Showing 49–64 of 124 results

  • Millepiedi

    Millepiedi се карактеризира со модерен и минималистички дизајн и развива концепт на функционалност и флексибилност со својот широк распон на конфигурации и димензии.
    Современиот дизајн е развиен со широка палета на конфигурации и димензии врз кои се базира концептуалната идеја врз функционалноста и флексибилноста, во комбинација со врвни детали.

    Важноста на квалитетот е пренесена преку живописна симбиоза на дизајн и занаетчиско искуство, интензивирано (подобрено) со постојаното истражување поврзано со деталите и финишите.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Mobile pedestal

    Sedus Mobile фиокарите можат да бидат корисни на многубројни места во канцеларијата. Со нивните различни карактеристики и прилагодување, можат да се користат како флексибилен складишен простор или како практичен мебел, додека нивната висина значи дека тие се погодни и за просторно одделување, како комуникациски елементи или за стоечки работни места.

    Достапни се и со лизгачки врати и повисок заден панел кој вклучува функционална шина како стандард.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Mobile, desk & technical pedestals

    Pedestal палетата нуди многу повеќе од само обичен простор за складирање. Овој интелигентно дизајниран и високо флексибилен систем помага во секојдневното работење во канцеларијата, но исто така помага да се обезбеди опримизиран и ефикасен работен тек. Мобилните фиокари и фиокарите со висина на биро се достапни во неколку висини.

    Можат да бидат сместени под биро, позиционирани од страна или да се користат низ целата канцеларија. Нивните многубројни опции за дизајн значи дека тие совршено се вклопуваат во сите канцелариски ентериери; од класично елегантен стил до посовремен изглед.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Monitor Caddy

    MEDIA МЕБЕЛ
    Со својата совршено дизајнирана внатрешна опрема, Sedus Monitor Caddy е идеален за брзи и ефикасни презентации и конференции. Вградената мрежа овозможува директно поставување на екрани до 60“ врз подвижното постолје, притоа намалувајќи ја монтажната длабочина на мониторот.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Mr 24

    Било кој вид на седење си носи свои предизвици и последици доколку работите во канцеларија постојано.

    Кога Sedus Мr.24 столицата била дизајнирана, овие барања биле земени во предвид. Резултатот претставува дизајн кој се карактеризира со перфектна ергономија, широка палета на материјали и исклучителна цврстина. 24 часа на ден. Дури и за луѓето потешки од 200 килограми, оваа столица е удобна и идеална за користење на работното место.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Neattech

    Држачите за процесори на Humanscale нудат безбедно и сигурно складишно решение за вашата технологија. Без разлика дали се со тркалца или на лизгање, нашите држачи ви го олеснуваат пристапот до каблите, приклучоците и дисковите на вашиот главен процесор, додека истовремено нудат значителна заштеда на просторот со тоа што ќе го тргнете главниот процесор од бирото.

    • Thin Client

    • CPU200

    • CPU600

    Повеќе информации на следниот линк .

  • On spot

    РАБОТНА СТОЛИЦА ЗА СОСТАНОЦИ | СТОЛИЦА ЗА ВО КАНТИНА И БИСТРО
    Најдобрите идеи најчесто се раѓаат на места во кои луѓето се чувствуваат удобно. Со Sedus On spot, можете да ја создадете вистинската атмосфера за таа намена: со својот примамлив и удобен дизајн претставува совршена комбинација од удобниот карактер на бистрото и продуктивната ергономност. Концепт на обединување на два света. Тимските работни простори и местата за рекреација имаат сѐ поголема важност на работните места – токму за ваквите простори е создадена On spot.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • On spot cosy

    Предизвикот на современите работни средини е да се задоволат повеќе аспекти. Покрај функционални, тие исполнуваат многу повеќе аспекти. Истовремено, се ориентираат кон потребите на вработените. Класичните работни места со работни маси се надополнети со неформални средини, просторни тимски работни површини, флексибилни централни зони и lounge зони.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Open Mind

    Професионално решение за опуштено и релаксирано работење. Уникатната едноставност на еден дизајн е речиси невозможна. Како и Open Up столицата, Open Mind исто така нуди опсежна можност за управување. Ви овозможува флексибилна седечка или лежечка позиција, благодарение на „similar“ механизмот со својот голем лак што се движи синхронизирано со телото.

