Прикажува 1–16 of 166 резултати

  • Abisko

    „Abisko“ семејството е дизајнирано врз кружна силуета и мек волумен кој е остро пресечен од сите четири страни.
    Овој концепт не само што нуди уникатен израз, туку и зафаќа помалку простор и се приспособува на повторувачките елементи и декорации долж ѕидовите, и го олеснува планирањето на средини како канцеларии, хотели и јавни простори.

    Дрвената рамка е детал што овозможува бескрајни комбинации со ткаенини и дава финиш без да го компромитира интегритетот на самиот дизајн.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Acoustic Panel (with frame) QUIETO

    Quieto акустичниот панел се состои од видлива алуминиумска рамка (± 18 или 35 мм) и апсорбирачка површина (± 40 мм) прекриена со ткаенина. За дизајн по нарачка, максималните димензии на Quieto панелот се 1160 х 1600 мм. Можноста за поразличен финиш со други ткаенини отколку со оние што ги нуди MyO, е возможна по одобрувањето на техничките и димензионалните карактеристики. Оваа специјална 3Д принтана серија се карактеризира со извонреден дизајн и исклучителни реалистични ефекти. Избор од три различни, внимателно изработени принтови за уникатен, акустичен и декоративен стил. Финиши со алуминиумска рамка во: бела, црна боја, сјајно-металик и дрво.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Acoustic panel Lung

    Lung акустичниот панел RECTO е достапен со челична или дрвена рамка и апсорбирачка површина (± 40 мм) покриена со ткаенина од 5 страни. За дизајн по нарачка, максималните димензии на Lugh Recto панелот се 1195 х 2800 мм. Можноста за поразличен финиш со други ткаенини отколку со оние што ги нуди MyO, е возможна по одобрувањето на техничките и димензионалните карактеристики. Комплетите за фиксирање можат да бидат прилагодени според ограничувањата на вашата инсталација. Поставувањето на осветлување во Lung панелот мора да биде технички одобрено од страна на канцеларијата за дизајн на MyO. За било какво проучување, задолжително е да набавите технички опис на осветлувањето + нацрт од посакуваниот изглед на секоја од светилките.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Acoustic panel RECTANGLE

    Лесно се поставуваат – QUIETO Rectangle висечки панели без рамка – и придонесуваат за светол, лесен и воздушест дизајн на просторите, додека значително го намалуваат одбивањето на звукот во просторијата. Системот од пружини гарантира статичност (без ротирање) и лесно подесување на висината.
    Можноста за поразличен финиш со други ткаенини отколку со оние што ги нуди MyO, е возможна по одобрувањето на техничките и димензионалните карактеристики.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Acoustic panel ROUND

    Лесно се поставуваат – QUIETO Rectangle висечки панели без рамка – и придонесуваат за светол, лесен и воздушест дизајн на просторите, додека значително го намалуваат одбивањето на звукот во просторијата. Системот од пружини гарантира статичност (без ротирање) и лесно подесување на висината.
    Можноста за поразличен финиш со други ткаенини отколку со оние што ги нуди MyO, е возможна по одобрувањето на техничките и димензионалните карактеристики.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Active

    Атлетските текстури се истакнуваат во нашиот физички постор, емитувајќи цврста и храбра енергија и графичко движење. Во процесот на нашето дизајнирање, бевме понесени од енергичното живеење и балансираната благосостојба.

    Топлите шари и светлите тонови создаваат моменти на соработка, пренесувајќи го фитнесот на подот.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Afina – lounge table

    Afina го комплетира целиот проект со серија од елегантни и софистицирани клуб-маси, создадени од две метални полу-школки во боја, во комбинација со површина достапна во неколку финиши и материјали како меламин, дрво со заоблени рабови или обоено стакло во кружна форма и површини меки и нежни на допир.

    Клуб-масите Afina се достапни во три величини: 120х60х24 цм, 60х60х35 цм и 80х80х35 цм. Масата со димензии 80х80 има висина од 35 цм и може да функционира како аголен додаток помеѓу две софи.
    Опционално, може да биде надополнета со приклучок за струја, со цел да се зголеми целата таа „приклучи и впушти се во работа“/“plug and play“ филозофија.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Allright

    СТОЛИЦА ЗА СОСТАНОЦИ И КОНФЕРЕНЦИИ
    Allright столицата има потенцијал да премине во модерна класика – не само со својот дизајн, туку и со својата универзалност. Во комбинација со друг мебел и различни стилови, таа се вклопува насекаде – дури и доколку посакате да го промените мебелот или просториите во иднина. Тоа не само што е задоволувачко на изглед, туку претставува предност за оние што планираат, бидејќи на тој начин добиваат поголема флексибилност.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Alplus

    Во современите океански простори, работните средини испланирано земаат во предвид одредени фактори кои влијаат врз физичката и психичката добросостојба на вработените, како и на нивната ефикасност.

    Alplus работните маси можат да бидат во комбинација со меламин или фабричка прекривка од меламин и полиуретанска површина.

    Димензии: должина 140 – 160 – 180 цм х висина 38,6 цм и дебелина од 3 цм. Држачите се сокриени внатре во панелот, со цел да се презентира една визуелна и формална уредност.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Alplus – meeting tables

    Frezza Alplus масите за состаноци се клучен елемент за конференциите. Бесконечната модуларност и големиот избор на големини ви овозможува да ја одберете масата која најдобро се вклопува во вашата околина.

