Производи

M/Flex for M2.1 M8.1 and M10

M/Flex го трансформира секој работен простор со флексибилност и ергономска изведба без конкуренција. Создадени за да се прилагодат на современите работни средини, корисниците можат многу лесно да ги прикачат и отстранат мониторите без да ја нарушат првичната конфигурираната инсталација Овој систем на држачи за повеќе монитори се прилагодува на разни конфигурации и целосно се вклопува во новата генерација на држачи за монитори на Humanscale – ги нуди сите врвни и најсовремени карактеристики од колекцијата.
Едноставно се монтира и лесно се надградува за општ намален трошок – M/Flex е идеалното решение за современите работни места.

Повеќе информации на следниот линк.

M2.1

Држач за монитор
Со денешното брзо темпо на работење и агилна работна средина, нема време за неудобност. M2.1, дел од револуционерната нова колекција на држачи за монитори на Humanscale, моментално ја подобрува удобноста, здравјето и продуктивноста на било кое работно место. Целосно компатибилен со традиционални бироа и работни места со стоечка и седечка положба, M2.1 ги исполнува и задоволува различните конфигурациски потреби за полесни монитори до 7 килограми.
Едни од поважните караткеристики кои ги поседува се патентираната технологија на федер кој ја компензира тежината и паметната стоп функционалност на Humanscale M2.1 овозможува индивидуалност и флексибилност потребна во современите, напредни работни места.

Повеќе информации на следниот линк.

M8.1

Држач за монитор
Со денешното брзо темпо на работење и агилна работна средина, не постои простор ниту време за неудобност. M8.1, дел од револуционерната нова колекција на држачи за монитори на Humanscale, инстантно го подобрува комфорот, здравјето и продуктивноста на било кое работно место. Целосно компатбилен со традиционалните бироа и работните места со стоечка и седечка положба. M8.1 ги исполнува и задоволува различните конфигурациски потреби за единечни монитори од 2.7 до 12.7 килограми или – со опционото crossbar прицврстување – за два монитори што тежат до 5.5 килограми (засебно). Едни од поважните караткеристики кои ги поседува се патентираната технологија на федер кој ја компензира тежината и паметната стоп функционалност на Humanscale M8.1 овозможува индивидуалност и флексибилност потребна во современите, напредни работни места.

Повеќе информации на следниот линк.

Mastermind

КАНЦЕЛАРИСКА РАБОТНА МАСА ЗА СОСТАНОЦИ, СЕМИНАРИ И КОНФЕРЕНЦИИ
Со Mastermind, Sedus создаде интелигентен систем на маси што се сѐ, освен стандардни или вообичаени. Се адаптираат на секаква големина и форма на просторија и нудат речиси бескрајни можности за дизајн по нарачка. Додаток на ова се и поставените стандарди со висок квалитет: при произведување се користат само селектирани материјали, поради кои многу од чекорите при изработката се изведуваат рачно. Без разлика дали станува збор за состаноци и конференции или за неформални работни средини – Mastermind претставува совршен избор за вас.

Повеќе информации на следниот линк.

Mastermind high desk

КАНЦЕЛАРИСКА РАБОТНА МАСА ЗА СОСТАНОЦИ И КОНФЕРЕНЦИИ
Простории што инспирираат наместо само обични простории за работа. Со Mastermind (high desk) масите, Sedus нуди палета што ги комбинира сите предности на концептите на современите високи маси. Без разлика дали станува збор за привремено работење, или како место за комуникација, поттикнува соработка и ефикасност. Причината за тоа е дека состаноците што се одржуваат додека стоиме, се поживописни и обично траат пократко. Истовремено, работењето зад висока маса, предизвикува спонтани промени на поставеноста на р’бетот, што можат позитивно да влијаат врз здравјето.

Повеќе информации на следниот линк.

