Но, што е добар стол? Скоро веќе 100 години, истражувачите се обидуваат да одговорат на ова прашање. Овa резиме на истражувањето го испитува нивното работење и се обидува да утврди дали тие достигнале некои значајни заклучоци.

Па, што?

Можеби се прашувате каква разлика има: Стол е стол, така? Па, не е така. Прво, кај луѓето кои седат долг временски период додека се на работното место, постои голем ризик кај нив да се појави проблем со долниот дел на грбот, второ кај оние кои креваат голема тежина, и исто така ризикот се зголемува со возраста. Исто така, бројот на изгубени работни денови и трошокот за секоја повреда на грбот се зголемува.

Второ, како што економиите насекаде низ светот се менуваат во умствена работа, се повеќе луѓе седат додека се на нивното работно место, за разлика од порано. Всушност, го читаш ова резиме додека си на работа, и најверојатно седиш. Во неодамнешна студија, истражувачите на Херман Милер набљудуваа и каталогизираа движења на 40 канцелариски работници за комбинирани вкупно 160 часови. Како група, овие работници потрошиле 93 проценти од нивното време седејќи на канцелариски стол.

Најпосле, луѓето во секоја канцеларија работат работа која има радикално влијание од компјутерот. Тие не мораат да стануваат често, бидејќи секоја информација што им е потребна е само на едно притискање на копчето. И со многу од информациите обработени на екран, тие имаат помалку разновидност во нивната работа и се помалку причини да работат без компјутер.

Три истражувачки модели

Има буквално огромен број на истражувања поврзани со седењето. Да им се приближиме систематски, материјалот е поделен во модели. (Важно е да се запамети дека моделите се поедноставени начини на категоризирање на заклучоци базирани на докази, кои потекнуваат од материјалите и не се модели кои се всушност користени од истражувачите).

Статичниот модел покрива истражување кое се претпоставува дека постоел правилен начин како да се седи на работното место.

Уште од 1700 тите, дизајнерите дизајнирале столови кои поддржуваат или дури и принудуваат правилен начин на седење.

Динамичниот модел покрива истражување кое признава дека луѓето се движат многу кога работат додека седат и тие стануваат често за да се раздвижат помеѓу кратки паузи од работа. Столовите кои се ставени во овој модел се оние кои поддржуваат, и дури охрабруваат движење.

Холистичкиот модел покрива истражување кое го испитува столот во контекст на неговата употеба. Истражувањето во оваа област не е лимитирано на седењето, туку вклучува и информации кои се вредни за фабриките за мебел и фабриките за компјутери, за архитектите и дизајнерите, и за компаниите како и за нивните вработени.

Трите модели не се врзани со строга хронологија, со најдискредитираните идеи кои се појавиле најрано. Всушност, влијателните истражувачи од 1924 па натаму, ги спојувале во едно холистичките принципи, и истражувачите почнале да пишуваат за динамично седење во доцните 1950ти. Она кое со текот на времето се открило, е дека некои од раните истражувања не се повеќе релевантни, бидејќи умствената работа е драстично сменета поради присуството на компјутерот.

‘Рбетот

Има мало несогласување за овој основен факт: Човечкиот ‘рбет и мускулниот/скелетен систем се две области кои се најранливи од стресот и седењето.

‘Рбетот личи на долгa стоногалка од коска, изострена на вратот и карлицата, и е составена од 32 индивидуални пршлени поврзани заедно од лигаменти. Плочи пополнети со течност ‘рскавици, наречени дискови, го оддржуваат правилниот вертикален простор помеѓу пршлените и ги омекнува коските, кои инаку можат да се тријат меѓусебно или да се „фати“ нерв при стегање на ‘рбетот.. Основата на ‘рбетот се вика сакрум. ‘Рбетот работи добро кога човекот стои, виткајќи се нежно кон напред на долниот дел од грбот и вратот, и нанадвор на рамото и карлицата. Кога човекот стои, притисокот на дисковите е пониско, отколку кога е во седечка позиција.

