Quickstand Eco

QuickStand Eco на Humanscale е новата генерација на подвижни решенија за работни маси со подесување на висина – стоење/седење.

Со поелегантен изглед, полесен за употреба и создаден од еколошки материјали, нашето решение за прилагодливи работни бироа се огромно подобрување на моменталната генерација на работни површини. Наградениот QuickStand Eco е со едноставно монтирање, лесна преносливост и без напорно прилагодување – ги трансформира статичните бироа во здрави, активни работни места.

Практичнен за во домот и во корпоративните канцеларии, овој револуционерен производ помага да внесете ергономска удобност и благосостојба на вашето работно место.

Подвижен и прилагодлив

Дизајниран со цел да се приспособи на корисници со различна висина, благодарение на прилагодувањето на работната површина до 47 цм.

Стремеж кон благосостојба

Наизменичното седење и стоење во текот на денот може да ја подобри и поттикне вашата продуктивност и расположение, и да ги намали негативните ефекти од седечкиот начин на живот. Беспрекорното работење на QuickStand Eco ви овозможува да седнете/застанете кога и да посакате.

Без штетни хемикалии

Бидејќи го земаме предвид влијанието на нашите производи врз луѓето и за време на производството и при самото користење, QuickStand Eco е направена од еколошки, нетоксични материјали и претставува олицетворение на филозофијата за дизајн на Humanscale.

Компактен и елегантен дизајн

Минималистичката естетика се вклопува во секоја средина. Благодарение на елегантниот дизајн, сите жици и кабли можете со лесно да ги прикриете.

Врвно инженерство

Не постојат никакви копчиња или рачки за прилагодување – Continuous Force™ механизмот за автоматско закочување на Humanscale ја прави опремата безбедна и стабилна додека работите.

Сертификат „Declare“

QuickStand Eco е единствениот производ во оваа категорија што се здобива со сертификат „Declare“ од Интернационалниот Институт – International Living Future Institute (ILFI).

Повеќе информации на следниот линк .