Se: Motion net

Столица создадена за поголема слобода во движењето.

Пристигнете, седнете, започнете: не мора да трошите долго време на прилагодување на se: motion затоа што автоматски се прилагодува на секој корисник. Динамичниот првичен впечаток создаден од дизајнот, ја рефлектира флексибилноста што se: motion ја обезбедува во канцеларијата. Спонтано собирање кај бирото? Краток поглед кон вашиот сосед? Само придвижете се таму.

Бидејќи е многу едноставно да се смени материјалот, se: motion може да се прилагоди многу брзо без потреба од алатки.

Повеќе информации на следниот линк.

Опис

Конфигуратор на мебел
Прилагоден на индивидуалните барања и личните желби: Конфигураторот го олеснува планирањето на столици и друг мебел и испробувањето на различни опции.
Конфигурирајте го вашиот производ.

Background
Наслони за раце Наслоните за раце се подесуваат по висина.
Вплетена мембрана Мембраната е достапна во црна, сива, црвена или берија (teal).
Тапацир на седиштето Може да биде одбрано од колекцијата ткаенини на Sedus.
Лумбарна поддршка Наслонот за грб е опционално достапен со лумбарна поддршка.
Боја на модел Рамката и наслоните за раце се достапни во црна или светло-сива боја. Перничињата на наслоните за раце се секогаш во сива боја.

Совршен модел за канцеларија или домашна канцеларија

Без разлика дали е во црна или светло сива боја, Se:motion net зрачи со чувство на динамична леснина. Наслонот за грб е опремен со удобна вплетена воздушна мембрана. Црна, сива, црвена и берија (teal) се достапни како бои за дизајн. Тапацирот на седиштето може да го одберете во иста боја од колекцијата на ткаенини на Sedus. Совршениот склоп за работната средина — класично и безвременско за во канцеларијата, или удобно и шик за во домот.

Столица создадена за поголема слобода во движењето.

Новите идеи се наоѓаат на агендите на местата каде се одвива креативна и комуникативна работа. Размената на идеи во рамките на тимот, брзото менување на работни места и спонтаните сесии на решавање проблеми и разменување идеи даваат огромен придонес во овој процес. Токму тука Se:motion net стапува во игра: Со својот едноставен и јасен дизајн и воздушната вплетена мембрана, ја носи и леснината потребна за спонтано и флексибилно работење.

Удобен комфор за секое работно место

Se:motion net се истакнува со својот уникатен, кинематички концепт на движење, како и добродокажаниот комфор при седењето, кој е постигнат без никаков дополнителен напор. Формата, заедно со вплетената мембрана по нарачка, како и дизајнот, со своите наслони за раце кои се подесуваат во висина, се особено соодветни за концепти на агилни работни места, без разлика дали станува збор за старт-ап компании, co-working работни простори или домашни канцеларии. Едноставната идеја за флексибилност е она што ја прави Se:motion net посебна – само седнете и започнете со работа.

Активно и ергономско седење во секое време

Едноставноста на користењето и ергономијата не се контрадикторни термини: Седиштето, наслонот за грб со прилагодлива лумбарна поддршка, и наслоните за раце кои се подесуваат во висина овозможуваат комфор и поттикнуваат здрава поставеност на ‘рбетот. Исправени или наслонети — аголот од 23 степени охрабрува и поттикнува повеќе да се движите додека седите.

За хармоничен целосен изглед

Хармоничната работна средина значително придонесува за благосостојба и продуктивност. Добро осмислениот мебел, пријатните комбинации на ткаенина и материјали, како и изборот на акценти на бои се клучни фактори за постигнување на оваа цел. Без разлика дали е паметен баланс, урбано живеење или мултикреација – se:motion net може лесно да се прилагоди на која било од овие шеми на бои.