Se: Line

Салите за конференции се едни од најважните места во една компанија. Луѓето се среќаваат на овие места за да донесат одлуки. Бизнис партнерите се пречекуваат и треба да се чувствуваат удобно. Сите детали треба да бидат на свое место.

Повеќе информации на следниот линк.

Опис

Конфигуратор на мебел
Прилагоден на индивидуалните барања и личните желби: Конфигураторот го олеснува планирањето на столици и друг мебел и пробувањето на различни опции.
Конфигурирај го твојот производ.

Прекрасни и интелигентни

Елегнатниот дизајн и високо-ергономскиот комфор за седење не се само контрадикции за Se:line. Токму напротив. Благодарение на извонредните високотехнолошки материјали и иновативната конструкција, каде наслоните за раце делуваат како ‘spring return’ механизам, Se:line автоматски се прилагодува на телесната тежина и овозможува седиштето и наслонот за грб да се движат синхронизирано со телото – без видлив механизам. Во комбинација со широкиот агол на отварање, поттикнува динамично седење, додека истовремено ја подобрува добросостојбата и концентрацијата.

Разновидност

Конференциска и менаџерска канцелариска столица

Од конференциските столици се очекува да ги исполнат највисоките барања: претставителен дизајн кој сигнализира поразлично чувство за стил. Исклучителна изработка, која ги одразува високите стандарди на компанијата. Паметна технологија која нуди луксузен комфор при седењето. Sedus Se:line ги комбинира сите овие квалитети за да создаде супериорен дизајн кој остава долготраен впечаток.

Удобна селекција

Достапна со висок, како и среден наслон за грб, Se:line плени со висококвалитетна елеганција. Имресивниот седечки комфор ја прави совршена и за во конференциски сали како и за во канцелариите на менаџерите. Двете верзии се состојат од висококвалитетна основа од алуминиум во форма на крст, која располага со избор од тркалца или обични ногарки. Достапна е и лакирана верзија, како и матирачки слој во бел алуминиум или црн.

Детали