Се прикажуваат сите 7 резултати

  • Grand slam

    КОНЦЕПТ ЗА СКЛАДИШЕН ПРОСТОР И ПРОСТОРНО ОДДЕЛУВАЊЕ
    Оние што гледаат на складишните единици, полиците и фиокарите само како дел од систем за мебел треба малку подлабоко да навлезат во суштината. Sedus Grand Slam ги претвора овие производи во дизајн кој се карактеризира со бесконечни креативни можности. Сестраните складишни компоненти можат да ги одделат и структурираат просторите, негуваат комуникација помеѓу вработените и создаваат пријатна атмосфера за работење, притоа мотивираат и ја подобруваат продуктивноста. Флексибилната палета се прилагодува на сите потреби и на сечиј стил и вкус. Од океански простори, до индивидуални канцеларии; од големи компании до канцеларии во домот.

    СИСТЕМСКА ПРЕГЛЕДНОСТ
    Sedus Grand Slam нуди многу повеќе од само обичен складишен простор. Како универзална и мултифункционална палета од шкафчиња, таа исто така нуди речиси бесконечни можности за дизајн и комбинација. Како основа или како најгорен шкаф со крилни или лизгачки врати, како сет полици, просторно одделување или гардеробер и многу други варијанти, Grand Slam може да го структурира и да создаде оптимално користење на речиси секој заштедлив простор. Функционалноста и поттикнувањето на комуникација се исто толку клучни точки на фокус како и пријатниот и атрактивен изглед. Не само на изглед, туку и благодарение на акустично ефективните предни и задни страни, Grand Slam исто така ја подобрува целокупната акустика во канцеларијата.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Relations

    Елеганција, висок квалитет, разновидност – Тоа е она за што Sedus Relations палетата на складишни единици се залага. Како единица со цврста основа или како додатна единица, и како комода што изгледа престижно, изгледот на линијата на производи на Relations може да се забележи и преку квалитетот на нејзиниот финиш. Ова може да се искуси уште од првиот пат кога ќе биде отворена, благодарение на беспрекорните лизгачки врати.

    Одвнатре нуди голем простор кој може да се користи како систем за пополнување и како фиоки. Многубројни можности за дизајн со извонредни површини и атрактивни бои ги комплетираат можностите од оваа палета на простори за складирање. Дизајн создаден за лидери.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Se: matrix

    Модуларен повеќенаменски систем на полици за повеќе намени

    Во минатото бироата беа поставени едно до друго покрај некој столб, но денес, канцелариите се карактеризираат со нетериторијални работни места и океански простори. Во овој контекст, во фокусот се ставаат ефикасното искористување на просторот и места дизајнирани да исполнат специфични потреби. Се прашувате како да пронајдете место во канцеларијата каде ќе можете да работите и разменувате информации со вашите колеги, истовремено да најдете одделен простор за себе и вашите канцелариски материјали? Мебелот кој овозможува индивидуален дизајн и мултифункционална средина е од голема вредност и важност. Se:matrix е идеална комбинација на овие три карактеристики – функционира како простор за складирање, како елемент за одвојување и како декоративен елемент. Отворената полица може да се адаптира според потребите на работната средина, додека истовремено додава одредена неформалност во канцеларијата. Како резултат на тоа, добросостојбата станува стандард.

    Просторен дизајн без ограничувања

    Без разлика дали одвојувате индивидуални работни места, креирате тимски простори или поставувате место за библиотека – se:matrix е виртуелно без ограничувања во примената и нуди индивидуални решенија. Како функционален елемент, системот на полици дава структура на просторијата и овозможува одделување на работниот простор- сето тоа без да делува нападно.

    1. Преградување на работни места за повеќе корисници Со шината за облека и фиоките на заклучување за чанти и други предмети, se:matrix гарантира дека потребната инфраструктура ви е при рака.

    2. Преградување на единечни работни места Se:matrix прави рамнотежа меѓу работа која бара фокусирање (со затскривање) и тимската работа. Исто така нуди и складишен простор во близина на бирото за заеднички или лични документи.

    3. Библиотека Креирање и структурирање нов простор: Со аголната конфигурација и отворените и затворените оддели, se:matrix истовремено нуди и затскривање и прегледност.

