Производи

Se: Flex visitor chair

Хармонично дизајнирана столица за посетители и состаноци
Сали за состаноци, салони или чекални. Столицата за посетители нуди леснина, може одлично да се искомбинира со други парчиња мебел и прецизно се прилагодува на секоја положба на телото. Како и канцелариските столици, Se:flex столицата за посетители нуди длабоко ергономско искуство. Површината на седиштето овозможува оптимална дистрибуција на притисок, наслонот е во форма на полукруг навнатре и нуди лумбарна поддршка.

Повеќе информации на следниот линк.

Se: kit

Работна канцелариска столица со прилагодувачки дизајн
Без разлика на тоа како и каде се завршува работата – работната средина, задачите и потребите на вработените се прилично различни. Како резултат на тоа, може да варираат нивните индивидуални потреби, како и она што тие го бараат во самите карактеристики на една столица – сѐ со цел да се стекнат со идеалната работна канцелариска столица. Па тогаш, замислете колку практична би била една работна канцелариска столица што би можела да задоволи сечии потреби и желби?

Новата se:kit зазема посебен пристап бидејќи го следи концептот на прилагодување и се фокусира на комфорот и удобноста. Самиот корисник одлучува на кој начин сака да ја подесе канцелариската столица и кои компоненти да ги поседува истата – спонтано, врз база на мотото „Помалку е повеќе“, или понекогаш, „Повеќе е повеќе“. Но, во секој случај, столицата секогаш поседува едно нешто – а тоа е седење со најголема удобност. Se:kit го нуди сето тоа без да го компромитира дизајнот или естетиката.

РАЗНОВИДНОСТ И КОМПАТИБИЛНОСТ
– опции за наслонот на грбот
– подесувачки механизми
– опции за тапацирот на седиштето
– опции за наслоните на раце
– ногарки
Повеќе информации на следниот линк.
Прилагодувачки систем
Se:kit може да се конфигурира според вашите желби: благодарение на прилагодувачките елементи. Прилагодувачките елементи може многу лесно се поврзат, а за поголемиот дел од нив нема потреба од употреба на алати.
• Наслон за раце
• Наслон за грб
Со целосен тапацир (висок, што се подесува во висина, среден);
Со мембрана (висока, што се подесува во висина, средна)
• Основа
со 4 ѕвезди (конференциска)
со 5 ѕвезди (барска) – опционално со ногарки со 5 ѕвезди
со 5 ѕвезди (барска)
• Седиште
Стандардно седиште (со или без подесување на седиштето во длабочина и автоматско враќање)
Комфорно седиште (со или без подесување на седиштето во длабочина и автоматско враќање)
• Додатоци
Поддршка за вратот и закачалка за палта – достапна одделно Лубална поддршка
Лубална поддршка
• Mechanism
„Similar“ механизам со индивидуално подесување во висина „Similar“ механизам со автоматско подесување во висина „Kinetic Swing“ механизам
Ергономија и функционалност
Удобното седење прави комбинација од активното функционирање и ергономските аспекти. Со понатамошното развивање на нашата тестирана дорсо-кинетика, ние вметнавме концепт што комбинира и слобода во движењето и активна поддршка. Флексибилниот елемент нуди подвижност на наслонот за грб, дозволувајќи му да го следи корисникот, притоа нудејќи му поддршка со секое движење. Ги следи најстрогите барања, плени со извонредност и нуди удобно седечко искуство за сите. Со новиот стандард за работни канцелариски столици DIN EN 1335-1:2023 Тип A, se:kit ги задоволува потребите на сите различни корисници и нивните различни барања.
Разнобојна и индивидуална
Благодарение на карактеристиката „Разновидност и компатибилност“, како и на широката палета од избор, se:kit може индивидуално да се конфигурира – со цел сите да добијат нивна омилена верзија.
• Модел (рамка)*
‘ Бојата на лумбалната поддршка и закачалката за палта зависи од бојата на моделот
• Седиште и тапацир за наслон на грб
Седиштето и тапацирот за грб се достапни во сите видови ткаенини од целата колекција на Sedus. Може да се одберат и различни видови за седиштето и грбот. Бојата на тапацирот на наслонот за грб зависи од бојата на моделот
• Основа
• Мембрана
• Наслони за раце
Наслони за раце, рачки: во зависност од бојата на моделот Перниче за наслон на раце: црна боја (исклучок: наслони за раце со дводимензионален дизајн: боја на модел во светло-сива – перниче во темно-сива, боја на модел во црна боја – перниче во црна боја)

Повеќе информации на следниот линк.

