Производи

Temptation four

КАНЦЕЛАРИСКА РАБОТНА МАСА
Sedus Temptation Four системот на бироа и маси дава вистинска вредност преку елегантната едноставност, флексибилност и функционалност. Без разлика дали станува збор за лесно достапно решение за новиот вработен или како комплетен систем со опција за издолжување на бирото за професионалецот – Temptation Four го прави уредувањето и опремувањето едноставно. Едноставно прекрасно.

Повеќе информации на следниот линк.

Temptation prime

Кога е важно да се остави силен впечаток, Temptation Prime е вистинскиот избор. Овој модел на канцелариски бироа претставува престижната верзија од фамилијата Temptation – дизајниран специјално за елегантни и професионални работни простори.

Комбинира самодоверба, стабилност и леснотија, при што посебен визуелен ефект создава контрастот помеѓу тенката, елегантна рамка и масата од една страна, и праволиниските, скулптурирани нозе од друга страна. Достапен е и со опција за прилагодување на висината на масата и дополнителен елемент – низок орман (lowboard), што заедно создаваат продуктивна, но и софистицирана работна атмосфера.

Повеќе информации на следниот линк.

Temptation Smart Twin

КАНЦЕЛАРИСКИ BENCH МАСИ ЗА РАБОТА ВО ТИМ
Овие двојни bench маси имаат електрично подесување на висината за подобра ергономија.
Флексибилноста и слободата на дизајнот се резултат на интелигентниот струен концепт, идеално надополнет со складишниот простор за струја на Temptation. Резултира со брзина, пристап до информации и комплетно едноставен изглед.

Повеќе информации на следниот линк.

Temptation speed

Со брзина од 150мм/сек во подесување на висината, Temptation speed е најбрзото моторизирано биро на светот.
Без разлика дали е поставено како работен простор индивидуално или за цел тим и без разлика дали станува збор за седење или стоење, ваквите работни маси беа поставени како стандард и нудат додадена вредност од сите аспекти. Овозможуваат слобода на избор за корисникот и нудат одлична ергономија во работата зад биро.

Повеќе информации на следниот линк.

Temptation storage

Sedus Temptation Storage претставува многу повеќе од обична палета на производи за поголем складишен простор. Исто така ги обликува просториите додека истовремено ги одделува работните места и им дава структура на големите канцелариски простори. Како додаток на личниот складишен простор во близина на бирото, исто така овозможува место за седење за време на дискусии на работното место, поттикнувајќи комуникација.

Без разлика дали е опремена со тапацирана површина или со мултифункционални шини за кутии за организирање, исто така може да се комбинира и со целосната палета на Sedus Grand Slam складишните единици.

Повеќе информации на следниот линк.

Terri tory

МОДУЛАРЕН ПРОСТОР ЗА СКЛАДИРАЊЕ
Дали се соочувате со наплив на идеи? Sedus Terri Tory нуди речиси бесконечни можности за да ги претворите вашите идеи во реалност. Како мултифункционален мебел, Terri Tory нуди простор за складирање, создава зони и овозможува приватност на работните места. Ова овозможува простории создадени по нарачка, кои, благодарение на високиот степен на функционалност и атрактивниот дизајн, ги задоволуваат сите барања од аспект на современ распоред на просторијата и продуктивна благосостојба.

Повеќе информации на следниот линк.

Tertial | Glass door

Стаклена врата
ВРАТА СО МИНИМАЛИСТИЧКА РАМКА ОД АЛУМИНИУМ

Нашата најнова и последно дизајнирана стаклена врата претставува совршен избор и совршено одговара на вашата работна канцелариска средина. Оваа префинета врата со минималистичка рамка од алуминиум овозможува највисок современ дизајн.

Опции:
На отворање: Единечни – Двојни
На лизгање

Повеќе информации на следниот линк.

Trea

Столицата Trea – добитник на престижната награда „Red Dot“ – претставува комбинација од едноставна, прилагодувачка естетика и високофункционална ергономска поддршка. Создадена од страна на реномираниот дизајнер Тод Брашер, Trea нуди врвен комфор имитирање на природното наслонување на човечкото тело и преку удобната школка која совршено го обвиткува тој што седи.
• Заменливите компоненти овозможуваат Trea лесно да се адаптира на естетиката во било која канцеларија или работен простор.
• Работ на седиштето налик водопад го намалува притисокот во задниот дел на колената.
• Контурираниот наслон за грб нежно ги опфаќа природните точки на ротација на вашето тело, при што поттикнува слобода во движењето и здраво движење – вклучувајќи го наслонувањето од 12 позиции.
• Сертификатот „Net Positive“ значи дека секоја Trea произведена столица има големо влијание врз намалувањето на климатските промени.
• Trea доаѓа со 15 годишна гаранција.
Trea може да се прилагоди и во канцеларискиот, но и во домашниот ентериер. Основата на столицата која може да биде во облик на четирикрака ѕвезда, конзола или четири ногарки е заменлива, што значи дека Trea може да се прилагоди во различни средини и намени, додека истовремено го задржува истиот изглед во просторот.

Повеќе информации на следниот линк.

Tris desk

TRIS ви овозможува да создадете простори со одличен дизајн: естетска линеарност, минималистичка, но сепак еднакво функционална.
Визијата на Меко се базира врз истакнување на тоа дека канцелариите претставуваат комуникациски алатки за надворешните клиенти и нивните соработници.
Убавината емитува енергија!

Повеќе информации на следниот линк.

Turn Around

РАБОТНА КАНЦЕЛАРИСКА СТОЛИЦА

Додека нефлексибилниот режим на работење долго време преовладуваше во индивидуалните канцеларии, денес, динамичното работење на проекти е она што доминира, со различни тимови на различни локации. Дискусиите, одлуките и работата се одвиваат на места што нудат најголема ефикасност и најдобри резултати – таков е случајот со Sedus Turn Around, која е создадена посебно за да ги задоволи потребите и барањата на тимското работење.

Повеќе информации на следниот линк.

Twist

НЕСТАНДАРДЕН ПРИКЛУЧОК ЗА СТРУЈА
TWIST е продолжен кабел за струја наменет за домашни и работни средини како на пример канцеларијата, дневниот престој или кујната. Со својот компактен дизајн и плитката длабочина за монтирање, лесно се вградува во бироата или кујнските површини. Бидејќи кабелот со струја е сместен во близина на куќиштето, длабочината на монтирањето е отприлика 40 мм, за да може уредот лесно да се постави над фиока. Во различни површини и бои, TWIST лесно се вклопува и во современи и во органски ентериери.
Остроумен механизам за прицврстување: по употреба, едноставно одвртете го заштитниот капак и приклучоците исчезнуваат под него.

Повеќе информации на следниот линк.

Unite

Претенциозните простори можат исто така да бидат убави. Unite претставува колекција која го обединува изгледот од рафинирано дрво или камен со светли нијанси. Loose lay или прикачени за подот, комбинираат разновидност и истрајност.

Unite исто така се среќава и со растечкиот
тренд на мешавина на видовите на подни облоги за да креираат зони во рамките на подниот план. Оваа колекција од луксузни плочки од винил, дебели 5мм, можат да бидат составени веднаш до повеќето подни облоги без да има потреба од преодни лајсни, така што на тој начин се создава бесшевен изглед.

Повеќе информации на следниот линк.