Liberty

Ергономска работна столица од светски ранг и минималистички шарм, Liberty е синоним на разновидност и во стилот и во функциите. Наслонот за грб е изработен од специјална мрежа која ги детектира вашите точки на притисок,но во исто време ви нуди слобода во движењето.

• Истенчената естетиката на Liberty одговара на секој простор, и како нејзина главна карактеристика е трипанелната мрежа која покрај што изгледа убаво и е удобна за седење..
• Hands-free наслонот за грб ве следи додека се движите и на тој начин обезбедува постојана заштита на лумбалниот дел во било која позиција.
• Сертификатот „Net Positive“ значи дека секоја продадена Liberty столица активно помага во намалувањето на штетата од климатските промени.
• Импресивна 15 годишна гаранција.

Повеќе информации на следниот линк .

Опис

Со минималистичкиот дизајн кој се вклопува во секој простор, Liberty работната канцелариска столица е идеалното решение за секоја современа работна средина. Со напредни карактеристики, вклучувајќи го автоматското наслонување чувствително на тежина, наслоните за раце прикачени на задниот дел од столицата и наслонот изработен од иновативна трипанелна мрежа, Liberty е комбинација на совршено функционирање, едноставност и убавина. Со помал број делови за разлика од традиционалните работни столици, Liberty претставува безвременски и еколошки дизајн.