пријателска атмосфера во било која просторија.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Se: Line

    Салите за конференции се едни од најважните места во една компанија. Луѓето се среќаваат на овие места за да донесат одлуки. Бизнис партнерите се пречекуваат и треба да се чувствуваат удобно. Сите детали треба да бидат на свое место.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Se: Motion net

    Столица создадена за поголема слобода во движењето.

    Пристигнете, седнете, започнете: не мора да трошите долго време на прилагодување на se: motion затоа што автоматски се прилагодува на секој корисник. Динамичниот првичен впечаток создаден од дизајнот, ја рефлектира флексибилноста што se: motion ја обезбедува во канцеларијата. Спонтано собирање кај бирото? Краток поглед кон вашиот сосед? Само придвижете се таму.

    Бидејќи е многу едноставно да се смени материјалот, se: motion може да се прилагоди многу брзо без потреба од алатки.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Se: Spot

    РАБОТНА СТОЛИЦА ШТО СЕ ВКЛОПУВА И ВО СЕКОЈДНЕВИЕТО
    Инспирирана од човечкото тело, Se:spot не само што изгледа одлично, туку и импресионира со својот удобен шарм. Чувството е исто онолку добро како и нејзиниот изглед! Пријатната лумбарна накривеност овозможува здрава поставеност на р’бетот. Тапацирот е достапен во повеќе бои што се екстремно пријатни. Самата ткаенина на Se:spot овозможува нејзино користење во казина, салони, кафетерии или сали за состаноци.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Se: Spot Stool

    РАБОТНА СТОЛИЦА И БАРСКА СТОЛИЦА
    3 висини – 1 дизајн
    Седење, стоење – или нешто измеѓу. Производите на Se:spot семејството се прилагодуваат на најразличните форми на телото. Тие изгледаат пријатно и удобно во кантините и рекреативните места, но и професионално и практично во салите за состаноци. Овие столици ќе ве освојат со својот удобен и атрактивен дизајн. Она што ги прави Se:spot столиците особено исклучителни е „студиската’’ – медиум висина, соодветна за медиум маси до 90цм.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Se: Works

    Повеќе не е невообичаено да имате софа во канцеларијата. Во денешно време многу компании се опремуваат со простори кои нудат удобно седење. Но, само тоа не е доволно ако сакате да ја поттикнете продуктивноста на вашите вработени. Затоа, Sedus создаде нешто сосема ново со Se:works.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Silver 362S

    Silver НАЈДОБРАТА СТОЛИЦА МЕЃУ СТОЛИЦИТЕ
    Исклучителна естетика, софистициран дизајн. Беспрекорен комфорт. Тоа го нуди Silver – најдобрата столица меѓу столиците. Одлично ги владее сите технички задачи, воодушевува со својата леснина и умешно ја сокрива софистицираната инженерска уметност во внатрешноста.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Slight

    Тенка како лист, колекцијата на SLIGHT софи е тотална спротивност од класичниот систем на обложување мебел.

    Како малечка превиткана страница, мекото тело на софата ги прифаќа различните форми на корисникот и е дизајнирана во неколку модели со цел да ги задоволи различните потреби и барања. Погодна е и за во чекалници, како и за внатрешно домашно уредување.

    Повеќе информации на следниот линк.