Showing 17–22 of 22 results

  • Se: Flex

    Работна канцелариска столица за работни места со повеќе корисници.
    Sedus Se:Flex е неизоставен дел од работните места на кои преовладуваат поголем број корисници. Благодарение на паметниот автоматски систем за тежина, нуди можност автоматски да се прилагоди на сите корисници. Истовремено, наслонот за грб го следи секое движење на корисникот, што резултира со максимална слобода во движењето и правилно седење во сите позиции.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Se: kit

    Работна канцелариска столица со прилагодувачки дизајн

    Без разлика на тоа како и каде се завршува работата – работната средина, задачите и потребите на вработените се прилично различни. Како резултат на тоа, може да варираат нивните индивидуални потреби, како и она што тие го бараат во самите карактеристики на една столица – сѐ со цел да се стекнат со идеалната работна канцелариска столица. Па тогаш, замислете колку практична би била една работна канцелариска столица што би можела да задоволи сечии потреби и желби?

    Новата se:kit зазема посебен пристап бидејќи го следи концептот на прилагодување и се фокусира на комфорот и удобноста. Самиот корисник одлучува на кој начин сака да ја подесе канцелариската столица и кои компоненти да ги поседува истата – спонтано, врз база на мотото „Помалку е повеќе“, или понекогаш, „Повеќе е повеќе“. Но, во секој случај, столицата секогаш поседува едно нешто – а тоа е седење со најголема удобност. Se:kit го нуди сето тоа без да го компромитира дизајнот или естетиката.

    РАЗНОВИДНОСТ И КОМПАТИБИЛНОСТ

    – опции за наслонот на грбот

    – подесувачки механизми

    – опции за тапацирот на седиштето

    – опции за наслоните на раце

    – ногарки

    Повеќе информации на следниот линк .

    Прилагодувачки систем

    Se:kit може да се конфигурира според вашите желби: благодарение на прилагодувачките елементи. Прилагодувачките елементи може многу лесно се поврзат, а за поголемиот дел од нив нема потреба од употреба на алати. • Наслон за раце

    • Наслон за грб

    Со целосен тапацир (висок, што се подесува во висина, среден);

    Со мембрана (висока, што се подесува во висина, средна)

    • Основа

    со 4 ѕвезди (конференциска)

    со 5 ѕвезди (барска) – опционално со ногарки со 5 ѕвезди

    • Седиште

    Стандардно седиште (со или без подесување на седиштето во длабочина и автоматско враќање)

    Комфорно седиште (со или без подесување на седиштето во длабочина и автоматско враќање)

    • Додатоци

    Поддршка за вратот и закачалка за палта – достапна одделно Лубална поддршка

    • Механизам

    „Similar“ механизам со индивидуално подесување во висина „Similar“ механизам со автоматско подесување во висина „Kinetic Swing“ механизам

    Ергономија и функционалност

    Удобното седење прави комбинација од активното функционирање и ергономските аспекти. Со понатамошното развивање на нашата тестирана дорсо-кинетика, ние вметнавме концепт што комбинира и слобода во движењето и активна поддршка. Флексибилниот елемент нуди подвижност на наслонот за грб, дозволувајќи му да го следи корисникот, притоа нудејќи му поддршка со секое движење. Ги следи најстрогите барања, плени со извонредност и нуди удобно седечко искуство за сите. Со новиот стандард за работни канцелариски столици DIN EN 1335-1:2023 Тип A, se:kit ги задоволува потребите на сите различни корисници и нивните различни барања.

    Разнобојна и индивидуална

    Благодарение на карактеристиката „Разновидност и компатибилност“, како и на широката палета од избор, se:kit може индивидуално да се конфигурира – со цел сите да добијат нивна омилена верзија.

    • Модел (рамка)*

    ‘ Бојата на лумбалната поддршка и закачалката за палта зависи од бојата на моделот

    • Седиште и тапацир за наслон на грб

    Седиштето и тапацирот за грб се достапни во сите видови ткаенини од целата колекција на Sedus. Може да се одберат и различни видови за седиштето и грбот. Бојата на тапацирот на наслонот за грб зависи од бојата на моделот

    • Основа

    • Мембрана

    • Наслони за раце

    Наслони за раце, рачки: во зависност од бојата на моделот Перниче за наслон на раце: црна боја (исклучок: наслони за раце со дводимензионален дизајн: боја на модел во светло-сива – перниче во темно-сива, боја на модел во црна боја – перниче во црна боја)

     

  • Se: Motion net

    Столица создадена за поголема слобода во движењето.

