Pool tables

Дизајн. Елеганција. Прецизност. Игра. Тие го пополнуваат секој простор со игрив став. Паралелно со нашата филозофија на интензивно и брзо живеење, ние знаевме дека можеме да го однесеме концептот на Diagonal билјард масата еден чекор понатаму. Не сите ние имаме доволно простор во домот, дворот или во канцеларијата за да сместиме маса за билјард! Камо да имавме! Но, што ако масата за билјард може да се користи и како трпезариска маса? Просторниот проблем би бил решен на едноставен, но практичен начин.

Трпезариската површина комплетно ги прекрива површината за играње, дупките и структурата за само неколку секунди. Три индивидуални делови што се спојуваат, претворајќи ја Diagonal во маса. Бидејќи површината е составена од три дела, може лесно да се маневрира и да се намести додека Diagonal е поставена како маса за билјард. Трпезариската површина е достапна во дрво од ироко, орев или даб (за внатрешна употреба) или во феникс (за надворешна употреба), во двете димензии на Diagonal масата за билјард. Голема трпезариска маса. Извонредна маса за билјард.

Повеќе информации на следниот линк.