Ballo

Ballo е динамична, повеќенаменска столица дизајнирана заедно со Дон Чадвик, и која има цел да го овозможи движењето и активно да ве ангажира додека работите од дома или од канцеларија. Компактната централна оска и лесните, воздушни куполи ви нудат ергономска поддршка и ви овозможуваат лесно спонтано преместување.

• Ballo нуди забавна продуктивност при соработки и краткотрајни задачи кои се обавуваат со седење.

• Создадена од нелизгачки TPV материјал, столицата истовремено е долготрајна и лесна за чистење.

• Со само 6.1 килограми, Ballo лесно се складира и поместува.

• Сертификатот „Net Positive“ значи дека секоја произведена Ballo столица помага активно да се намали штетата врз климата..

Забавна продуктивност

Ballo го комбинира функционалниот иновативен дизајн со забавната употреба на една топка за вежбање. Основата со противтежа помага Ballo да остане исправена за стабилно движење и лесно складирање. Резултатот претставува повеќенаменска столица што им овозможува на корисниците да се движат со леснотија.

Лесна и флексибилна

Бидејќи тежи само 6.1 килограми и има вградено рачки за кревање, Ballo е совршеното решение за секој простор каде краткотрајното седење и флексибилноста се приоритет. Ова е идеалната повеќенаменска столица за простори во кои се вршат соработки, состаноци, кафетерии, рецепции, како и за традиционални работни места и домашни канцеларии.

Долготрајно решение

Ballo е дизајнирана да трае долго. Класичниот дизајн и долготрајните материјали ја прават Ballo вредна инвестиција за секој простор. Направена од нелизгачки TPV материјал, симетричната горна купола на Ballo е лесна за чистење, а компактната форма го олеснува складирањето.

Повеќе информации на следниот линк .