Se: dot

Универзална столица

Канцеларијата претставува центар на лична размена, како и централна локација за планирани и неформални состаноци. Класичните работни места повеќе не се карактеризираат со бироа и работни канцелариски столици; напротив, работните места во денешно време доаѓаат во комбинација со елементи што оддаваат чувство на дом и нудат чувство на добросостојба. Како универзална столица, se:dot се вклопува во било кое работно место – во работилници, простори за релаксација, чекалници. Оваа универзална столица се истакнува благодарение на удобното седиште и плени со својот удобен изглед.

Разнобојна

Лесните столици создаваат пријатна атмосфера и овозможуваат нови пристапи за дизајн на канцеларијата. Корпоративните бои можат многу лесно да се истакнат преку se:dot – широката палета на бои и материјали го овозможува тоа.

Лесна и флексибилна

Благодарение на минималната тежина, se:dot е лесна за носење и може флексибилно да се поместува. Материјалот против лизгање од внатрешната страна овозможува и нуди цврста основа за време на седењето.

Одржлива

Картон, анатомски обликувана пена, дрвена плоча, прекривка и кожена рачка за носење: Бидејќи se:dot се состои од само неколку компоненти, истата може да биде расклопена за рециклирање според соодветниот вид.

Верзии и модели

– Хармоничен, органски дизајн

– Можност за дизајн во две бои

– Кожена рачка за носење од страна

– Материјал против лизгање во внатрешноста

– Две големини што нудат разновидност кога се поставени во комбинација

Повеќе информации на следниот линк .