Showing all 8 results

  • Alplus – meeting tables

    Frezza Alplus масите за состаноци се клучен елемент за конференциите. Бесконечната модуларност и големиот избор на големини ви овозможува да ја одберете масата која најдобро се вклопува во вашата околина.

    Убавината на Frezza Alplus масите е вкоренета од внимателниот избор на иновативни материјали кои ги задржуваат карактеристиките на цврстина и мек допир со текот на времето. Површините се достапни во различни варијанти на црно изгравирано стакло, материјали од fenix или материјали од меламин.

    Frezza Alplus масата, со својата витка форма е развиена во систем на модуларни маси и маси за состаноци по нарачка. Модуларноста е дизајнирана со површини со различна длабочина и должина, почнувајќи од 120, 140, 160 и 180 цм.

    Frezza Alplus работните маси се комбинација на исклучителен вкус за форма со висококвалитетни производи, истражување и стил. Модуларните решенија вклучуваат метални ѕидови со цел да се сокријат кабли. На дното на металниот панел се наоѓа широк отвор од 15 цм од двете страни.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Brainstorm

    КАНЦЕЛАРИСКА РАБОТНА МАСА ЗА СОСТАНОЦИ, СЕМИНАРИ И КОНФЕРЕНЦИИ
    Во современата глобализирана економија, знаењето е нашиот продуктивен капитал. Знаење кое треба да се надоградува, споделува и разменува, за да можеме да се развиваме. Sedus Brainstorm е создадена за да креира идеални услови за овие процеси. Разновидната, флексибилна палета на мебел и додатоци поттикнува пренесување на знаењето, тимска работа и работа со проекти во рамките на компанијата на свој сопствен и уникатен начин. Со користење на интелигентна функционалност, охрабрува комуникација.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Dr – meeting tables

    Frezza Dr работните маси за состаноци нема да ги разочараат вашите очекувања, бидејќи со својот софистициран дизајн и избор од висококвалитетни материјали придонесуваат кон природното чувство на позитивност. Достапни се во две должини: 240 и 280 цм.

    Frezza Dr работните маси можат да бидат дополнети со најпрефинетите површински пристапи, што ги прави идеални за работење со лаптоп и други паметни уреди.

    Frezza Dr кружните маси се истакнуваат со своето елегантно и прекрасно занаетчиство. Престижна маса дизајнирана со стаклена површина во широки димензии како 140 и 160 цм, во комбинација со целосно дрвена структура создадена преку технологии за специјална обработка, или пак со лакиран финиш. Погодна за користење до дури 6 лица.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Invitation

    Престижна, висококвалитетна, посебна: одличен избор за да оставите прв добар впечаток, Sedus Invitation. На пример, во менаџерските канцеларии, или во салите за состаноци во кои пречекувате гости и бизнис партнери. Дизајнот и материјалите се од особено висок квалитет во кој воопшто не треба да се сомневате: тука, темите за разговор за време на конференциите не се единственото нешто на агендата, туку има и чувство на стилска самодоверба.

    Дизајн: Mathias Seiler (Sedus тим за дизајн)

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Mastermind

    КАНЦЕЛАРИСКА РАБОТНА МАСА ЗА СОСТАНОЦИ, СЕМИНАРИ И КОНФЕРЕНЦИИ
    Со Mastermind, Sedus создаде интелигентен систем на маси што се сѐ, освен стандардни или вообичаени. Се адаптираат на секаква големина и форма на просторија и нудат речиси бескрајни можности за дизајн по нарачка. Додаток на ова се и поставените стандарди со висок квалитет: при произведување се користат само селектирани материјали, поради кои многу од чекорите при изработката се изведуваат рачно. Без разлика дали станува збор за состаноци и конференции или за неформални работни средини – Mastermind претставува совршен избор за вас.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Mastermind high desk

    КАНЦЕЛАРИСКА РАБОТНА МАСА ЗА СОСТАНОЦИ И КОНФЕРЕНЦИИ
    Простории што инспирираат наместо само обични простории за работа. Со Mastermind (high desk) масите, Sedus нуди палета што ги комбинира сите предности на концептите на современите високи маси. Без разлика дали станува збор за привремено работење, или како место за комуникација, поттикнува соработка и ефикасност. Причината за тоа е дека состаноците што се одржуваат додека стоиме, се поживописни и обично траат пократко. Истовремено, работењето зад висока маса, предизвикува спонтани промени на поставеноста на р’бетот, што можат позитивно да влијаат врз здравјето.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Meet tables

    Sedus Meet масите се дизајнирани да овозможат пријатна и удобна средина на различните места во кои се среќаваат луѓето. Оддаваат карактеристики на места за одмор и релаксација со својата графичка и апстрактна едноставност и концизност. Со различните опции за индивидуален дизајн, можете да створите пријатни слики за бистроа, одморалишта за вработени или кантини.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Spike

    Spike работната маса може да биде вградена со страничен додаток опремен со работна површина која се подесува во висина. Со тоа, овозможува да ја промените висината на вашето работно место едноставно и за само неколку мига преку користење на далечински управувач.

    Функционалните и дискретните детали го комбинираат елегантниот изглед на додатните делови со извонредното занаетчиство, обезбедувајќи апсолутна стабилност и максимален простор за нозете. Парче мебел дизајнирано да им го олесни работењето на луѓето.

    Повеќе информации на следниот линк.