Се прикажуваат сите 3 резултати

  • Football tables

    RS# масите за фудбал наменети за во домот и дворот особено се посветени на оние деца што некогаш рекле дека „Возрасните не си играат, тие само работат.“. Нашите фудбалчиња претставуваат комбинација од игривост и дизајн, и нудат максимално уживање. Тие го пополнуваат секој простор со игрив став, очигледно со цел да го оживеат духот на играњето игри во непосредна близина, создавајќи спомени со семејството и пријателите. Нашите дизајнирани маси за фудбал можат да бидат и по нарачка, и, што е уште поважно, тие се првите маси што вклучуваат и женски играчи.

    Тие се уникатни, поразлични предмети соодветни за да ги разубават и украсат домовите, баровите, работните простори, рестораните. . . Фудбалчињата може опционално да бидат и мултифункционални маси.

    RS2 трпезариска маса – Мултифункционална маса Вистинско искуство покрај трпезариската маса. Маса за фудбал врз која можете да вечерате, или пак, трпезариска маса со која можете да играте. Вие одбирате како да ја дефинирате RS2 трпезариската маса. Идејата е толку едноставна, колку што е и оригинална. Поставивме стаклена површина врз нашата класична RS2 за да можете да ја користите како трпезариска маса без да треба да ја прекинете играта, иако ви препорачуваме да играте седнати! Оваа трпезариска маса за играње фудбал ги комбинира гастрономијата, времето за играње и дизајнот. Разгледајте ги сите достапни модели на фотографиите.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Ping pong tables

    Тие ги содржат сите моменти што можете да си ги замислите. Семејна вечера. Работен состанок. И се разбира, многу, многу пинг-понг натпревари. Според експертите во НАСА, пинг-понгот е еден од најпознатите и најраспространети спортови, и претставува здрава зависност што го стимулира умот и го тренира телото. Што е поважно, нашите пинг-понг маси поттикнуваат да го негувате спортот заедно со семејството или пријателите, формирајќи еден од клучните елементи од нашето интензивно животно значење: функционалноста. Тоа се мултифункционални пинг- понг маси што исто така служат како трпезариски маси, работни бироа, маси за состаноци или за било која намена што ќе ја одберете, без разлика дали станува збор за во домот или во дворот.

    Станете еден од повеќе од 40 милиони пинг-понг играчи во светот уште денес. Играјте дома, во канцеларијата или во локалниот спортски бар. Соодветни се и за самостојни и за тимски натпревари – насекаде. Најважно е да поминувате време заедно и да уживате во времето поминато заедно. RS Barcelona пинг-понг масите се дел од Stay Playful колекцијата. Овие производи се многу повеќе отколку дизајнерски парчиња. Тие претставуваат искуства. Претставуваат незаборавни моменти. Тие се начин на разбирање и приоѓање кон животот кој може да биде сумиран во една единствена реченица: интензивно живеење.

    Повеќе информации на следниот линк.

  • Pool tables

    Дизајн. Елеганција. Прецизност. Игра. Тие го пополнуваат секој простор со игрив став. Паралелно со нашата филозофија на интензивно и брзо живеење, ние знаевме дека можеме да го однесеме концептот на Diagonal билјард масата еден чекор понатаму. Не сите ние имаме доволно простор во домот, дворот или во канцеларијата за да сместиме маса за билјард! Камо да имавме! Но, што ако масата за билјард може да се користи и како трпезариска маса? Просторниот проблем би бил решен на едноставен, но практичен начин.

    Трпезариската површина комплетно ги прекрива површината за играње, дупките и структурата за само неколку секунди. Три индивидуални делови што се спојуваат, претворајќи ја Diagonal во маса. Бидејќи површината е составена од три дела, може лесно да се маневрира и да се намести додека Diagonal е поставена како маса за билјард. Трпезариската површина е достапна во дрво од ироко, орев или даб (за внатрешна употреба) или во феникс (за надворешна употреба), во двете димензии на Diagonal масата за билјард. Голема трпезариска маса. Извонредна маса за билјард.

    Повеќе информации на следниот линк.