Quarterback

Грандиозно димензиониран, Sedus Quarterback претставува работна канцелариска столица која значајно ја подобрува продуктивната благосостојба. Особено високиот наслон за грб цврсто го стабилизира телото и поттикнува концентрирано и фокусирано работење во било која позиција. Но, не е само наслон за грб тоа што ќе ве убеди – динамичните линии, впечатливата силуета и широката палета на верзии со различни карактеристики и бои изразува разновидност од стилови. Столица полна со карактер на која со задоволство ќе ѝ се препуштите.

Дизајн: Markus Dörner

Повеќе информации на следниот линк.

Опис

Конфигуратор на мебел
Прилагоден на индивидуалните барања и личните желби: Конфигураторот го олеснува планирањето на столици и друг мебел и испробувањето на различни опции.
Конфигурирајте го вашиот производ.

Правилното седење може да биде многу удобно

Удобно, просторно, но сепак со извонредна леснина – Sedus Quarterback го комбинира безвременскиот дизајн со совршената ергономија. Наслоните за раце ја истакнуваат динамичната експресија на страничната линија и го истакнуваат високото ниво на комфорно и удобно седење. Квалитет надополнет со софистицирана технологија и опции за индивидуално приспособување. Сите 3 вида на тапацир достапни за наслонот за грб, не само што го подобруваат елегантниот изглед, туку исто така нудат поддршка на грбот.

Разновидност

Правилна благоосостојба

Работите седејќи исправено и фокусирано или едноставно се наслонувате и релаксирате? И двете опции се можни со работната столица Quarterback. Благодарение на особено високиот наслон за грб, безбедно го држи телото во било која позиција – без разлика на големината на личноста. Со седиште длабоко 380 мм, и хоризонтално подесување на седиштето во далечина/длабочина од 60 мм, нуди оптимална поддршка на бутовите. Истовремено, седиштето може да биде наклонето за четири степени, овозможувајќи седечка позиција која одговара на вашите потреби.

Го подобрува комфорот при седењето, како и еко-балансот.

Quarterback се доставува делумно склопена и зафаќа само 50% од стандардните големини на пакети. Ова овозможува поевтини трошоци за транспорт и помала емисија на јаглерод диоксид. Деловите потоа може да се склопат од примателот без потреба од алатки. Одлуката да се има Quarterback е одлука за да се подобри сопствениот еко-баланс на поединецот.

Детали