Se: Lab hopper

ДИНАМИЧНО СЕДЕЊЕ СО СТОЛИЦАТА ЗА РАБОТИЛНИЦИ
Se:lab Hopper претставува идеален додаток во работилниците, состаноците за проекти или агилните работни места. Со својата пријатна висина од 690мм, оваа столица нуди спонтаност и интеракција. Столицата за работилници е лесно подвижна и лесно се управува. Може да се насложи за да заштеди простор кога не се користи.

Повеќе информации на следниот линк.

Se: Lab sofa

МОБИЛНА И ПРИСПОСОБЛИВА СОФА ЗА АКТИВНИ РАБОТИЛНИЦИ
Лесно подвижна и флексибилна, Se:lab софата претставува идеален партнер на активните работилници и спонтаните интеракции. Удобниот мебел со својот обемен тапацир се адаптира на различните положби на телото – без разлика дали станува збор за седење исправено, или пак за наслонување во порелаксирачки став. Исклучително мека и удобна, оваа софа создава пријателска атмосфера во било која просторија.

Повеќе информации на следниот линк.

Se: Line

Салите за конференции се едни од најважните места во една компанија. Луѓето се среќаваат на овие места за да донесат одлуки. Бизнис партнерите се пречекуваат и треба да се чувствуваат удобно. Сите детали треба да бидат на свое место.

Повеќе информации на следниот линк.

Se: matrix

Модуларен повеќенаменски систем на полици за повеќе намени
Во минатото бироата беа поставени едно до друго покрај некој столб, но денес, канцелариите се карактеризираат со нетериторијални работни места и океански простори. Во овој контекст, во фокусот се ставаат ефикасното искористување на просторот и места дизајнирани да исполнат специфични потреби. Се прашувате како да пронајдете место во канцеларијата каде ќе можете да работите и разменувате информации со вашите колеги, истовремено да најдете одделен простор за себе и вашите канцелариски материјали?
Мебелот кој овозможува индивидуален дизајн и мултифункционална средина е од голема вредност и важност. Se:matrix е идеална комбинација на овие три карактеристики – функционира како простор за складирање, како елемент за одвојување и како декоративен елемент. Отворената полица може да се адаптира според потребите на работната средина, додека истовремено додава одредена неформалност во канцеларијата. Како резултат на тоа, добросостојбата станува стандард.

Просторен дизајн без ограничувања
Без разлика дали одвојувате индивидуални работни места, креирате тимски простори или поставувате место за библиотека – se:matrix е виртуелно без ограничувања во примената и нуди индивидуални решенија. Како функционален елемент, системот на полици дава структура на просторијата и овозможува одделување на работниот простор- сето тоа без да делува нападно.
1. Преградување на работни места за повеќе корисници Со шината за облека и фиоките на заклучување за чанти и други предмети, se:matrix гарантира дека потребната инфраструктура ви е при рака.
2. Преградување на единечни работни места Se:matrix прави рамнотежа меѓу работа која бара фокусирање (со затскривање) и тимската работа. Исто така нуди и складишен простор во близина на бирото за заеднички или лични документи.
3. Библиотека Креирање и структурирање нов простор: Со аголната конфигурација и отворените и затворените оддели, se:matrix истовремено нуди и затскривање и прегледност.
4. Место за релаксација со опција за прикачување на монитор Se:matrix е суптилно решение за преградување и дизајнирање на тимско работно место. Поседува широка палета на употреба, благодарение на ѕидот што оддава чувство на домашна атмосфера, како и со вградениот модул за монитор. Модуларен, со голем број опции.
Индивидуалниот дизајн може да биде многу лесен. Se:matrix системот на полици е наменет за големи модули и може да се конфигурира на различни начини, во зависност од достапната површина и големината на просторот, потребниот складишен простор и личниот вкус. Може да се конфигурира во различни форми и облици: Линеарни или под прав агол, со различна висина и флексибилност по целата должина. Системот се базира на три стандардни модули, што можат да бидат комбинирани за да создадат различни поставки преку поврзување на елементите.
1. Функционален слој
Опции: отворени, со заден панел, со вратичка и заден панел, дел за електрични приклучоци со голем број опции за електрификација
2. Полици
Постои можност за продолжени полици како и вадење на полици
3. Заден панел
4. Страничен панел

5. Врата
6. Табла за пишување со држачи
7. Гардеробер
8. Организатор
9. Кошница со панел од рециклирана пластика
10. Покривка (за функционалниот слој)
11. Заден панел од рециклирана пластика
12. Оддел за кабли
13. Подесување во висина
14. Жардињера
Електрификација и Технологија
Стандардниот вграден функционален слој во секој модул овозможува оптимално напојување со електрична енергија. Може да следи со опционен оддел за кабли, кој нуди независност од подните адаптери и електрични приклучоци. На овој начин, електрификацијата може лесно да се пренесе низ просторијата и да ги снабди работните места во близина. Ова значи дека лаптопите и останатите уреди може лесно да се приклучат и наполнат по потреба, без никаков проблем.

