Прикажува 1–16 of 18 резултати

  • DUO360 Rotating screen

    Без разлика дали станува збор за форма на трапезоид или правоаголник, DUO 360 оди во комбинација од идентични парови, по форма и боја, поставени врз заедничка основа. Преградата се состои од челична рамка и апсорбирачка површина (± 35 мм) прекриена со волнена ткаенина, затворена со патент во боја.
    Поткренати за 100 мм на потенка основа, преградите можат да се вртат до 360°.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Glassdoor

    Hoyez Стаклена врата Стаклената врата допринесува за поголема светлина во комбинација со цврсто одделување или совршено одговара на целосно застаклено одделување.

    Опции:
    Единечни – Двојни
    На отворање – На лизгање

    Повеќе информации на следниот линк.

  • HT Partition

    H Transparence | Стаклени канцелариски преградни ѕидови
    Со минималистички дизајн, стаклените канцелариски прегради Transparence даваат чист и минималистички изглед во вашите секојдневни работни простории. Овие стаклени канцелариски прегради– од под до таван – се создадени со цел да се вклопат во сите средини и простори без никакви акустични предуслови.

    Соединувањето помеѓу застаклувањата е овозможено благодарение на адонизиран алуминиум или поликарбонатска спојувачка лента. Зголемете го природното осветлување во вашите работни простори за благосостојбата на вашите вработени со стаклените канцелариски ѕидови. Ќе ви бидат благодарни!

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Kino Screen

    Лесна, номадска и елегантна, Kinô акустичната преграда претставува комбинација од неколку вредности. Акустична, ефективно го намалува одбивањето на бучавата и звукот. Достапна во неколку форми и финиши, ги оформува
    и ограничува просторите. Создаден од рециклирани пластични шишиња, овој производ од полиестер може 100% да се рециклира… тоа е огромен бенефит за нашата околина! За дизајни по нарачка, димензиите на Kinô преградите можат да бидат приспособени до следните димензии: максимална ширина = 1100 мм / целокупна висина (преграда + ногарки) максимум = 1800 мм (без ризик од превртување) Сите побарувања за адаптација, димензии и/или форма, мора прво да бидат предмет на консултација и техничко одобрување.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Lineal | Acoustic door

    Акустична врата
    КАНЦЕЛАРИСКА ВРАТА СО СВЕТЛА РАМКА ОД АЛУМИНИУМ

    Врата со рамка од алуминиум, дизајнирана од Hoyez што ги руши рекордите за звучна изолација, притоа се карактеризира со цврстина и леснина.
    Lineal вратата има застаклен склоп со рамка од двете страни, заедно со профили дебели 76мм.
    Оваа широчина на профилите дава сигурност дека вратата е совршено цврста и во поголеми висини (до 2950мм), додека сѐ уште нуди гладок и елегантен дизајн.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Lung Screen

    Можноста за поразличен финиш со други ткаенини отколку со оние што ги нуди MyO, е возможна по одобрувањето на техничките и димензионалните карактеристики.
    Комплетите за фиксирање можат да бидат прилагодени според ограничувањата на вашата инсталација.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Meeting Box

    Акустична кабина за две до шест лица, наменета за состаноци во комплетна приватност. Ваша звучно-изолирана просторија за состаноци што може да ја поставите каде и да посакате. Meeting Box претставува одлучно и современо работно место и место за релаксација кое може да смести две до пет лица во комплетна приватност. Идеална за поттикнување на формални и неформални состаноци. MyO кабината за состаноци е полна со трикови.

    Финиши и димензии по нарачка, паметни распоредби со цел да го претворат просторот адаптиран на вашите потреби.

    МНОГУБРОЈНИ МОЖНОСТИ ЗА ДА ГИ УРЕДИТЕ ВАШИТЕ ПРОСТОРИ.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Mood Box

    Изолирајте се на лесен начин во кабина со звучна изолација за да уживате во мир и тишина, далеку од вревата во океанскиот работен простор.

    Висококвалитетна акустика произведена во Франција. Идеалното работно место е она место каде ефикасноста и спокојот одат рака-под-рака., каде вработените може меѓусебно да разговараат без притоа да им сметаат на оние околу нив.

    MOOD BOX – Акустична кабина за 1 до 8 луѓе, целосно прилагодлива.

    100% УНИКАТНА

    Избор на кофигурација: со или без лајсни,стаклени 2 или 3 страни, врата во средина. . .

    Избор на ентериер: мебел, електрични приклучоци, итн.

    Избор на детали: структура, пополнувања, ткаенини, бои. . .

    100% УДОБНОСТ

    Висококвалитетна акустична изолација

    Осветлување и вентилација со подесување на интензитетот

    Дрвена полица (од лева или десна страна)

    Вградени приклучоци 1

    00% ЕКОЛОШКА

    Еколошки дизајнирана.

