Се прикажуваат сите 8 резултати

  • Charisma 4.0

    Charisma 4.0 е новата луксузна колекција од Styloffice, историско име што нам ни носи огромен успех, континуирано продолжува со нова линија од едноставни и цврсти форми, топла и пријатна атмосфера и современо живеење.

    Дизајн и боја уште при првиот допир.

    Се карактеризира со есенцијалната палета од бироа и додатни делови, комплетирана со фиоки во ист дизајн, и сензационален финиш од орев, бело дрво, светло-сива, цемент-сива боја, избелен даб.

    За специјални проекти, достапни се многубројни видови на дрво за финиш, со цел да ги задоволат сите потреби и барања, од оние на архитектите до внатрешните дизајнери.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Identity

    Претседателската колекција се истакнува со својот сјаен, гладок и остар дизајн, и со непогрешливи стилски карактеристики: профилот под агол од 45°, класичните страни со место за складирање, одличен финиш од дрво и лак, контраст помеѓу дебелината на работните маси и тенката рамка на мебелот.

    Овие бироа се создадени од топли тонови на орев и венге дрво; додека складишните простори, полиците и панелите за поголема приватност исто така се создадени со финиш од лак и даб, како и лакирани стакла за вратите. Благородни материјали и префинети финиши во колекција што го комбинира имиџот на компанијата со дизајнот создаден во Италија.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Invitation

    Престижна, висококвалитетна, посебна: одличен избор за да оставите прв добар впечаток, Sedus Invitation. На пример, во менаџерските канцеларии, или во салите за состаноци во кои пречекувате гости и бизнис партнери. Дизајнот и материјалите се од особено висок квалитет во кој воопшто не треба да се сомневате: тука, темите за разговор за време на конференциите не се единственото нешто на агендата, туку има и чувство на стилска самодоверба.

    Дизајн: Mathias Seiler (Sedus тим за дизајн)

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Kay4

    Колекција на канцелариски бироа што се карактеризира со едноставни, но важни одлики.

    Различниот елемент е структурата, современа и минималистичка, со коцкасти ногарки и вдлабната површина споена со надворешната рамка. Стилски детал што дава уште поголема елеганција и отменост на самото биро. Естетска чистота и формална редукција.

    Линеарниот облик на оваа палета е забележлив преку нејзините материјали: контрастот помеѓу едноставната структура и карактерот и одликите на површината од дрво или стакло.

    Финиш на работните површини со пријатни и топли дрва или модерни стакла.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Skuba desk

    Skuba работната маса, со своите елегантни “kickstand“ ногарки, се чини како да произлегла од некоја митолошка или фантастична приказна благодарение на нејзината трансформирачка моќ. Разновидната, еволутивна природа дозволува структурни промени, кои се адаптираат на различни ситуации и локации.

    Тоа е идеја, која што, доколку е потребно, се претвора во работна канцелариска маса, маса за состаноци или пак, зошто да не, во една трпезариска маса за колегите.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Spike

    Spike работната маса може да биде вградена со страничен додаток опремен со работна површина која се подесува во висина. Со тоа, овозможува да ја промените висината на вашето работно место едноставно и за само неколку мига преку користење на далечински управувач.

    Функционалните и дискретните детали го комбинираат елегантниот изглед на додатните делови со извонредното занаетчиство, обезбедувајќи апсолутна стабилност и максимален простор за нозете. Парче мебел дизајнирано да им го олесни работењето на луѓето.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Temptation C

    Ергономијата започнува онаму каде функционалноста завршува. Системот на Sedus Temptation C, ги комбинира дизајнот и ергономијата. Една од предностите на оваа работна маса е погодната технологија за подесување на висина, која гарантира максимална флексибилност. Совршениот начин за работа – Temptation C нуди вреден дневен допринос кон намалувањето на стресот и ергономските процеси на работење.

    Дизајн: Дизајн тимот на Sedus

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Tris desk

    TRIS ви овозможува да создадете простори со одличен дизајн: естетска линеарност, минималистичка, но сепак еднакво функционална.
    Визијата на Меко се базира врз истакнување на тоа дека канцелариите претставуваат комуникациски алатки за надворешните клиенти и нивните соработници.
    Убавината емитува енергија!

    Повеќе информации на следниот линк.