Showing all 7 results

  • Crossline

    Оваа извонредна канцелариска столица е производ на блиска соработка помеѓу научници, инженери и дизајнери, со цел да создадат оригинален и неконвенционален систем за седење кој се движи во совршена синхронизација со човечкото тело. Оваа цел е достигната преку користење на патентираниот „Similar-Plus“ механизам и на иновативниот дизајн за наслон на грбот. Уникатната функционалност ја дефинира уникатната естетика на оваа столица, која може да се увиди преку уникатната структура за поддршка на грбот во форма на крст, по кои се именувани моделите на Sedus Crossline.

    Дизајн: Markus Dörner (Sedus тим за дизајн)

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Freedom

    „Златниот стандард на канцелариско седење“ на Ниелс Дифриент (американски индустриски дизајнер) ги елиминира рачките, копчињта и останатите механизми со цел да се обезбеди во исто време и едноставна и елегантна ергономска поддршка при седењето, заснована на физички закони. Наслонот за глава се движи истовремено со вас и ви нуди беспрекорна поддршка на главата и вратот во било која положба, без да има потреба од рачно подесување на истата.

    • Се адаптира на вашите посебни точки на притисок и на тој начин обезбедува непрекината удобност и здраво движење во текот на целиот ден.
    • Наслоните за раце кои се прикачени на задниот дел од столицата истовремено се движат со вас без разлика дали седите исправено или се потпирате на столицата.
    • Дизајнирана е да функционира како нова, дури и по неколкугодишна секојдневна употреба.
    • Сертификатот „Net Positive“ значи дека производството наFreedom столицата не влијае врз климатските промени.
    • Freedom работната столица ви следува со 15 годишна гаранција.

    Повеќе информации на следниот линк .

  • Open Up

    КАНЦЕЛАРИСКА СТОЛИЦА ЗА СОСТАНОЦИ
    Мотивацијата произлегува од можноста за наслонување и опуштање за време на напорниот работен ден. Доколку ја поседувате Open up во вашата канцеларија, без проблем ќе можете да се исклучите и да го ослободите вашиот ум, кога и да имате потреба да си ја разбистрите главата. Без разлика дали сте во седечка, стоечка, па дури и лежечка позиција: оваа елегантна канцелариска столица со вграден „similar“ систем и флексибилна поддршка на положбата на грбот, се прилагодува на секоја положба на телото. Слободата на движењето го ослободува умот. Совршена инспирација за ефикасно работење.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Se: Line

    Салите за конференции се едни од најважните места во една компанија. Луѓето се среќаваат на овие места за да донесат одлуки. Бизнис партнерите се пречекуваат и треба да се чувствуваат удобно. Сите детали треба да бидат на свое место.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Silver 362S

    Silver НАЈДОБРАТА СТОЛИЦА МЕЃУ СТОЛИЦИТЕ
    Исклучителна естетика, софистициран дизајн. Беспрекорен комфорт. Тоа го нуди Silver – најдобрата столица меѓу столиците. Одлично ги владее сите технички задачи, воодушевува со својата леснина и умешно ја сокрива софистицираната инженерска уметност во внатрешноста.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Summa

    Создадена за најдинамичните современи лидери, Summa претставува разновидна кожна конференциска столица погодна за канцеларии, сали за состаноци, како и домашна канцеларија. Обвивната форма и обликувачките материјали се соединуваат во хармоничен дизајн кој зрачи луксуз во секој детаљ.

    Комплето прилагодлива, Summa поседува врвна естетика и софицстицирана палета што го истакнува присуството на брендот во секоја средина. Со изработениот наслон за грб од дрво или тапацир, Summa е дел од кожената колекција на Humanscale без штетни хемикалии.

    Луксузна и беспрекорно едноставна, Summa поседува механизам за наслонување со поддршка на вашата тежина и вградени наслони за раце за врвна удобност и поддршка во текот на работниот ден. Со само една дискретна рачка за подесување во висина, столицата останува прекрасно рафинирана од секој агол.

    Повеќе информации на следниот линк .

  • VINTAGEis5 32V4

    ДИЗАЈНИРАНА ЗА ИЗВОНРЕДНОСТ
    Создадена од идејата да се креира нешто извонредно: VINTAGE. Дизајн што ја збогатува секоја средина (просторија) со својот цврст карактер. Колекција што плени со највисоките стандарди за квалитет и уникатни иновации.
    Комбинација од (беспрекорен) дизајн, квалитет, функционалност и уникатна ергономија каква што досега не сте искусиле.

    Повеќе информации на следниот линк.