    Пристигнете, седнете, започнете: не мора да трошите долго време на прилагодување на se: motion затоа што автоматски се прилагодува на секој корисник. Динамичниот првичен впечаток создаден од дизајнот, ја рефлектира флексибилноста што se: motion ја обезбедува во канцеларијата. Спонтано собирање кај бирото? Краток поглед кон вашиот сосед? Само придвижете се таму.

    Бидејќи е многу едноставно да се смени материјалот, se: motion може да се прилагоди многу брзо без потреба од алатки.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Summa

    Создадена за најдинамичните современи лидери, Summa претставува разновидна кожна конференциска столица погодна за канцеларии, сали за состаноци, како и домашна канцеларија. Обвивната форма и обликувачките материјали се соединуваат во хармоничен дизајн кој зрачи луксуз во секој детаљ.

    Комплето прилагодлива, Summa поседува врвна естетика и софицстицирана палета што го истакнува присуството на брендот во секоја средина. Со изработениот наслон за грб од дрво или тапацир, Summa е дел од кожената колекција на Humanscale без штетни хемикалии.

    Луксузна и беспрекорно едноставна, Summa поседува механизам за наслонување со поддршка на вашата тежина и вградени наслони за раце за врвна удобност и поддршка во текот на работниот ден. Со само една дискретна рачка за подесување во висина, столицата останува прекрасно рафинирана од секој агол.

    Повеќе информации на следниот линк .

  • Trea

    Столицата Trea – добитник на престижната награда „Red Dot“ – претставува комбинација од едноставна, прилагодувачка естетика и високофункционална ергономска поддршка. Создадена од страна на реномираниот дизајнер Тод Брашер, Trea нуди врвен комфор имитирање на природното наслонување на човечкото тело и преку удобната школка која совршено го обвиткува тој што седи.

    • Заменливите компоненти овозможуваат Trea лесно да се адаптира на естетиката во било која канцеларија или работен простор.

    • Работ на седиштето налик водопад го намалува притисокот во задниот дел на колената.

    • Контурираниот наслон за грб нежно ги опфаќа природните точки на ротација на вашето тело, при што поттикнува слобода во движењето и здраво движење – вклучувајќи го наслонувањето од 12 позиции.

    • Сертификатот „Net Positive“ значи дека секоја Trea произведена столица има големо влијание врз намалувањето на климатските промени.

    • Trea доаѓа со 15 годишна гаранција.

    Trea може да се прилагоди и во канцеларискиот, но и во домашниот ентериер. Основата на столицата која може да биде во облик на четирикрака ѕвезда, конзола или четири ногарки е заменлива, што значи дека Trea може да се прилагоди во различни средини и намени, додека истовремено го задржува истиот изглед во просторот.

    Повеќе информации на следниот линк .

  • World One

    World One е нова, ажурирана верзија на реномираната World столица на Niels Diffrient, екстремно минималистичка, а сепак целосно функционална работна столица што некогаш била создадена. Се состои од истиот иновативен наслон за грб со мрежа од три панели и наслонување што ја поддржува вашата тежина, исто како и нејзиниот претходник. World One е економично решение кое ви нуди висококвалитетна ергономска поддршка и врвно седечко искуство.

    • Идеална столица за работа од дома
    • Врвна ергономска поддршка
    • Достапна во нашата најпопуларна конфигурација: црна рамка со црна мрежа за наслонот на грбот и седиштето

    • Наслони за раце што се подесуваат во висина

    Прилагодување
    Нерастегливата мрежеста конструкција од три панели создава контури што се приспособуваат на вашето тело, како и индивидуална лумбална поддршка за автоматско прилагодување.
    Нуди поддршка и прилагодливост
    Оваа столица нуди соодветна поддршка и автоматски отпор без разлика на големината на корисникот. Се прилагодува на големината на сечие тело. Нуди поддршка и прилагодливост Оваа столица нуди соодветна поддршка и автоматски отпор без разлика на големината на корисникот.
    Се прилагодува на големината на сечие тело.
    За сечие тело Предниот раб без рамка го елиминира притисокот во коленото при допир. Дизајнирана е за корисници до 136 килограми.

    Повеќе информации на следниот линк .