Showing all 5 results

  • DESK 1

    МОДУЛАРЕН ДИЗАЈН ЗА СНАБДУВАЊЕ СО СТРУЈА И ПОДАТОЦИ

    Типичните ситуации може да вклучуваат сали за состаноци, домашни канцеларии или средини во кои се делат работните површини. Модуларната конструкција на DESK овозможува да биде фабрички конфигурирана со истите комуникациски и струјни приклучоци кои се потребни за посебна употреба. За снабдувањето со струја, постои слободен избор од флексибилниот Wireland систем за конекција или трајни приклучоци.

    Приклучоците за податоци се стандардно опремени со адаптери, но исто така можат да бидат и фиксирани приклучоци.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Elevator

    Инстантно подвижен и активен
    ELEVATOR ELEVATOR совршено се вклопува насекаде. Со дијаметар од 79 мм, ELEVATOR е идеален за спроведување струја и приклучоци за податоци во мали простори. Само притиснете надолу со прстот за да го подигнете или спуштите ELEVATOR. Поставувањето е многу лесно и едноставно. ELEVATOR е поставен во исечена дупка од 79 мм во дијаметар и прицврстен е за мебелот со помош на прстен за заклучување.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Twist

    НЕСТАНДАРДЕН ПРИКЛУЧОК ЗА СТРУЈА
    TWIST е продолжен кабел за струја наменет за домашни и работни средини како на пример канцеларијата, дневниот престој или кујната. Со својот компактен дизајн и плитката длабочина за монтирање, лесно се вградува во бироата или кујнските површини. Бидејќи кабелот со струја е сместен во близина на куќиштето, длабочината на монтирањето е отприлика 40 мм, за да може уредот лесно да се постави над фиока. Во различни површини и бои, TWIST лесно се вклопува и во современи и во органски ентериери.
    Остроумен механизам за прицврстување: по употреба, едноставно одвртете го заштитниот капак и приклучоците исчезнуваат под него.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • ZG1 Monitor Arm

    ЕРГОНОМСКО И ФЛЕКСИБИЛНО РАБОТЕЊЕ

    Со цел да го задржат принципот на „уредно биро“, каблите се едноставно сокриени под заштитните капаци кои лесно се отстрануваат.

    Магнетните заштитни капаци го комплетираат пријатниот и современ дизајн. Функционално, неговата стабилност е импресивна: Се базира врз „spring force“ технологија, држачот може да издржи големи монитори (3-11 кг, <34”) со леснотија. Ротацијата од 360°, со паметниот додаток на заклучување на 180° обезбедува индивидуално и сигурно позиционирање. ZG1 држачот за монитор може многу лесно да се склопи со корисниот сет од алатки за монтирање што се наоѓа зад лесно отстранливите заштитни капаци.

    За да избегнете судирање под бирото, држачите за монтирање се поставени одозгора на аголот на работната површина.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • ZG2 Monitor Arm

    Двојно пофлексибилни, извонредно ергономски
    Без разлика дали работите сами или претставувате дел од тим: независните држачи овозможуваат да ги позиционирате мониторите токму онаму каде што посакувате. Покрај ергономската фукнционалност, Monitor Arm нуди и беспрекорен дизајн. Вградениот спроводник за кабли помага вашето биро да биде совршено уредно – каблите се уредно сокриени зад лесно отстранливите заштитни капаци.

    Но, вистинската генијалност лежи во нивната функционалност. ZG2 може со леснотија да издржи два големи монитори (<11 кг, <30″). Ротацијата од 360°, со паметниот додаток на заклучување на 180° обезбедува индивидуално и сигурно позиционирање. Аголот на вртење од 20° нанапред и 35° од задната страна овозможува уште поголема индивидуалност. Држачот за монитор може лесно да се склопи со користење на корисен сет од алатки за монтирање.

    Повеќе информации на следниот линк.