Производи

Silver 362S

Silver НАЈДОБРАТА СТОЛИЦА МЕЃУ СТОЛИЦИТЕ
Исклучителна естетика, софистициран дизајн. Беспрекорен комфорт. Тоа го нуди Silver – најдобрата столица меѓу столиците. Одлично ги владее сите технички задачи, воодушевува со својата леснина и умешно ја сокрива софистицираната инженерска уметност во внатрешноста.

Повеќе информации на следниот линк.

Simply by Nature

Инспирирана од чудата на надворешниот свет, колекцијата Simply By Nature нуди органски шари и меки текстури во просториите во кои работите и се поврзувате. Како вдишување чист воздух, оваа природно инспирирана колекција носи убавина и спокој во секоја просторија. Со својата палета од земјени тонови совршено се вклопува со разновидна естетика, давајќи му разновидност на внатрешниот ентериер.

Секоја облога има мерка 50 x 50цм. Styles Array, Offset и Structure се достапни во 10 бои. Arrange е достапна во 14 бои. Нашите производи на No Rules можат да бидат поставени во било која конфигурација што ќе ја одберете, нудејќи олеснета инсталација и едноставна замена по потреба.

Повеќе информации на следниот линк.

Skuba desk

Skuba работната маса, со своите елегантни “kickstand“ ногарки, се чини како да произлегла од некоја митолошка или фантастична приказна благодарение на нејзината трансформирачка моќ. Разновидната, еволутивна природа дозволува структурни промени, кои се адаптираат на различни ситуации и локации.

Тоа е идеја, која што, доколку е потребно, се претвора во работна канцелариска маса, маса за состаноци или пак, зошто да не, во една трпезариска маса за колегите.

Повеќе информации на следниот линк.

Slight

Тенка како лист, колекцијата на SLIGHT софи е тотална спротивност од класичниот систем на обложување мебел.

Како малечка превиткана страница, мекото тело на софата ги прифаќа различните форми на корисникот и е дизајнирана во неколку модели со цел да ги задоволи различните потреби и барања. Погодна е и за во чекалници, како и за внатрешно домашно уредување.

Повеќе информации на следниот линк.

Sopha

LOUNGE МЕБЕЛ
Не станува збор само за инстинкт: според научните студии, луѓето се особено креативни кога се чувствуваат удобно и пријатно. Опуштената работна атмосфера, токму како што ја нуди Sedus софата, може да допринесе кон креативноста. Оваа софа особено ја поттикнува стимулирачката атмосфера во канцелариите, што е особено важна за продуктивно работење и конструктивна интеракција.

Повеќе информации на следниот линк.

Spike

Spike работната маса може да биде вградена со страничен додаток опремен со работна површина која се подесува во висина. Со тоа, овозможува да ја промените висината на вашето работно место едноставно и за само неколку мига преку користење на далечински управувач.

Функционалните и дискретните детали го комбинираат елегантниот изглед на додатните делови со извонредното занаетчиство, обезбедувајќи апсолутна стабилност и максимален простор за нозете. Парче мебел дизајнирано да им го олесни работењето на луѓето.

Повеќе информации на следниот линк.

Stone

Совршена сложувалка од колекција создадена од обложени табуретки во различни форми и големини.
Овој систем им овозможува опсежна слобода во дизајнот на корисниците. Овие табуретки во различни големини можат да се поврзат за да создадат обединета целина.

Ова оддава еден брановиден тек и исклучителен впечаток во чекалниците, па дури и индивидуално, за еден хармоничен и модерен сјај како детал на секој простор.

Повеќе информации на следниот линк.

Summa

Создадена за најдинамичните современи лидери, Summa претставува разновидна кожна конференциска столица погодна за канцеларии, сали за состаноци, како и домашна канцеларија. Обвивната форма и обликувачките материјали се соединуваат во хармоничен дизајн кој зрачи луксуз во секој детаљ.
Комплето прилагодлива, Summa поседува врвна естетика и софицстицирана палета што го истакнува присуството на брендот во секоја средина. Со изработениот наслон за грб од дрво или тапацир, Summa е дел од кожената колекција на Humanscale без штетни хемикалии.
Луксузна и беспрекорно едноставна, Summa поседува механизам за наслонување со поддршка на вашата тежина и вградени наслони за раце за врвна удобност и поддршка во текот на работниот ден. Со само една дискретна рачка за подесување во висина, столицата останува прекрасно рафинирана од секој агол.

Повеќе информации на следниот линк.

Sweet spot

LOUNGE СТОЛИЦА
Sweet Spot не само што ја опремува вашата канцеларија со особено атрактивен и удобен салонски мебел, туку и помага да се создаде релаксирачка атмосфера. Без разлика дали просторот се користи за состанок за brainstorming, одмор од внимателното работење или за ‘добредојде со стил’ на посетителите – Sweet Spot ја комбинира работата со задоволството. Тоа го прави на одличен начин, а доказ за тоа се истакнатите интернационални награди

Повеќе информации на следниот линк.

TAKEoSEAT

СТОЛИЦА НА СКЛОПУВАЊЕ
Сакате да го преместите утринскиот состанок во кујната? Барате лесен начин за да сместите неочекувани гости? Тоа може без проблем да се реши со TAKEoSEAT – веројатно најпрактичната столица на светот. Може да биде расклопена за да заштеди простор и повторно тивко да се склопи со само неколку потези, за веднаш да се создаде удобно седиште.

Повеќе информации на следниот линк.

Tall pedestals

Без разлика дали станува збор за канцеларии со океански простор со bench работни маси или станува збор за мали канцеларии со единечни бироа, Sedus Tall фиокарите со додатни единици нудат максимален личен складишен простор со максимална функционалност. Достапни се во три варијанти – високиот фиокар со 3 вградени висини; фиокарот со димензии во висина на биро и комбиниран фиокар со додадена полица.

Sedus Tall Pedestal фиокарите со додатни единици се достапни со неколку различни ентериери и можат да бидат дополнети со широка палета на додатоци по личен вкус.

Повеќе информации на следниот линк.

Temptation C

Ергономијата започнува онаму каде функционалноста завршува. Системот на Sedus Temptation C, ги комбинира дизајнот и ергономијата. Една од предностите на оваа работна маса е погодната технологија за подесување на висина, која гарантира максимална флексибилност. Совршениот начин за работа – Temptation C нуди вреден дневен допринос кон намалувањето на стресот и ергономските процеси на работење.

Дизајн: Дизајн тимот на Sedus

Повеќе информации на следниот линк.