Повеќе информации на следниот линк.

Se: Motion net

Столица создадена за поголема слобода во движењето.

Пристигнете, седнете, започнете: не мора да трошите долго време на прилагодување на se: motion затоа што автоматски се прилагодува на секој корисник. Динамичниот првичен впечаток создаден од дизајнот, ја рефлектира флексибилноста што se: motion ја обезбедува во канцеларијата. Спонтано собирање кај бирото? Краток поглед кон вашиот сосед? Само придвижете се таму.

Бидејќи е многу едноставно да се смени материјалот, se: motion може да се прилагоди многу брзо без потреба од алатки.

Повеќе информации на следниот линк.

Se: Spot

РАБОТНА СТОЛИЦА ШТО СЕ ВКЛОПУВА И ВО СЕКОЈДНЕВИЕТО
Инспирирана од човечкото тело, Se:spot не само што изгледа одлично, туку и импресионира со својот удобен шарм. Чувството е исто онолку добро како и нејзиниот изглед! Пријатната лумбарна накривеност овозможува здрава поставеност на р’бетот. Тапацирот е достапен во повеќе бои што се екстремно пријатни. Самата ткаенина на Se:spot овозможува нејзино користење во казина, салони, кафетерии или сали за состаноци.

Повеќе информации на следниот линк.

Se: Spot Stool

РАБОТНА СТОЛИЦА И БАРСКА СТОЛИЦА

3 висини – 1 дизајн
Седење, стоење – или нешто измеѓу. Производите на Se:spot семејството се прилагодуваат на најразличните форми на телото. Тие изгледаат пријатно и удобно во кантините и рекреативните места, но и професионално и практично во салите за состаноци. Овие столици ќе ве освојат со својот удобен и атрактивен дизајн. Она што ги прави Se:spot столиците особено исклучителни е „студиската’’ – медиум висина, соодветна за медиум маси до 90цм.

Повеќе информации на следниот линк.

Se: tea

Универзална масичка
Модерен и елегантен изглед, безвременски дизајн – ви ја претставуваме црната, универзална странична масичка se:tea. Благодарение на тенкиот изглед и дизајнот во три различни висини, оваа масичка совршено се вклопува на секое работно место, место за одмор и релаксација, без разлика дали се користи самостојно или како сет. Цврста и стабилна, на se:tea има место да се стави лаптоп, мобилен телефон и слично.
Флексибилна
Se:tea претставува совршен додаток во просториите за одмор, централните простории или кафетериите на работното место – како декоративна масичка, таа во исто време е и впечатлива, но претставува и скромно место за оставање шолја, лаптоп или мобилен телефон.
Елегантна и тенка
Со редуцираниот дизајн и дебелина на оставната плочата од само 2мм, масичката е екстремно лесна. Благодарение на безвременскиот црн дизајн, se:tea поседува софистициран изглед и може прекрасно да се комбинира со друг мебел.
Лесна
Благодарение на минималната употреба на материјали, малата тежина и лепенките против пролизгување, масичката se:tea може брзо и лесно да се преместува.

Повеќе информации на следниот линк.

Se: Works

Повеќе не е невообичаено да имате софа во канцеларијата. Во денешно време многу компании се опремуваат со простори кои нудат удобно седење. Но, само тоа не е доволно ако сакате да ја поттикнете продуктивноста на вашите вработени. Затоа, Sedus создаде нешто сосема ново со Se:works.

Повеќе информации на следниот линк.

Se:cube

Соба во соба модули
Запознајте се со нова димензија во агилното работење. Затворени и флексибилни модели – соба во соба. Океанските простори, како и големите канцеларии се одлични кога станува збор за максимално користење на целиот достапен простор. Но, што доколку имате потреба од максимална концентрација при работењето? Ви го претставуваме Se:cube, брз одговор и решение за создавање на нови простори. Новата канцелариска коцка од Sedus постави нови стандарди од аспект на склопот, акустиката и атмосферата, и нуди простор за осум лица, за состаноци или за релаксација.
Три величини, голем број можности.

Повеќе информации на следниот линк.