Showing all 10 results

  • Afina – lounge table

    Afina го комплетира целиот проект со серија од елегантни и софистицирани клуб-маси, создадени од две метални полу-школки во боја, во комбинација со површина достапна во неколку финиши и материјали како меламин, дрво со заоблени рабови или обоено стакло во кружна форма и површини меки и нежни на допир.

    Клуб-масите Afina се достапни во три величини: 120х60х24 цм, 60х60х35 цм и 80х80х35 цм. Масата со димензии 80х80 има висина од 35 цм и може да функционира како аголен додаток помеѓу две софи.
    Опционално, може да биде надополнета со приклучок за струја, со цел да се зголеми целата таа „приклучи и впушти се во работа“/“plug and play“ филозофија.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Cloud

    Клуб-масата Cloud е создадена од две различни кружни површини и три ногарки, ласерски пресечена од челична плоча. Помалата површина е поврзана преку систем од магнети и може да биде наместена во различни позиции.

    Формата што потсетува и наликува на облак овозможува различни конфигурации со цел да понуди различни функции и да задоволи различни потреби: се истакнува со своите јасни и концизни линии и нејзината флексибилност за домашни и надворешни корисници. Достапна е во две висини.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Flamingo – lounge table

    Frezza Flamingo масата со висина од 48 цм е дизајнирана со цел да се спречи отежнат и попречен поглед додека седите на софа или во удобна фотелја; масата со висина од 72 цм е наменета за употреба во бар; додека масата со висина од 110 цм се користи како поддршка и потпора наменета за неформални состаноци.

    Столбот и основата со 4 коцкасти ногарки и цилиндрична поддршка од челик, може да биде обоена во стандрадните бои – бела или црна. Но, кога средината има потреба од освежување во боја, lounge масите со обоена структура се идеални и достапни по нарачка во светло-зелена, црвено-кремава, жолта и зелено-кремава варијанта.

    Површините се достапни во два финиши – ламинат и меламин, бела или црна боја. Достапни се во следните димензии: квадрат – 70цм и 90цм; круг со дијаметар од 52цм, 70цм и 90цм.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Meet tables

    Sedus Meet масите се дизајнирани да овозможат пријатна и удобна средина на различните места во кои се среќаваат луѓето. Оддаваат карактеристики на места за одмор и релаксација со својата графичка и апстрактна едноставност и концизност. Со различните опции за индивидуален дизајн, можете да створите пријатни слики за бистроа, одморалишта за вработени или кантини.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Metal Table – lounge table

    Frezza Metal Table масичките се достапни во две висини: 45цм и 65цм. Создадени се од метал дебел 8 милиметри, во бела или црна боја со површина во форма на трапезоид.

    Тенкиот цилиндричен столб од челик ја спојува основата со површината, овозможувајќи ѝ да се врти до 180°. Благодарение на својата структура, постои можност да се приближи масичката поблиску до седиштето, нудеќи удобност на една мала потпорна површина.

    Доколку Metal Table масичката е поставена во близина на софа, фотелја или кауч, таа е погодна за да задоволи различни и многубројни функционални потреби.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Pop – high table

    Frezzа lounge и клуб-масите се достапни во различни форми и материјали и се дизајнирани со цел да ги задоволат овие барања. Претставени во три различни висини, 40 – 75 – 105цм, тие се прилагодуваат на различните работни решенија и исто така можат лесно да се комбинираат со фотелји и софи во порелаксирачките средини.

    Масите во висина од 74 цм се дизајнирани за да пружат удобна ергономска поставеност на ‘рбетот за време на работата во lounge местата. Имате можност да изберете помеѓу кружни и четириаголни форми, површини во бела или црна боја, и основа од хром или алуминиум.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Pop – lounge table

    Frezzа lounge и клуб-масите се достапни во различни форми и материјали и се дизајнирани со цел да ги задоволат овие барања. Претставени во три различни висини, 40 – 75 – 105цм, тие се прилагодуваат на различните работни решенија и исто така можат лесно да се комбинираат со фотелји и софи во порелаксирачките средини.

    Масите во висина од 105цм можат лесно да се претворат во места за инспирација, отколку да служат само како едноставни работни места кога се поставени во канцелариите. Идеални се за состаноци и комуникација, бидејќи промовираат соработка, истовремено и работна ефикасност. Тие исто така може да се користат и за краткотрајни состаноци (на нога) и поттикнуваат спонтани промени на поставеноста на ‘рбетот што позитивно влијаат врз здравјето.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Radar – lounge tables

    Radar клуб-масите претставуваат совршено надополнување на Radar колекцијата. Дизајнирани се со цел повеќенаменските простории да ги претворат во целосно ефикасни и функционални простори. Овие маси нудат агилен, подвижен и современ изглед и пленат со својот карактер.

    Масите се достапни во две различни висини и форми за максимална флексибилност. Laptop масата е достапна во висина од 55 цм, додека Breakout масата е достапна во висина од 65 цм и е дизајнирана за да може да се постави во близина на фотелја како додаток, како постолје за чаши и додатоци.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Se: tea

    Универзална масичка

    Модерен и елегантен изглед, безвременски дизајн – ви ја претставуваме црната, универзална странична масичка se:tea. Благодарение на тенкиот изглед и дизајнот во три различни висини, оваа масичка совршено се вклопува на секое работно место, место за одмор и релаксација, без разлика дали се користи самостојно или како сет. Цврста и стабилна, на se:tea има место да се стави лаптоп, мобилен телефон и слично.

    Флексибилна

    Se:tea претставува совршен додаток во просториите за одмор, централните простории или кафетериите на работното место – како декоративна масичка, таа во исто време е и впечатлива, но претставува и скромно место за оставање шолја, лаптоп или мобилен телефон.

    Елегантна и тенка

    Со редуцираниот дизајн и дебелина на оставната плочата од само 2мм, масичката е екстремно лесна. Благодарение на безвременскиот црн дизајн, se:tea поседува софистициран изглед и може прекрасно да се комбинира со друг мебел.

    Лесна

    Благодарение на минималната употреба на материјали, малата тежина и лепенките против пролизгување, масичката se:tea може брзо и лесно да се преместува.

    Повеќе информации на следниот линк .

  • Se:works table

    Во денешно време можете да работите на било кое место. Но, кратките разговори со колегите, разменување идеи и пронаоѓање инспирација, искусување на чувството на заедништво и развивањето на општа култура – тоа е возможно само со директен пријателски контакт во опуштена средина. Местата опремени со софи претставуваат идеални места за средби.

    Висината на индивидуалните Se:work маси е дизајнирана за да поттикне правилна ергономска поставеност на ‘рбетот додека работите седејќи на софа. Достапни се во форма на четириаголник или во кружна форма, со два различни дијаметри, работна површина од меламин или дрво, како и со црна или бела основа.

    Повеќе информации на следниот линк.