Meet tables

Sedus Meet масите се дизајнирани да овозможат пријатна и удобна средина на различните места во кои се среќаваат луѓето. Оддаваат карактеристики на места за одмор и релаксација со својата графичка и апстрактна едноставност и концизност. Со различните опции за индивидуален дизајн, можете да створите пријатни слики за бистроа, одморалишта за вработени или кантини.

Повеќе информации на следниот линк.

Meetchair

СТОЛИЦА ЗА БИСТРО И КАНТИНА
Компактна и удобна.
Sedus Meet столиците се дизајнирани за да овозможат пријатна и удобна средина на различните места каде што се среќаваат луѓето. Тие карактеризираат места за одмор и релаксација со својата графичка и апстрактна едноставност. Постојат толку многу можности за индивидуално дизајнирани столици, соодветни за места како бистроа, одморалишта за вработените и кантини.

Повеќе информации на следниот линк.

Meeting Box

Акустична кабина за две до шест лица, наменета за состаноци во комплетна приватност. Ваша звучно-изолирана просторија за состаноци што може да ја поставите каде и да посакате. Meeting Box претставува одлучно и современо работно место и место за релаксација кое може да смести две до пет лица во комплетна приватност. Идеална за поттикнување на формални и неформални состаноци. MyO кабината за состаноци е полна со трикови.

Финиши и димензии по нарачка, паметни распоредби со цел да го претворат просторот адаптиран на вашите потреби.

МНОГУБРОЈНИ МОЖНОСТИ ЗА ДА ГИ УРЕДИТЕ ВАШИТЕ ПРОСТОРИ.

Повеќе информации на следниот линк.

Metal Table – lounge table

Frezza Metal Table масичките се достапни во две висини: 45цм и 65цм. Создадени се од метал дебел 8 милиметри, во бела или црна боја со површина во форма на трапезоид.

Тенкиот цилиндричен столб од челик ја спојува основата со површината, овозможувајќи ѝ да се врти до 180°. Благодарение на својата структура, постои можност да се приближи масичката поблиску до седиштето, нудеќи удобност на една мала потпорна површина.

Доколку Metal Table масичката е поставена во близина на софа, фотелја или кауч, таа е погодна за да задоволи различни и многубројни функционални потреби.

Повеќе информации на следниот линк.

Millepiedi

Millepiedi се карактеризира со модерен и минималистички дизајн и развива концепт на функционалност и флексибилност со својот широк распон на конфигурации и димензии.
Современиот дизајн е развиен со широка палета на конфигурации и димензии врз кои се базира концептуалната идеја врз функционалноста и флексибилноста, во комбинација со врвни детали.

Важноста на квалитетот е пренесена преку живописна симбиоза на дизајн и занаетчиско искуство, интензивирано (подобрено) со постојаното истражување поврзано со деталите и финишите.

Повеќе информации на следниот линк.

Mobile pedestal

Sedus Mobile фиокарите можат да бидат корисни на многубројни места во канцеларијата. Со нивните различни карактеристики и прилагодување, можат да се користат како флексибилен складишен простор или како практичен мебел, додека нивната висина значи дека тие се погодни и за просторно одделување, како комуникациски елементи или за стоечки работни места.

Достапни се и со лизгачки врати и повисок заден панел кој вклучува функционална шина како стандард.

Повеќе информации на следниот линк.

Mobile, desk & technical pedestals

Pedestal палетата нуди многу повеќе од само обичен простор за складирање. Овој интелигентно дизајниран и високо флексибилен систем помага во секојдневното работење во канцеларијата, но исто така помага да се обезбеди опримизиран и ефикасен работен тек. Мобилните фиокари и фиокарите со висина на биро се достапни во неколку висини.

Можат да бидат сместени под биро, позиционирани од страна или да се користат низ целата канцеларија. Нивните многубројни опции за дизајн значи дека тие совршено се вклопуваат во сите канцелариски ентериери; од класично елегантен стил до посовремен изглед.

Повеќе информации на следниот линк.