Sopha
LOUNGE МЕБЕЛ
Не станува збор само за инстинкт: според научните студии, луѓето се особено креативни кога се чувствуваат удобно и пријатно. Опуштената работна атмосфера, токму како што ја нуди Sedus софата, може да допринесе кон креативноста. Оваа софа особено ја поттикнува стимулирачката атмосфера во канцелариите, што е особено важна за продуктивно работење и конструктивна интеракција.Повеќе информации на следниот линк.
Stone
Совршена сложувалка од колекција создадена од обложени табуретки во различни форми и големини.
Овој систем им овозможува опсежна слобода во дизајнот на корисниците. Овие табуретки во различни големини можат да се поврзат за да создадат обединета целина.Ова оддава еден брановиден тек и исклучителен впечаток во чекалниците, па дури и индивидуално, за еден хармоничен и модерен сјај како детал на секој простор.
Повеќе информации на следниот линк.
Summa
Создадена за најдинамичните современи лидери, Summa претставува разновидна кожна конференциска столица погодна за канцеларии, сали за состаноци, како и домашна канцеларија. Обвивната форма и обликувачките материјали се соединуваат во хармоничен дизајн кој зрачи луксуз во секој детаљ.
Комплето прилагодлива, Summa поседува врвна естетика и софицстицирана палета што го истакнува присуството на брендот во секоја средина. Со изработениот наслон за грб од дрво или тапацир, Summa е дел од кожената колекција на Humanscale без штетни хемикалии.
Луксузна и беспрекорно едноставна, Summa поседува механизам за наслонување со поддршка на вашата тежина и вградени наслони за раце за врвна удобност и поддршка во текот на работниот ден. Со само една дискретна рачка за подесување во висина, столицата останува прекрасно рафинирана од секој агол.
Повеќе информации на следниот линк .
Sweet spot
LOUNGE СТОЛИЦА
Sweet Spot не само што ја опремува вашата канцеларија со особено атрактивен и удобен салонски мебел, туку и помага да се создаде релаксирачка атмосфера. Без разлика дали просторот се користи за состанок за brainstorming, одмор од внимателното работење или за ‘добредојде со стил’ на посетителите – Sweet Spot ја комбинира работата со задоволството. Тоа го прави на одличен начин, а доказ за тоа се истакнатите интернационални награди.Повеќе информации на следниот линк.
TAKEoSEAT
СТОЛИЦА НА СКЛОПУВАЊЕ
Сакате да го преместите утринскиот состанок во кујната? Барате лесен начин за да сместите неочекувани гости? Тоа може без проблем да се реши со TAKEoSEAT – веројатно најпрактичната столица на светот. Може да биде расклопена за да заштеди простор и повторно тивко да се склопи со само неколку потези, за веднаш да се создаде удобно седиште.Повеќе информации на следниот линк.
Trea
Столицата Trea – добитник на престижната награда „Red Dot“ – претставува комбинација од едноставна, прилагодувачка естетика и високофункционална ергономска поддршка. Создадена од страна на реномираниот дизајнер Тод Брашер, Trea нуди врвен комфор имитирање на природното наслонување на човечкото тело и преку удобната школка која совршено го обвиткува тој што седи.
• Заменливите компоненти овозможуваат Trea лесно да се адаптира на естетиката во било која канцеларија или работен простор.
• Работ на седиштето налик водопад го намалува притисокот во задниот дел на колената.
• Контурираниот наслон за грб нежно ги опфаќа природните точки на ротација на вашето тело, при што поттикнува слобода во движењето и здраво движење – вклучувајќи го наслонувањето од 12 позиции.
• Сертификатот „Net Positive“ значи дека секоја Trea произведена столица има големо влијание врз намалувањето на климатските промени.
• Trea доаѓа со 15 годишна гаранција.
Trea може да се прилагоди и во канцеларискиот, но и во домашниот ентериер. Основата на столицата која може да биде во облик на четирикрака ѕвезда, конзола или четири ногарки е заменлива, што значи дека Trea може да се прилагоди во различни средини и намени, додека истовремено го задржува истиот изглед во просторот.
Повеќе информации на следниот линк .
Turn Around
РАБОТНА КАНЦЕЛАРИСКА СТОЛИЦА
Додека нефлексибилниот режим на работење долго време преовладуваше во индивидуалните канцеларии, денес, динамичното работење на проекти е она што доминира, со различни тимови на различни локации. Дискусиите, одлуките и работата се одвиваат на места што нудат најголема ефикасност и најдобри резултати – таков е случајот со Sedus Turn Around, која е создадена посебно за да ги задоволи потребите и барањата на тимското работење.Повеќе информации на следниот линк.
VINTAGEis5 32V4
ДИЗАЈНИРАНА ЗА ИЗВОНРЕДНОСТ
Создадена од идејата да се креира нешто извонредно: VINTAGE. Дизајн што ја збогатува секоја средина (просторија) со својот цврст карактер. Колекција што плени со највисоките стандарди за квалитет и уникатни иновации.
Комбинација од (беспрекорен) дизајн, квалитет, функционалност и уникатна ергономија каква што досега не сте искусиле.Повеќе информации на следниот линк.
World One
World One е нова, ажурирана верзија на реномираната World столица на Niels Diffrient, екстремно минималистичка, а сепак целосно функционална работна столица што некогаш била создадена. Се состои од истиот иновативен наслон за грб со мрежа од три панели и наслонување што ја поддржува вашата тежина, исто како и нејзиниот претходник. World One е економично решение кое ви нуди висококвалитетна ергономска поддршка и врвно седечко искуство.
• Идеална столица за работа од дома
• Врвна ергономска поддршка
• Достапна во нашата најпопуларна конфигурација: црна рамка со црна мрежа за наслонот на грбот и седиштето• Наслони за раце што се подесуваат во висина
Прилагодување
Нерастегливата мрежеста конструкција од три панели создава контури што се приспособуваат на вашето тело, како и индивидуална лумбална поддршка за автоматско прилагодување.
Нуди поддршка и прилагодливост
Оваа столица нуди соодветна поддршка и автоматски отпор без разлика на големината на корисникот. Се прилагодува на големината на сечие тело. Нуди поддршка и прилагодливост Оваа столица нуди соодветна поддршка и автоматски отпор без разлика на големината на корисникот.
Се прилагодува на големината на сечие тело.
За сечие тело Предниот раб без рамка го елиминира притисокот во коленото при допир. Дизајнирана е за корисници до 136 килограми.Повеќе информации на следниот линк .