    100% локално произведена. Целосно се рециклира.

    Повеќе информации на следниот линк .

  • Movable screen Aluscreen

    Акустично подвижните панели ги структурираат просториите и нудат акустичен комфор со голем избор на финиши.

    Дизајнирајте ги вашите простории едноставно, акустично и визуелно, со Aluscreen подвижните панели.

    Aluscreen акустичните канцелариски панели нудат и звучен и визуелен комфор. Подвижни и мобилни, тие ви овозможуваат да создадете приватни зони или да воспостави граници на вашите работни места.

    Сертифицирана акустика.
    Визуелно одделување.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Patch

    Колекција од преградни панели кои го апсорбираат звукот, што со сигурност гарантира приватност без да треба да се изолирате од средината што ве опкружува.

    Самостојната структура го овозможува спојувањето на индивидуалните елементи кои можат слободно да се вртат, отвораат и затвораат по потреба. Модулот, како додаток на обезбедениот акустичен комфор, е погоден за ритмични и декоративни работни места, океански простори, хотелско лоби, но и за во приватните домови.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Phone Box

    Акустична кабина за едно лице, наменета со цел да се одржуваат повици намира.

    ТЕЛЕФОНСКА КАБИНА. АКУСТИЧНА КАБИНА.
    Овие Phone Box кабини ви нудат простор да ги извршувате вашите повици со леснина.

    Акустична и практична, Phone Box вклучува опција за поставување на светилки, како и опција за приклучоци, со цел личноста да има можност удобно да се изолира за време на телефонски разговор или видео конференција. Phone Box се прилагодува на својата средина преку нудење на различни конфигурации. Отвори ја вратата или постави ја стаклената преграда, конфигурирај ја според твојот простор.

    МНОГУБРОЈНИ МОЖНОСТИ ЗА ДА ГИ УРЕДИТЕ ВАШИТЕ ПРОСТОРИ.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Se:cube

    Соба во соба модули
    Запознајте се со нова димензија во агилното работење. Затворени и флексибилни модели – соба во соба. Океанските простори, како и големите канцеларии се одлични кога станува збор за максимално користење на целиот достапен простор. Но, што доколку имате потреба од максимална концентрација при работењето? Ви го претставуваме Se:cube, брз одговор и решение за создавање на нови простори. Новата канцелариска коцка од Sedus постави нови стандарди од аспект на склопот, акустиката и атмосферата, и нуди простор за осум лица, за состаноци или за релаксација.
    Три величини, голем број можности.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Se:cube max

    Соба во соба – модули
    Софистираниот систем на соба-во-соба на Se:cube Max одлично го надополнува семејството производи на Se:cube и нуди изолиран простор за состаноци, работилници и видео конференции. Независната Se:cube Max исто така може да се користи и како единечна или двојна канцеларија во океанските простори. Системот соба-во-соба без дно не е поврзан со структурата на зградата, така што може да биде поставен врз површини со вградено подно греење.

    Достапни се различни видови и големини на Se:cube Max. Страната на која се наоѓа вратата е секогаш застаклена. Како додаток, уште една или две други страни можат да бидат застаклени.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Se:wall

    Преградни ѕидови и панели
    Комуникативните океански простори, тимското работење и поинтензивната употреба на просторот ја карактеризираат еволуцијата на денешниот просторен свет. Сепак, овие фактори честопати се во конфликт со основните потреби на многумина. Луѓето имаат потреба од тишина за да можат да се сконцентрираат со цел да работат продуктивно.

    Со Se:wall мулти-функционалниот и ефективно акустичен систем од преградни ѕидови и панели, комуникацијата и концентрацијата можат да бидат оптимално обновени. Со својот гладок и визуелно светол дизајн, хармонично се вклопува со изгледот и уредувањето на канцеларијата и ги користи своите практични функционалности за да ја олесни организацијата на работното место.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Tertial | Glass door

    Стаклена врата
    ВРАТА СО МИНИМАЛИСТИЧКА РАМКА ОД АЛУМИНИУМ

    Нашата најнова и последно дизајнирана стаклена врата претставува совршен избор и совршено одговара на вашата работна канцелариска средина. Оваа префинета врата со минималистичка рамка од алуминиум овозможува највисок современ дизајн.

    Опции:
    На отворање: Единечни – Двојни
    На лизгање

    Повеќе информации на следниот линк.

  • UNO screen

    Лесно се поместуваат – UNO преградите им даваат структура на просториите и значително го намалуваат одбивањето на звукот. Оваа голема преграда нуди совршена стабилност благодарение на нејзините две ногарки. Се состои од челична рамка и апсорбирачка површина (± 35 мм) прекриена со волнена ткаенина, затворена со патент во боја.

    Повеќе информации на следниот линк.