Trea

Столицата Trea – добитник на престижната награда „Red Dot“ – претставува комбинација од едноставна, прилагодувачка естетика и високофункционална ергономска поддршка. Создадена од страна на реномираниот дизајнер Тод Брашер, Trea нуди врвен комфор имитирање на природното наслонување на човечкото тело и преку удобната школка која совршено го обвиткува тој што седи.

• Заменливите компоненти овозможуваат Trea лесно да се адаптира на естетиката во било која канцеларија или работен простор.

• Работ на седиштето налик водопад го намалува притисокот во задниот дел на колената.

• Контурираниот наслон за грб нежно ги опфаќа природните точки на ротација на вашето тело, при што поттикнува слобода во движењето и здраво движење – вклучувајќи го наслонувањето од 12 позиции.

• Сертификатот „Net Positive“ значи дека секоја Trea произведена столица има големо влијание врз намалувањето на климатските промени.

• Trea доаѓа со 15 годишна гаранција.

Trea може да се прилагоди и во канцеларискиот, но и во домашниот ентериер. Основата на столицата која може да биде во облик на четирикрака ѕвезда, конзола или четири ногарки е заменлива, што значи дека Trea може да се прилагоди во различни средини и намени, додека истовремено го задржува истиот изглед во просторот.

Повеќе информации на следниот линк .