Se: Works

Повеќе не е невообичаено да имате софа во канцеларијата. Во денешно време многу компании се опремуваат со простори кои нудат удобно седење. Но, само тоа не е доволно ако сакате да ја поттикнете продуктивноста на вашите вработени. Затоа, Sedus создаде нешто сосема ново со Se:works.

Повеќе информации на следниот линк.

Опис

Конфигуратор на мебел
Прилагоден на индивидуалните барања и личните желби: Конфигураторот го олеснува планирањето на столици и друг мебел и пробувањето на различни опции.
Конфигурирај го твојот производ.

Релаксирачка ефикасност

Фотелјите, софите, итн… обично се користат за време на паузи, неформални собиранки со колегите или на места каде што се концентрирате без да бидете вознемирувани. Брзо и лесно за да ја создадете вистинската средина. Покрај параметарското вклопување, Se:works нуди голема селекција од претходно подготвени конфигурации: од традиционални комплетни дизајни како фотелји и софи, до необични софи како кружни, во форма на буквата „Ѕ“ или во форма на буквата „U“. Опремена со различни масички и работни површини. Se:workѕ е достапна со широка палета на материјали и бои.

Решенија

Компактни и удобни

Ергономски и мултифункционален мебел со цел да им предизвика на луѓето да се чувствуваат како дома во канцеларијата. Но, без сомнеж, тие се дизајнирани за работење. И самостојно и во тим.

Отворена за современи начини на работа

Благодарение на своите модули, маси и опции за приклучоци за струја, Se:works нуди бесконечни комбинации за секаков вид на употреба додека создавате флексибилна канцелариска средина. Како заштитено повлекување за доверливи разговори или за посветено и фокусирано работење, до динамични тимски состаноци и спонтани собиранки. Можете да одберете стандардна форма во круг, форма на буквата „Ѕ“, очи-во-очи или клупа, или ваш индивидуален изглед. Соодветна пријатна оаза или целосни пејсажи можат да бидат создадени во секоја канцеларија.

Детали