    Убавината на Frezza Alplus масите е вкоренета од внимателниот избор на иновативни материјали кои ги задржуваат карактеристиките на цврстина и мек допир со текот на времето. Површините се достапни во различни варијанти на црно изгравирано стакло, материјали од fenix или материјали од меламин.

    Frezza Alplus масата, со својата витка форма е развиена во систем на модуларни маси и маси за состаноци по нарачка. Модуларноста е дизајнирана со површини со различна длабочина и должина, почнувајќи од 120, 140, 160 и 180 цм.

    Frezza Alplus работните маси се комбинација на исклучителен вкус за форма со висококвалитетни производи, истражување и стил. Модуларните решенија вклучуваат метални ѕидови со цел да се сокријат кабли. На дното на металниот панел се наоѓа широк отвор од 15 цм од двете страни.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Arca

    Инспирирана од студиото Орландини, Arca дефинира еден нов концепт на фотелји и столици за салони и чекалници.

    Достапна во 3 модели, што можат да бидат искомбинирани со различни ногарки. Ова семејство се состои од салонски, мали и мини верзии на фотелји за да ги задоволат сите потреби на седишта за различни видови на простори. Од чекалници до простории за одмор, од отворени сали за состаноци до работни маси, тие сепак си ја задржуваат стилската постојаност меѓу различните средини. Можноста да се „игра“ со боите, благодарение на дво-тонскиот слој е карактеристика што ја делат сите модели од оваа колекција, и во комбинација со неколку видови на ногарки овозможува одлична можност за дизајн по нарачка.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Auxiliary

    Инспирирана од прелевањето на природата – танцувањето на брановите на брегот, прелевањето на промените на боите на сезоните – со новата колекција подни облоги на Auxiliary од Shaw Contract, можете да создадете прекрасни транзиции во вашиот секојдневен ентериер.

    Со три различни стилови: Complement, Detail и Feature, во беспрекорна заедничка комбинација, можете да воведете бои и суптилни и нежни шари за да постигнете уникатни и стилски подни дизајни.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Axiom

    Axiom е рецепција што се карактеризира со високопрепознатливи и јасни линии. Рецепцијата е модуларна, со заоблени (внатрешни и надворешни) и прави елементи.

    Производот се состои од предни панели во различни финиши како алуминиум, венге, избелен даб или јавор (заоблените елементи можат да бидат само од алуминиум), шалтерски површини, странични панели или бочни полици од венге, избелен даб или јавор, површини во песочен, чисто-бел или проѕирен стаклен финиш.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Baguette

    Рецепцијата е достапна во две големини, со длабочина од 60цм и 80цм, за да ги задоволи просторните потреби. Високата флексибилност и модуларност се две цврсти точки со кои се одликуваат рецепцијата Baguette, што произлегуваат од комбинацијата на Pop Easy, Square, Ace и Woody бироата, чии вертикални панели со висина од 110цм и странични елементи за поартикулирани состави се поправени.

    Стуктурниот краен панел целосно го затвора работното место и е достапен во две длабочини: 62цм и 82цм.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Ballo

    Ballo е динамична, повеќенаменска столица дизајнирана заедно со Дон Чадвик, и која има цел да го овозможи движењето и активно да ве ангажира додека работите од дома или од канцеларија. Компактната централна оска и лесните, воздушни куполи ви нудат ергономска поддршка и ви овозможуваат лесно спонтано преместување.

    • Ballo нуди забавна продуктивност при соработки и краткотрајни задачи кои се обавуваат со седење.

    • Создадена од нелизгачки TPV материјал, столицата истовремено е долготрајна и лесна за чистење.

    • Со само 6.1 килограми, Ballo лесно се складира и поместува.

    • Сертификатот „Net Positive“ значи дека секоја произведена Ballo столица помага активно да се намали штетата врз климата..

    Забавна продуктивност

    Ballo го комбинира функционалниот иновативен дизајн со забавната употреба на една топка за вежбање. Основата со противтежа помага Ballo да остане исправена за стабилно движење и лесно складирање. Резултатот претставува повеќенаменска столица што им овозможува на корисниците да се движат со леснотија.

    Лесна и флексибилна

    Бидејќи тежи само 6.1 килограми и има вградено рачки за кревање, Ballo е совршеното решение за секој простор каде краткотрајното седење и флексибилноста се приоритет. Ова е идеалната повеќенаменска столица за простори во кои се вршат соработки, состаноци, кафетерии, рецепции, како и за традиционални работни места и домашни канцеларии.

    Долготрајно решение

    Ballo е дизајнирана да трае долго. Класичниот дизајн и долготрајните материјали ја прават Ballo вредна инвестиција за секој простор. Направена од нелизгачки TPV материјал, симетричната горна купола на Ballo е лесна за чистење, а компактната форма го олеснува складирањето.

    Повеќе информации на следниот линк .

  • Black Dot Air

    РАБОТНА КАНЦЕЛАРИСКА СТОЛИЦА СО 3Д ВПЛЕТЕН ТАПАЦИР
    Благодарение на непогрешливиот изглед и импресивиот комфор, Black Dot столицата веќе долго време претставува Sedus класика. Новата Black Dot Air беспрекорно се вклопува во семејството и се покажа како нова, иновативна верзија на овој уникатен дизајн. Со својот оригинален 3Д вплетен тапацир – AIR KNIT – што ја нуди идеалната симбиоза на 3Д технологијата и модерниот изглед, Black Dot Air загарантирано ќе ве импресионира уште на прв поглед.

    Повеќе информации на следниот линк.