Diffrient Smart

Мрежата што се прилагодува на различни форми на телото на Smart претставува најпаметната ергономска канцелариска столица што некогаш сте ја сретнале. Радикалната технологија на дизајнерот Ниелс Дифриент ја прилагодува поддршката на лумбалниот дел кај секој корисник посебно, при што нуди врвна удобност и леснотија при користењето за сечија форма на телото.

• Мрежестиот наслон за грб со три панели ја прави Smart како кроена по нарачка за вас.

• Инвентивниот дизајн ја елиминира потребата од рачно прилагодување и соодветно се адаптира на вашето тело.

• Паметниот стил е во симбиоза со паметното функционирање, кои заедно со елегантниот дизајн и обликот во форма на буквата U оддаваат префинетост во секој простор.

• Сертификатот „Net Positive“ значи дека секоја Smart произведена столица го намалува глобалното загадување.

• Diffrient Smart ве следува со 15 годишна гаранција.

Лесна за употреба

Наслонот за грб без механизми на Humanscale ја прави Smart автоматски прилагодлива на тежината на вашето тело, со цел да ви овозможи совршена поддршка при наслонувањето. Користејќи ги законите на физиката, сѐ што треба да сторите е да седнете, а столицата сама ќе се прилагоди на притисокот од формата на вашето тело.

Визуелно линеарен дизајн

Без рачни контролори, Diffrient Smart поседува впечатлива и елегантна естетика, а наслонот во форма на буквата U ја прави совршено решение за секоја современа средина. Со линеарните црти во наслонот за грб и цврстата мрежа за максимална поддршка, ова е идеалната столица за модерната активна работна средина.

Прилагодлив наслон за грб

За да се обезбеди совршена поддршка на лумбалниот дел на секој кој ќе седне на столицата, Дифриент искреира трипанелен мрежаст наслон за грбот кој автоматски се прилагодува на потребите на корисникот.. Елиминирајќи ја потребата од комплицирани прилагодувања и дополнителни лумбални средства, Diffrient Smart користи специјална мрежна технологија која ја детектира формата на телото и на тој начин овозможува постојан комфор.

Повеќе информации на следниот линк .