Производи

Monitor Caddy

MEDIA МЕБЕЛ
Со својата совршено дизајнирана внатрешна опрема, Sedus Monitor Caddy е идеален за брзи и ефикасни презентации и конференции. Вградената мрежа овозможува директно поставување на екрани до 60“ врз подвижното постолје, притоа намалувајќи ја монтажната длабочина на мониторот.

Повеќе информации на следниот линк.

Mood Box

Изолирајте се на лесен начин во кабина со звучна изолација за да уживате во мир и тишина, далеку од вревата во океанскиот работен простор.
Висококвалитетна акустика произведена во Франција. Идеалното работно место е она место каде ефикасноста и спокојот одат рака-под-рака., каде вработените може меѓусебно да разговараат без притоа да им сметаат на оние околу нив.
MOOD BOX – Акустична кабина за 1 до 8 луѓе, целосно прилагодлива.

100% УНИКАТНА
Избор на кофигурација: со или без лајсни,стаклени 2 или 3 страни, врата во средина. . .
Избор на ентериер: мебел, електрични приклучоци, итн.
Избор на детали: структура, пополнувања, ткаенини, бои. . .

100% УДОБНОСТ
Висококвалитетна акустична изолација
Осветлување и вентилација со подесување на интензитетот
Дрвена полица (од лева или десна страна)
Вградени приклучоци

100% ЕКОЛОШКА
Еколошки дизајнирана.
100% локално произведена. Целосно се рециклира.

Повеќе информации на следниот линк.

Movable screen Aluscreen

Акустично подвижните панели ги структурираат просториите и нудат акустичен комфор со голем избор на финиши.

Дизајнирајте ги вашите простории едноставно, акустично и визуелно, со Aluscreen подвижните панели.

Aluscreen акустичните канцелариски панели нудат и звучен и визуелен комфор. Подвижни и мобилни, тие ви овозможуваат да создадете приватни зони или да воспостави граници на вашите работни места.

Сертифицирана акустика.
Визуелно одделување.

Повеќе информации на следниот линк.

Mr 24

Било кој вид на седење си носи свои предизвици и последици доколку работите во канцеларија постојано.

Кога Sedus Мr.24 столицата била дизајнирана, овие барања биле земени во предвид. Резултатот претставува дизајн кој се карактеризира со перфектна ергономија, широка палета на материјали и исклучителна цврстина. 24 часа на ден. Дури и за луѓето потешки од 200 килограми, оваа столица е удобна и идеална за користење на работното место.

Повеќе информации на следниот линк.

Neattech

Држачите за процесори на Humanscale нудат безбедно и сигурно складишно решение за вашата технологија. Без разлика дали се со тркалца или на лизгање, нашите држачи ви го олеснуваат пристапот до каблите, приклучоците и дисковите на вашиот главен процесор, додека истовремено нудат значителна заштеда на просторот со тоа што ќе го тргнете главниот процесор од бирото.
• Thin Client
• CPU200
• CPU600

Повеќе информации на следниот линк.

Nova

Дизајнирана да ја надополни било која работна површина и да го подобри стилот на работа, новата лампа Nova нуди бескрајна прилагодливост со својата впечатлива скулптурна форма. Уникатната леќа и LED сијаличките креираат изедначен сноп и која може да се прилагоди по желба на корисникот. Сертифицирана од „Energy Star“, Nova е идеалното решение за осветлување на денешницата, но и во иднината, а притоа не им штети ни на луѓето ни на планета. Подвижните држачи се движат до 180 степени, и на тој начин нудат одлично прилагодување и ергономски придобивки. Тие исто така му овозможува на фиксираното тело и главата на лампата лесно да се местат на посакувана позиција. „Forever Hinges“ механизмот овозможува држачот да остане на место, без да се лизне или помести, со што светлината си останува фокусирана на она место каде што сакате да свети.
Врвен квалитет на светлина
Nova не ги заморува очите, испушта јака светлина без отсјај која доследно ги доловува боите и проектира единечна сенка врз површината. Самата лапма произведува доволно светлина потребна за осветлување на бирото, поради што нема потреба од дополнителни и поскапи извори на светлина.

Лично управување
Вие самите го одредувате нивото на светлина. Преку допир можете да ја прилагодите јачината на светлината по ваша лична потреба.

