Showing all 7 results

  • Float

    Float е револуционерно канцелариско биро за стоење кое овозможува лесно работење на традиционалните sit-stand производи.Основната карактеристика на Float е лесното користење бидејќи неприметно се прилагодува помеѓу седечка и стоечка позиција без да се наруши текот на работењето на корисникот. Со минималистичка естетика, Float добро се вклопува во канцеларија или домашна работна средина.

    Користи патентиран механизам за противтежа кој ја заменува нашата стара технологија и на тој начин, Float поттикнува активен работен простор така што ви овозможува слободно да се поместувате од седечка во стоечка позиција. Float е достапна и во електрична верзија.

    Клучот за одржувањето на здравјето додека работите е да ја менувате положбата од седење во стоење. Float го прави стоењето лесно и моментално.. Со елиминирањето на непријатни рачки и гласни, бавни мотори, Float ги отстранува пречките кои обично ја обесхрабруваат употребата на бироа што се подесуваат во висина. Употребата на Float е исто толку лесна и едноставна како станувањето.

    Повеќе информации на следниот линк .

  • Quickstand Eco

    QuickStand Eco на Humanscale е новата генерација на подвижни решенија за работни маси со подесување на висина – стоење/седење.

    Со поелегантен изглед, полесен за употреба и создаден од еколошки материјали, нашето решение за прилагодливи работни бироа се огромно подобрување на моменталната генерација на работни површини. Наградениот QuickStand Eco е со едноставно монтирање, лесна преносливост и без напорно прилагодување – ги трансформира статичните бироа во здрави, активни работни места.

    Практичнен за во домот и во корпоративните канцеларии, овој револуционерен производ помага да внесете ергономска удобност и благосостојба на вашето работно место.

    Подвижен и прилагодлив

    Дизајниран со цел да се приспособи на корисници со различна висина, благодарение на прилагодувањето на работната површина до 47 цм.

    Стремеж кон благосостојба

    Наизменичното седење и стоење во текот на денот може да ја подобри и поттикне вашата продуктивност и расположение, и да ги намали негативните ефекти од седечкиот начин на живот. Беспрекорното работење на QuickStand Eco ви овозможува да седнете/застанете кога и да посакате.

    Без штетни хемикалии

    Бидејќи го земаме предвид влијанието на нашите производи врз луѓето и за време на производството и при самото користење, QuickStand Eco е направена од еколошки, нетоксични материјали и претставува олицетворение на филозофијата за дизајн на Humanscale.

    Компактен и елегантен дизајн

    Минималистичката естетика се вклопува во секоја средина. Благодарение на елегантниот дизајн, сите жици и кабли можете со лесно да ги прикриете.

    Врвно инженерство

    Не постојат никакви копчиња или рачки за прилагодување – Continuous Force™ механизмот за автоматско закочување на Humanscale ја прави опремата безбедна и стабилна додека работите.

    Сертификат „Declare“

    QuickStand Eco е единствениот производ во оваа категорија што се здобива со сертификат „Declare“ од Интернационалниот Институт – International Living Future Institute (ILFI).

    Повеќе информации на следниот линк .

  • Se:lab e-desk

    Како работна маса со опции за подесување во висина, Se:lab е-бирото нуди прагматични решенија и се фокусира врз наизменичност помеѓу седечка и стоечка позиција. Благодарение на дизајнот и кружните моторични ногарки, бирото може хармонично да се комбинира со останатите Se:lab производи.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Se:lab work desk

    ЕДНОСТАВНО БИРО ЗА СЕКОЈА ПРИГОДА
    Без разлика дали станува збор за поединечно или конференциско биро, Se:lab Work бирото ветува лесно и флексибилно работење. Четириножното биро со својот модерен дизајн може да се користи во различни работни околности и средини, речиси секаде. Опционалните тркалца овозможуваат слободно преместување низ целата просторија.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Temptation C

    Ергономијата започнува онаму каде функционалноста завршува. Системот на Sedus Temptation C, ги комбинира дизајнот и ергономијата. Една од предностите на оваа работна маса е погодната технологија за подесување на висина, која гарантира максимална флексибилност. Совршениот начин за работа – Temptation C нуди вреден дневен допринос кон намалувањето на стресот и ергономските процеси на работење.

    Дизајн: Дизајн тимот на Sedus

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Temptation Smart Twin

    КАНЦЕЛАРИСКИ BENCH МАСИ ЗА РАБОТА ВО ТИМ
    Овие двојни bench маси имаат електрично подесување на висината за подобра ергономија.
    Флексибилноста и слободата на дизајнот се резултат на интелигентниот струен концепт, идеално надополнет со складишниот простор за струја на Temptation. Резултира со брзина, пристап до информации и комплетно едноставен изглед.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Temptation speed

    Со брзина од 150мм/сек во подесување на висината, Temptation speed е најбрзото моторизирано биро на светот.
    Без разлика дали е поставено како работен простор индивидуално или за цел тим и без разлика дали станува збор за седење или стоење, ваквите работни маси беа поставени како стандард и нудат додадена вредност од сите аспекти. Овозможуваат слобода на избор за корисникот и нудат одлична ергономија во работата зад биро.

    Повеќе информации на следниот линк.