Се прикажуваат сите 5 резултати

  • Axiom

    Axiom е рецепција што се карактеризира со високопрепознатливи и јасни линии. Рецепцијата е модуларна, со заоблени (внатрешни и надворешни) и прави елементи.

    Производот се состои од предни панели во различни финиши како алуминиум, венге, избелен даб или јавор (заоблените елементи можат да бидат само од алуминиум), шалтерски површини, странични панели или бочни полици од венге, избелен даб или јавор, површини во песочен, чисто-бел или проѕирен стаклен финиш.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Charisma 4.0

    Charisma 4.0 е новата луксузна колекција од Styloffice, историско име што нам ни носи огромен успех, континуирано продолжува со нова линија од едноставни и цврсти форми, топла и пријатна атмосфера и современо живеење.

    Дизајн и боја уште при првиот допир.

    Се карактеризира со есенцијалната палета од бироа и додатни делови, комплетирана со фиоки во ист дизајн, и сензационален финиш од орев, бело дрво, светло-сива, цемент-сива боја, избелен даб.

    За специјални проекти, достапни се многубројни видови на дрво за финиш, со цел да ги задоволат сите потреби и барања, од оние на архитектите до внатрешните дизајнери.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Identity

    Претседателската колекција се истакнува со својот сјаен, гладок и остар дизајн, и со непогрешливи стилски карактеристики: профилот под агол од 45°, класичните страни со место за складирање, одличен финиш од дрво и лак, контраст помеѓу дебелината на работните маси и тенката рамка на мебелот.

    Овие бироа се создадени од топли тонови на орев и венге дрво; додека складишните простори, полиците и панелите за поголема приватност исто така се создадени со финиш од лак и даб, како и лакирани стакла за вратите. Благородни материјали и префинети финиши во колекција што го комбинира имиџот на компанијата со дизајнот создаден во Италија.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Kay4

    Колекција на канцелариски бироа што се карактеризира со едноставни, но важни одлики.

    Различниот елемент е структурата, современа и минималистичка, со коцкасти ногарки и вдлабната површина споена со надворешната рамка. Стилски детал што дава уште поголема елеганција и отменост на самото биро. Естетска чистота и формална редукција.

    Линеарниот облик на оваа палета е забележлив преку нејзините материјали: контрастот помеѓу едноставната структура и карактерот и одликите на површината од дрво или стакло.

    Финиш на работните површини со пријатни и топли дрва или модерни стакла.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Prior

    Првиот впечаток на компанијата произлегува од приемниот хол и рецепцијата.
    Prior е дизајнирана да ги состави шалтерите за рецепција со голем престиж и функционалност.
    Лакираните површини во комбинација со дрвени површини и големото внимание врз деталите нудат една палета од најпрефинета елегантност.
    Рецепциската површина е од заоблен дрвен панел покриен со мека еко-кожа.
    Каблите за струја се сокриени внатре во стуктурата, невидливи, но сепак лесно раководливи. Опционалните LED светилки можат да бидат додадени на долниот дел од шалтерот.

    Повеќе информации на следниот линк.