Showing all 5 results

  • Axiom

    Axiom е рецепција што се карактеризира со високопрепознатливи и јасни линии. Рецепцијата е модуларна, со заоблени (внатрешни и надворешни) и прави елементи.

    Производот се состои од предни панели во различни финиши како алуминиум, венге, избелен даб или јавор (заоблените елементи можат да бидат само од алуминиум), шалтерски површини, странични панели или бочни полици од венге, избелен даб или јавор, површини во песочен, чисто-бел или проѕирен стаклен финиш.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Baguette

    Рецепцијата е достапна во две големини, со длабочина од 60цм и 80цм, за да ги задоволи просторните потреби. Високата флексибилност и модуларност се две цврсти точки со кои се одликуваат рецепцијата Baguette, што произлегуваат од комбинацијата на Pop Easy, Square, Ace и Woody бироата, чии вертикални панели со висина од 110цм и странични елементи за поартикулирани состави се поправени.

    Стуктурниот краен панел целосно го затвора работното место и е достапен во две длабочини: 62цм и 82цм.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Prior

    Првиот впечаток на компанијата произлегува од приемниот хол и рецепцијата.
    Prior е дизајнирана да ги состави шалтерите за рецепција со голем престиж и функционалност.
    Лакираните површини во комбинација со дрвени површини и големото внимание врз деталите нудат една палета од најпрефинета елегантност.
    Рецепциската површина е од заоблен дрвен панел покриен со мека еко-кожа.
    Каблите за струја се сокриени внатре во стуктурата, невидливи, но сепак лесно раководливи. Опционалните LED светилки можат да бидат додадени на долниот дел од шалтерот.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Reception desk

    Рецепцијата игра клучна улога кога е во прашање лобито или фоајето на компанијата, во канцеларии каде што се примаат клиенти, како пулт за информации во океанските простори или како шалтер за информации во амбулантите на докторите или во канцелариите на адвокатските фирми. Нуди топло добредојде на посетителите и претставниците од корпоративниот свет, а истовремено претставува работно место со ергономски способности.

    Палетата рецепции од Sedus нуди сѐ што некогаш би ви било потребно, и како таква, може да ги изврши овие две функции до совршенство.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Vogue

    Модуларната Vogue рецепција е дизајнирана од архитектите Перин и Топан и игра важна улога во презентацијата на една компанија. Бидејќи претставува прв елемент кој клиентите го гледаат кога влегуваат во приемниот хол, таа го ескпресира идентитетот на компанијата и нејзината култура.

    Vogue рецепцијата ја комбинира визуелната естетика со функционалноста, линеарноста и едноставноста на современото работно место.

    Повеќе информации на следниот линк.