Showing all 9 results

  • Se:lab e-desk

    Како работна маса со опции за подесување во висина, Se:lab е-бирото нуди прагматични решенија и се фокусира врз наизменичност помеѓу седечка и стоечка позиција. Благодарение на дизајнот и кружните моторични ногарки, бирото може хармонично да се комбинира со останатите Se:lab производи.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Se:lab fold

    БИРО НА СКЛОПУВАЊЕ ШТО ЗАШТЕДУВА ПРОСТОР, ПОГОДНО ЗА РАЗЛИЧНИ РАБОТНИ СРЕДИНИ

    Безвременско дизајнираната маса на склопување е сестрана и е наменета за различни работни средини. Овозможува набрзина да креирате нов простор или да го реорганизирате веќе постоечкиот. Благодарение на својот механизам кој се расклопува и опционалната (лесна) табла, бирото е особено лесно за склопување и заштедува простор. Како опција, Se:lab Fold е достапна и во дизајн со тркалца, што се речиси незабележливи и се елегантно вметнати на дното на ногарките. За да го поместите бирото, едноставно подигнете една страна и турнете. Исто така, ногарките на расклопување овозможуваат заштеда на просторот за дури дванаесет бироа.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Se:lab tableboard

    РАБОТНА МАСА СО ПОВЕЌЕНАМЕНСКА ФУНКЦИОНАЛНОСТ

    Se:lab Tableboard е биро што е совршено адаптирано за потребите на модерните канцелариски концепти и овозможува динамично работење. Станува збор за моторизирана, мобилна маса со опции за подесување во висина. Лесно се расклопува и складира со цел да заштеди простор благодарение на работната површина што се преклопува. Идеален избор за активни работни места. Вертикално подвижната работна површина може да служи и како табла за пишување, како додаток на стандардната боја на меламинот. Ова го претвора бирото во практична (бела) табла за пишување за миг.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Se:lab work desk

    ЕДНОСТАВНО БИРО ЗА СЕКОЈА ПРИГОДА
    Без разлика дали станува збор за поединечно или конференциско биро, Se:lab Work бирото ветува лесно и флексибилно работење. Четириножното биро со својот модерен дизајн може да се користи во различни работни околности и средини, речиси секаде. Опционалните тркалца овозможуваат слободно преместување низ целата просторија.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Se:note

    МИНИМАЛИСТИЧКА РАБОТНА МАСА СО MONOBLOCK ДИЗАЈН

    Како е можно брзо и лесно да се набави мебел за прес конференции, работилници или саеми? Каков вид на мебел е доволно флексибилен за краткотрајни состаноци? Se:note претставува совршен и вистински избор секогаш кога имате ограничено време и имате потреба од спонтаност. Микро работниот простор, што е максимално редуциран, не бара никакви дополнителни подготовки. Оваа работна маса е секогаш подготвена за користење: само поставете ја и започнете со работа.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Secretair

    Личната секретарка е повторно тука – преработена за да се адаптира на модернизмот и истовремено плени со својата елеганција. Sedus Secretair претставува сестрана, мобилна работна површина за привремено работење и се истакнува благодарение на нејзиниот лесен и едноставен изглед. Свежиот дизајн и висококвалитетните материјали овозможуваат приватност и чувство на домашен амбиент. Sedus Secretair претставува пријатно и примамливо место за луѓето што имаат потреба од простор каде внимателно ќе се фокусираат на работата, а истовремено ќе се чувствуваат како дома.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Temptation C

    Ергономијата започнува онаму каде функционалноста завршува. Системот на Sedus Temptation C, ги комбинира дизајнот и ергономијата. Една од предностите на оваа работна маса е погодната технологија за подесување на висина, која гарантира максимална флексибилност. Совршениот начин за работа – Temptation C нуди вреден дневен допринос кон намалувањето на стресот и ергономските процеси на работење.

    Дизајн: Дизајн тимот на Sedus

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Temptation four

    КАНЦЕЛАРИСКА РАБОТНА МАСА
    Sedus Temptation Four системот на бироа и маси дава вистинска вредност преку елегантната едноставност, флексибилност и функционалност. Без разлика дали станува збор за лесно достапно решение за новиот вработен или како комплетен систем со опција за издолжување на бирото за професионалецот – Temptation Four го прави уредувањето и опремувањето едноставно. Едноставно прекрасно.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Temptation speed

    Со брзина од 150мм/сек во подесување на висината, Temptation speed е најбрзото моторизирано биро на светот.
    Без разлика дали е поставено како работен простор индивидуално или за цел тим и без разлика дали станува збор за седење или стоење, ваквите работни маси беа поставени како стандард и нудат додадена вредност од сите аспекти. Овозможуваат слобода на избор за корисникот и нудат одлична ергономија во работата зад биро.

    Повеќе информации на следниот линк.