    4. Место за релаксација со опција за прикачување на монитор Se:matrix е суптилно решение за преградување и дизајнирање на тимско работно место. Поседува широка палета на употреба, благодарение на ѕидот што оддава чувство на домашна атмосфера, како и со вградениот модул за монитор. Модуларен, со голем број опции

    Индивидуалниот дизајн може да биде многу лесен. Se:matrix системот на полици е наменет за големи модули и може да се конфигурира на различни начини, во зависност од достапната површина и големината на просторот, потребниот складишен простор и личниот вкус. Може да се конфигурира во различни форми и облици: Линеарни или под прав агол, со различна висина и флексибилност по целата должина. Системот се базира на три стандардни модули, што можат да бидат комбинирани за да создадат различни поставки преку поврзување на елементите.

    1. Функционален слој

    Опции: отворени, со заден панел, со вратичка и заден панел, дел за електрични приклучоци со голем број опции за електрификација

    2. Полици

    Постои можност за продолжени полици како и вадење на полици

    3. Заден панел

    4. Страничен панел

    5. Врата

    6. Табла за пишување со држачи

    7. Гардеробер

    8. Организатор

    9. Кошница со панел од рециклирана пластика

    10. Покривка (за функционалниот слој)

    11. Заден панел од рециклирана пластика

    12. Оддел за кабли

    13. Подесување во висина

    14. Жардињера

    Електрификација и Технологија

    Стандардниот вграден функционален слој во секој модул овозможува оптимално напојување со електрична енергија. Може да следи со опционен оддел за кабли, кој нуди независност од подните адаптери и електрични приклучоци. На овој начин, електрификацијата може лесно да се пренесе низ просторијата и да ги снабди работните места во близина. Ова значи дека лаптопите и останатите уреди може лесно да се приклучат и наполнат по потреба, без никаков проблем.

    Повеќе информации на следниот линк .

  • Temptation storage

    Sedus Temptation Storage претставува многу повеќе од обична палета на производи за поголем складишен простор. Исто така ги обликува просториите додека истовремено ги одделува работните места и им дава структура на големите канцелариски простори. Како додаток на личниот складишен простор во близина на бирото, исто така овозможува место за седење за време на дискусии на работното место, поттикнувајќи комуникација.

    Без разлика дали е опремена со тапацирана површина или со мултифункционални шини за кутии за организирање, исто така може да се комбинира и со целосната палета на Sedus Grand Slam складишните единици.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Terri tory

    МОДУЛАРЕН ПРОСТОР ЗА СКЛАДИРАЊЕ
    Дали се соочувате со наплив на идеи? Sedus Terri Tory нуди речиси бесконечни можности за да ги претворите вашите идеи во реалност. Како мултифункционален мебел, Terri Tory нуди простор за складирање, создава зони и овозможува приватност на работните места. Ова овозможува простории создадени по нарачка, кои, благодарение на високиот степен на функционалност и атрактивниот дизајн, ги задоволуваат сите барања од аспект на современ распоред на просторијата и продуктивна благосостојба.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Venice Cabinet

    Изградена од панели од иверица со меламин.
    Структурата има длабочина од 45 цм; и висина од 82цм, 160цм, и 206цм (ако ја изоставите најгорната површина). Дизајнирана е за врати и фиоки со шарки, со должина од 45цм, 90 цм. Секоја висина е дизајнирана на тој начин што секој простор е погоден за фасцикли, папки и регистратори во висина од 35 цм.

    Вратите се достапни во 3 верзии:
    – Цврсти врати со брави, направени од иверица со меламин дебел 18 мм и ABS лајсни.
    – Врати со провидно обоено заштитно стакло, дебело 5 мм, завршено со брусен заоблен крај долж целиот периметар, со брави.
    – Врати со анодизирачка алуминиумска рамка и заштитно стакло дебело 4 мм, во боја или со изгравиран финиш.

    Шкафчињата можат да бидат надополнети со обвиткани горни финишни панели и страни во иста боја како и вратите и предните делови на фиоките.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Wave

    Серијата Wave e создадена како резултат на гест, природно движење што дава живот на заоблени и минималистички форми без да ја запостави функционалноста на предметот.

    Се состои од ѕидни полици, независни модуларни полици за книги и практични клуб-маси. Wave претставува надополнување создадено од метални плочи, елементите на мебелот се совршено погодни за јавни и приватни работни средини, кои се карактеризираат со постојано променливите методи на работење.

    Повеќе информации на следниот линк.