Se: tea

Универзална масичка

Модерен и елегантен изглед, безвременски дизајн – ви ја претставуваме црната, универзална странична масичка se:tea. Благодарение на тенкиот изглед и дизајнот во три различни висини, оваа масичка совршено се вклопува на секое работно место, место за одмор и релаксација, без разлика дали се користи самостојно или како сет. Цврста и стабилна, на se:tea има место да се стави лаптоп, мобилен телефон и слично.

Флексибилна

Se:tea претставува совршен додаток во просториите за одмор, централните простории или кафетериите на работното место – како декоративна масичка, таа во исто време е и впечатлива, но претставува и скромно место за оставање шолја, лаптоп или мобилен телефон.

Елегантна и тенка

Со редуцираниот дизајн и дебелина на оставната плочата од само 2мм, масичката е екстремно лесна. Благодарение на безвременскиот црн дизајн, se:tea поседува софистициран изглед и може прекрасно да се комбинира со друг мебел.

Лесна

Благодарение на минималната употреба на материјали, малата тежина и лепенките против пролизгување, масичката se:tea може брзо и лесно да се преместува.

Повеќе информации на следниот линк .