Showing all 2 results

  • M/Connect™ 2 Docking Station

    Ви го претставуваме M/Connect 2 – нашата нова УСБ докинг станица на која може да се уклучат УСБ Ц и Thunderbolt лаптопи, а истовремено има УСБ 3.0 приклучок. Ова нуди универзално решение за време на премин од УСБ 3.0. M/Connect 2 може да се интегрира во било кој држач за монитор на Humanscale или независно да се прикачи на бирото без држач. Иновативната split dock технологија на M/Connect 2 овозможува сите кабли да бидат поврзани под бирото, а не на површината на работното биро што ја намалува пристапноста до конекциите кои не му се потребни на корисникот. Лесно достапната станица на бирото му овозможува на корисникот брз пристап до приклучоците за податоци, за полнење и аудио.

    Универзално решение

    Компатибилноста со УСБ тип Ц, УСБ 3.0 и „Thunderbolt“ овозможува универзално решение за да ги приклучите сите ваши уреди.

    Разновидно полнење

    M/Connect 2 има седум УСБ приклучоци за податоци и полнење, вклучувајќи два 2.4A Тип A приклучоци за брзо полнење и еден 3A Тип Ц приклучок за брзо полнење.

    Подобрена резолуција

    Поддржува 4K видео резолуција за до два монитори.

    Модуларен дизајн,

    Лесно за одржување. Горниот капак лесно се отстранува и нуди можност за поправки и ажурирања без да има потреба од размонтирање на држачот за монитор.

    Повеќе информации на следниот линк .

  • Sedus Mobile power supply

    Флексибилен адаптер со приклучоци за електрична енергија

    Решенијата за независно полнење на уредите се особено важни во средина со динамично работење – на пример, за време на конференции, во простории наменети за проекти или работилници. Со подвижниот адаптер со приклучоци, вие можете многу лесно и многу брзо да го поврзете вашиот мобилен телефон, лаптоп и компјутер во приклучок за електрична енергија. Четирите приклучоци се вградени во подвижен држач направен од рециклирани материјали. Како резултат на тоа, овој адаптер можете многу лесно и флексибилно да го донесете на работното место.

    Верзии и модели

    * Адаптерот со 4 приклучоци е достапен во три верзии. Поседува држач за кабел и кабел долг 5м.

    * Основата и држачот за кабел се достапни во следните бои: бела, алуминиум-бела, црна, јарко-црвена, маслинеста и песочно-кремава.

    Повеќе информации на следниот линк .