Showing all 4 results

  • Eon + Amalgam

    Инспирирана од суровата убавина на најистрајните материјали од природата, оваа колекција со димензии 50 х 50цм на луксузни плочки од винил се спојува со класичната естетика и современиот стил, заедно со издржливоста која е потребна во средините со голема раздвиженост. Двонаменскиот систем за заштита им овозможува на овие производи да бидат поставени како директен лепак или loose lay. Дизајнирана за разновидност, дебелината од 5 мм овозможува составување со подни облоги без да има потреба од преодни лајсни.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • reFrame

    Во оваа дигитална ера, нашата зголемена желба за стимулација на сетилата нѐ привлекува кон опипливото. ReFrame се новите ткаени луксузни плочки од винил што допринесуваат за визуелна длабочина и текстура на просторите во кои работиме, учествуваме и учиме. Колекцијата претставува хибридно подно обложување што создава практична, корисна и функционална намена со текстурен изглед, комбинирајќи ја издржливоста на цврстата површина со естетиката на меката површина.

    Бескрајни можности ReFrame оживува на подот – со оптичка визуелност која дава чувство и на деликатност и на динамичност. Комбинирајте ја со подлабоката текстура на ReThink ткаените луксузни плочки од винил од Shaw Contract за да додадете моменти на тивка опипливост. Сестраноста на колекцијата поттикнува интеракција и создава визуелни знаци за зонирање, идентитет на брендот или ориентација во просторот.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • reThink

    Нашиот тим за дизајн предложи да го земеме в предвид начинот на кој ги користиме материјалите и како ги градиме подовите, заматувајќи ја границата помеѓу цврсто и меко. Комбинирајќи ја издржливоста на тврдата површина со естетиката на меката површина, ReThink ткаените луксузни плочки од винил претставуваат хибридно подно обложување со корисна и функционална намена и текстилен изглед.

    Создадени за перформанс, наслоени за јачина и споени во една цврста површина, ReThink е создадена за да се спротистави на флеки и триење. Финишот од напреден уретан од кварц на ExoGuard™ спречува избледување и создава бариера која што ги спречува флеките и валканиците да навлезат во ткаениот материјал, правејќи го чистењето многу полесно. Стабилизирачкиот комбиниран слој обезбедува целост на производот.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Unite

    Претенциозните простори можат исто така да бидат убави. Unite претставува колекција која го обединува изгледот од рафинирано дрво или камен со светли нијанси. Loose lay или прикачени за подот, комбинираат разновидност и истрајност.

    Unite исто така се среќава и со растечкиот
    тренд на мешавина на видовите на подни облоги за да креираат зони во рамките на подниот план. Оваа колекција од луксузни плочки од винил, дебели 5мм, можат да бидат составени веднаш до повеќето подни облоги без да има потреба од преодни лајсни, така што на тој начин се создава бесшевен изглед.

    Повеќе информации на следниот линк.