Se: do

Сите луѓе се различни. Во различни форми и големини и со различни преференции. Современите начини на работа како паметното работење или нетериторијалните концепти за простор, каде што различни индивидуи делат едно работно место, имаат потреба од флексибилен канцелариски мебел. Se:do канцелариската столица ги задоволува сите потреби. Благодарение на ергономската разновидност, може многу брзо и лесно да се адаптира на новите корисници, и претставува идеален избор за работни места со повеќе корисници и океански простори. Високото ниво на комфор и различниот дизајн се она што ја прават Se:do истакнат тимски член за сечија почит.

Дизајн: Rüdiger Schaack (Sedus тим за дизајн)

Повеќе информации на следниот линк.

Опис

Конфигуратор на мебел
Прилагоден на индивидуалните барања и личните желби: Конфигураторот го олеснува планирањето на столици и друг мебел и испробувањето на различни опции.
Конфигурирајте го вашиот производ.

Индивидуален фокус за најдоброто седење

Специјалните карактеристики на Se:do вклучуваат ергономски функции што лесно се подесуваат, притоа обезбедува здрава и удобна поставеност на ‘рбетот на различните корисници додека седат. Дури и стандардната верзија на Se:do има ергономско формирано седиште и наслон за грбот кој се подесува во висина со широк агол на отвор. Ова овозможува максимална поддршка на грбот во сите позиции. „Similar“ механизмот на Sedus му овозможува на седиштето и наслонот за грб секогаш да се движат синхонизирано со телото. Бројни опции за прилагодување ги заокружуваат ергономските особини, овозможувајќи му на секој корисник да се чувствува опуштено и удобно – без оглед на неговата тежина.

Импресии

Внатрешни вредности кои вредат да се погледнат

Привлечни форми што пленат со удобност и сигурност. Se:do знае колку е импресивен нејзиниот уникатен профил, од која страна и да ја гледате. Големиот наслон за грб со линеарен дизајн, совршено се здружува со ергономското седиште. Хармоничните пропорции и елегантните креативни детали, како и системот кој ги следи зглобовите и ‘рбетот при седење, ѝ даваат еден одмерен изглед на Se:do, која може да биде дизајнирана по нарачка со различни видови тапацир и бои.

Детали