Долготрајност
LED светилките на Nova загарантирано ќе траат минимум 50.000 часови, додека за самата лампа ви следува 10 годишна гаранција. Верна на мисијата за употреба на еколошки материјали на Humanscale, Nova не содржи никакви штетни хемикалии (Адаптерот за струја содржи PVC).

Ефикасна осветленост
Nova го содржи најефикасниот LED чип на пазарот – троши само 7 вати за да осветли со моќни 440 лумени.

Паметно осветлување
Сте заборавиле да ги исклучите светлата? Nova е тука за вас. Секоја ламба се состои од паметна технологија на затемнување која автоматски ги исклучува светлата кога нема никакво движење – со што штеди енергија и трошоци.
Бесконечна поврзаност
Повеќе немате потреба да се измачувате со слаба батерија. Опционата база за полнење на Nova, заедно со двата УСБ приклучоци ви овозможува да ги полните вашите мобилни уреди во текот на работниот ден.

Повеќе информации на следниот линк.

On spot

РАБОТНА СТОЛИЦА ЗА СОСТАНОЦИ | СТОЛИЦА ЗА ВО КАНТИНА И БИСТРО

Најдобрите идеи најчесто се раѓаат на места во кои луѓето се чувствуваат удобно. Со Sedus On spot, можете да ја создадете вистинската атмосфера за таа намена: со својот примамлив и удобен дизајн претставува совршена комбинација од удобниот карактер на бистрото и продуктивната ергономност. Концепт на обединување на два света. Тимските работни простори и местата за рекреација имаат сѐ поголема важност на работните места – токму за ваквите простори е создадена On spot.

Повеќе информации на следниот линк.

On spot cosy

Предизвикот на современите работни средини е да се задоволат повеќе аспекти. Покрај функционални, тие исполнуваат многу повеќе аспекти. Истовремено, се ориентираат кон потребите на вработените. Класичните работни места со работни маси се надополнети со неформални средини, просторни тимски работни површини, флексибилни централни зони и lounge зони.

Повеќе информации на следниот линк.

Open Mind

Професионално решение за опуштено и релаксирано работење. Уникатната едноставност на еден дизајн е речиси невозможна. Како и Open Up столицата, Open Mind исто така нуди опсежна можност за управување. Ви овозможува флексибилна седечка или лежечка позиција, благодарение на „similar“ механизмот со својот голем лак што се движи синхронизирано со телото.

Вградената поддршка во пределот на грбот со високо флексибилна мембрана овозможува идеален комфор – во согласност со правилата на биониката. Додатните карактеристики како длабочина на седиштето и подесувања на вртењето го обединуваат овој амбициозен дизајн со својата извонредна ергономија.

Повеќе информации на следниот линк.

Open Up

КАНЦЕЛАРИСКА СТОЛИЦА ЗА СОСТАНОЦИ
Мотивацијата произлегува од можноста за наслонување и опуштање за време на напорниот работен ден. Доколку ја поседувате Open up во вашата канцеларија, без проблем ќе можете да се исклучите и да го ослободите вашиот ум, кога и да имате потреба да си ја разбистрите главата. Без разлика дали сте во седечка, стоечка, па дури и лежечка позиција: оваа елегантна канцелариска столица со вграден „similar“ систем и флексибилна поддршка на положбата на грбот, се прилагодува на секоја положба на телото. Слободата на движењето го ослободува умот. Совршена инспирација за ефикасно работење.

Повеќе информации на следниот линк.

Oracle

Oracle претставува опипливо модуларно решение за состаноци во океански простор. Дизајнот на високиот наслон создава чувство на микро-средина кој служи како поделба од надворешниот свет. Исто така, додадено е и мало прозорче како додаток што ви овозможува дискретно да проверите дали кабината е зафатена.

Во палетата се вклучени и голем број на работни маси и бироа што можат да бидат заменети со елементи на софа со цел да можат да ја користат повеќе корисници одеднаш или пак да се создаде брз и ефикасен простор на привремените работници.

Повеќе информации на следниот линк.

Patch

Колекција од преградни панели кои го апсорбираат звукот, што со сигурност гарантира приватност без да треба да се изолирате од средината што ве опкружува.

Самостојната структура го овозможува спојувањето на индивидуалните елементи кои можат слободно да се вртат, отвораат и затвораат по потреба. Модулот, како додаток на обезбедениот акустичен комфор, е погоден за ритмични и декоративни работни места, океански простори, хотелско лоби, но и за во приватните домови.

Повеќе информации на следниот линк.