Showing all 11 results

  • Abisko

    „Abisko“ семејството е дизајнирано врз кружна силуета и мек волумен кој е остро пресечен од сите четири страни.
    Овој концепт не само што нуди уникатен израз, туку и зафаќа помалку простор и се приспособува на повторувачките елементи и декорации долж ѕидовите, и го олеснува планирањето на средини како канцеларии, хотели и јавни простори.

    Дрвената рамка е детал што овозможува бескрајни комбинации со ткаенини и дава финиш без да го компромитира интегритетот на самиот дизајн.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Arca

    Инспирирана од студиото Орландини, Arca дефинира еден нов концепт на фотелји и столици за салони и чекалници.

    Достапна во 3 модели, што можат да бидат искомбинирани со различни ногарки. Ова семејство се состои од салонски, мали и мини верзии на фотелји за да ги задоволат сите потреби на седишта за различни видови на простори. Од чекалници до простории за одмор, од отворени сали за состаноци до работни маси, тие сепак си ја задржуваат стилската постојаност меѓу различните средини. Можноста да се „игра“ со боите, благодарение на дво-тонскиот слој е карактеристика што ја делат сите модели од оваа колекција, и во комбинација со неколку видови на ногарки овозможува одлична можност за дизајн по нарачка.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Cloud

    Клуб-масата Cloud е создадена од две различни кружни површини и три ногарки, ласерски пресечена од челична плоча. Помалата површина е поврзана преку систем од магнети и може да биде наместена во различни позиции.

    Формата што потсетува и наликува на облак овозможува различни конфигурации со цел да понуди различни функции и да задоволи различни потреби: се истакнува со своите јасни и концизни линии и нејзината флексибилност за домашни и надворешни корисници. Достапна е во две висини.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Code

    Удобен и флексибилен систем за седење, погоден за секој простор благодарение на бесконечните синтактички можности.

    CODE идентификува естетско-формален код од едноставни геометриски знаци кои ја сочинуваат азбуката на неформални седишта: табуретки и поголеми седишта збогатени со наслони и вградени маси.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • DNA

    Инспирирани од динамичните форми на биогенетиката, италијанските архитекти и дизајнери Дебора Мансур и Леонардо Росано ја создадоа DNA клупата.

    Резултатот од овој систем е волшебно парче мебел, обликувано по форма на спирала, во која секој завршен дел создава индивидуално седиште за корисникот. Исто така, DNA е достапна во верзија со тапацирана кожа или ткаенина. Благодарение на нејзината прилагодливост и извонредно занаетчиство, DNА е совршениот додаток за гостопримливост како во приемниот хол, Lounge зоните или чекалници. DNA исто така е достапна во колекција со тапацир, од ткаенина или кожа.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Millepiedi

    Millepiedi се карактеризира со модерен и минималистички дизајн и развива концепт на функционалност и флексибилност со својот широк распон на конфигурации и димензии.
    Современиот дизајн е развиен со широка палета на конфигурации и димензии врз кои се базира концептуалната идеја врз функционалноста и флексибилноста, во комбинација со врвни детали.

    Важноста на квалитетот е пренесена преку живописна симбиоза на дизајн и занаетчиско искуство, интензивирано (подобрено) со постојаното истражување поврзано со деталите и финишите.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Oracle

    Oracle претставува опипливо модуларно решение за состаноци во океански простор. Дизајнот на високиот наслон создава чувство на микро-средина кој служи како поделба од надворешниот свет. Исто така, додадено е и мало прозорче како додаток што ви овозможува дискретно да проверите дали кабината е зафатена.

    Во палетата се вклучени и голем број на работни маси и бироа што можат да бидат заменети со елементи на софа со цел да можат да ја користат повеќе корисници одеднаш или пак да се создаде брз и ефикасен простор на привремените работници.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Patch

    Колекција од преградни панели кои го апсорбираат звукот, што со сигурност гарантира приватност без да треба да се изолирате од средината што ве опкружува.

    Самостојната структура го овозможува спојувањето на индивидуалните елементи кои можат слободно да се вртат, отвораат и затвораат по потреба. Модулот, како додаток на обезбедениот акустичен комфор, е погоден за ритмични и декоративни работни места, океански простори, хотелско лоби, но и за во приватните домови.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Slight

    Тенка како лист, колекцијата на SLIGHT софи е тотална спротивност од класичниот систем на обложување мебел.

    Како малечка превиткана страница, мекото тело на софата ги прифаќа различните форми на корисникот и е дизајнирана во неколку модели со цел да ги задоволи различните потреби и барања. Погодна е и за во чекалници, како и за внатрешно домашно уредување.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Stone

    Совршена сложувалка од колекција создадена од обложени табуретки во различни форми и големини.
    Овој систем им овозможува опсежна слобода во дизајнот на корисниците. Овие табуретки во различни големини можат да се поврзат за да создадат обединета целина.

    Ова оддава еден брановиден тек и исклучителен впечаток во чекалниците, па дури и индивидуално, за еден хармоничен и модерен сјај како детал на секој простор.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Wave

    Серијата Wave e создадена како резултат на гест, природно движење што дава живот на заоблени и минималистички форми без да ја запостави функционалноста на предметот.

    Се состои од ѕидни полици, независни модуларни полици за книги и практични клуб-маси. Wave претставува надополнување создадено од метални плочи, елементите на мебелот се совршено погодни за јавни и приватни работни средини, кои се карактеризираат со постојано променливите методи на работење.

    Повеќе информации на следниот линк.