    Вградената поддршка во пределот на грбот со високо флексибилна мембрана овозможува идеален комфор – во согласност со правилата на биониката. Додатните карактеристики како длабочина на седиштето и подесувања на вртењето го обединуваат овој амбициозен дизајн со својата извонредна ергономија.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Open Up

    КАНЦЕЛАРИСКА СТОЛИЦА ЗА СОСТАНОЦИ
    Мотивацијата произлегува од можноста за наслонување и опуштање за време на напорниот работен ден. Доколку ја поседувате Open up во вашата канцеларија, без проблем ќе можете да се исклучите и да го ослободите вашиот ум, кога и да имате потреба да си ја разбистрите главата. Без разлика дали сте во седечка, стоечка, па дури и лежечка позиција: оваа елегантна канцелариска столица со вграден „similar“ систем и флексибилна поддршка на положбата на грбот, се прилагодува на секоја положба на телото. Слободата на движењето го ослободува умот. Совршена инспирација за ефикасно работење.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Oracle

    Oracle претставува опипливо модуларно решение за состаноци во океански простор. Дизајнот на високиот наслон создава чувство на микро-средина кој служи како поделба од надворешниот свет. Исто така, додадено е и мало прозорче како додаток што ви овозможува дискретно да проверите дали кабината е зафатена.

    Во палетата се вклучени и голем број на работни маси и бироа што можат да бидат заменети со елементи на софа со цел да можат да ја користат повеќе корисници одеднаш или пак да се создаде брз и ефикасен простор на привремените работници.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Path

    Path – наменета за сечие тело
    Path веднаш се адаптира на секој тип на тело. Повеќето столици се создадени со цел да одговараат на некоја замислена „просечна“ форма на телото, принудувајќи го корисникот да ја подесува столицата сѐ додека не ја постигне удобно седење на истата. Path е едноставна и прилагодлива,функционира без никаков напор и ви овозможува вам истото.
    Path – наменета за секаде
    Топлата, разновидна естетика на Path е одговорот на брзото еволуирање на работните простории. Благо-заоблената силуета се истакнува во секоја средина – нудејќи отворена, возвишена едноставност. Големиот избор на персонализирани опции ја прави Path совршено прилагодлива, налик камелеон, поради што се вклопува и ја надополнува средината, наместо да ја редефинира.
    Најодржливата работна столица во светски рамки
    И покрај најстрогото и сеопфатно тестирање во индустријата, Path се здобива со сертификат „climate positive“, што значи дека секој пат кога се произведува една столица, планетата значително се подобрува. Кога ќе се одлучите за Path, вие се одлучувате за поздрава планета за сите нас.
    Path ја користи физиката за да одговара и да се прилагоди на 95% од луѓето, без разлика на типот на нивното тело, во истиот момент кога ќе седнат на неа, без комплцирани прилагодувања. Создадена е да биде едноставна и прилагодлива, ви нуди беспрекорност со цел и вие да функционирате беспрекорно.

    Повеќе информации на следниот линк .

  • Pop – high table

    Frezzа lounge и клуб-масите се достапни во различни форми и материјали и се дизајнирани со цел да ги задоволат овие барања. Претставени во три различни висини, 40 – 75 – 105цм, тие се прилагодуваат на различните работни решенија и исто така можат лесно да се комбинираат со фотелји и софи во порелаксирачките средини.

    Масите во висина од 74 цм се дизајнирани за да пружат удобна ергономска поставеност на ‘рбетот за време на работата во lounge местата. Имате можност да изберете помеѓу кружни и четириаголни форми, површини во бела или црна боја, и основа од хром или алуминиум.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Pop – lounge table

    Frezzа lounge и клуб-масите се достапни во различни форми и материјали и се дизајнирани со цел да ги задоволат овие барања. Претставени во три различни висини, 40 – 75 – 105цм, тие се прилагодуваат на различните работни решенија и исто така можат лесно да се комбинираат со фотелји и софи во порелаксирачките средини.

    Масите во висина од 105цм можат лесно да се претворат во места за инспирација, отколку да служат само како едноставни работни места кога се поставени во канцелариите. Идеални се за состаноци и комуникација, бидејќи промовираат соработка, истовремено и работна ефикасност. Тие исто така може да се користат и за краткотрајни состаноци (на нога) и поттикнуваат спонтани промени на поставеноста на ‘рбетот што позитивно влијаат врз здравјето.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Prior

    Првиот впечаток на компанијата произлегува од приемниот хол и рецепцијата.
    Prior е дизајнирана да ги состави шалтерите за рецепција со голем престиж и функционалност.
    Лакираните површини во комбинација со дрвени површини и големото внимание врз деталите нудат една палета од најпрефинета елегантност.
    Рецепциската површина е од заоблен дрвен панел покриен со мека еко-кожа.
    Каблите за струја се сокриени внатре во стуктурата, невидливи, но сепак лесно раководливи. Опционалните LED светилки можат да бидат додадени на долниот дел од шалтерот.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Quarterback

    Грандиозно димензиониран, Sedus Quarterback претставува работна канцелариска столица која значајно ја подобрува продуктивната благосостојба. Особено високиот наслон за грб цврсто го стабилизира телото и поттикнува концентрирано и фокусирано работење во било која позиција. Но, не е само наслон за грб тоа што ќе ве убеди – динамичните линии, впечатливата силуета и широката палета на верзии со различни карактеристики и бои изразува разновидност од стилови. Столица полна со карактер на која со задоволство ќе ѝ се препуштите.

    Дизајн: Markus Dörner

    Повеќе информации на следниот линк.