Бројни студии поврзани со дисковите – од А. Нахемсон, Д. Чафин, Г. Андерсон и К.Х.Е. Кроемер, меѓу другите – покажуваат дека се случува бавно и суптилно пумпање кога сме во движење. Хранливите состојки одат низ ѕидовите на дискот и ги трошат продуктите присилно. Кога сме неподвижни, како кога седиме подолг период, оваа пумпачка акција е овозможена и може да ги ослабе ѕидовите на дискот. Оваа слабост може да доведе до руптура на дискот – сериозен, болен и фреквентен оневозможувачки настан. Поголемиот дел од канцелариската работа се извршува седејќи, откако дозволува голем степен на координација на рацете и очите и стабилност на горниот дел на телото. Кога човекот седи, , внатрешната (лордотична) крива од долниот дел на грбот може да се исправи или дури и да почне да искривува нанадвор (кифотичен) – нешто кое може да се почуствува на сопствениот долен дел од грбот, ако ја ставите раката таму додека седите. Тоа е ротацијата на карлицата што влијае на усоглаувањето на ‘рбетот, бидејќи основата на ‘рбетот, сакрумот, е силно закачен на карлицата.

Таква обратна крива ги става под притисок дисковите и може да придонесе за влошување и хернијација. Поради оваа причина, некои од истражувачите велат дека ‘рбетот не е „дизјаниран’ за седење. Тие веруваат дека луѓето многу брзо еволуирале од стоење до седење.

Сега добрите вести: кога човек седи во неговиот стол и го користи неговиот рециклирачки наслон, притисокот на дискот се намалува за 20 проценти. И кога некој седи исправено и ги користи раконаслоните, мускулната активност исто се намалува. Овие феномени се опишани различно од многубројни истражувачи на ова поле.

Мускулите

Сите физички акции вклучуваат и статични и динамични мускулни активности. Кога човек работи на тастатура, на пример, држењето на рацете е мирно, но прстите се движат динамчно. Сите активности се заморни, но заморот може да биде одложен на почеток и интензитетот на заморот ако активностите се ритмични и динамични.

Динамичната активност е карактеризирана со алтернативната контракција и релаксација на мускулните влакна, пумпајќи крв – богата со кислород и истерувајќи ги отпадните продукти како карбон диоксид и млечна киселина. Динамичните активности вклучуваат пешачење, трчање, пливање. Бидејќи овие активности се ритмични, потребно е помалку мускулен напор за да се одржат подолг период на време.

Од друга страна, статичната активност е многу тешка да се одржи, дури и за кратки периоди на време, без да се почувствува замор или болка. Статичната активност е карактеризирана од константана контракција на мускулните влакна, кои создаваат конгестија, задржува отпадни продукти, и го превенира нивото на кислород и хранливи состојки во марамицата. Статичните активности вклучуваат било какво држење на делото за некој период на време – стоење мирно, наведнување на главата нанапред, држење на раката одвоено од телото, на пример.

Кога луѓето чувствуваат замор, тие интуитивно прават многубројни работи да се ослободат од засегнатите мускули. Тие може да менуваат позиција за да дојдат до работната задача од друг агол, наоѓаат начини да ги потпрат нивните раце или дланки, користејќи ја другата рака за истата задача, правејќи кратки паузи, или менување на друга активност од време на време.

Истражувањто ги поддржува бенефитите од интуитувните одговори на заморот. Еден експеримент покажа дека луѓето се склони на користење на повеќе мускулни групи за да постигнат една задача, менувајќи се од една група во друга, долго време пред активноста да стане болна.

Друго истражување ги покажува бенефитите од овозможувањето на потпирач за раката, особено за работа која се врши на ниво на рамото или повисоко. Последно, истражувањето исто така покажува дека паузите од неколку секунди ја зголемуваат способноста за заморените мускули да продолжат да работат.

Статичниот модел: Таканаречениот „правилен“ начин на седење

Психолошко истражување кое почнало во 1940та продолжува и во сегашноста; многу од неговите пронајдоци се вклопува во она што е наречено истражување на статичен модел. Претпоставката на овој статичнен модел е дека е возможно да се идентификува „правилниот“ начин на седење.

Имаше доста правила во канцелариите во 1940те, 1950те, 1960те – желба за надворешен доказ за ред и стабилност, непишани кодекси за однесување и облекување, и суптилни маркери за одделување на луѓето со високи социјални позиции и едукација од тие без тоа. Во овие канцеларии базирани на хартија, примерот од „правилен начин на седење“ беше секретарката.

Исправено седење

Високо тренираните, професионални секретарки генерално беа жени кои работеа на механички машини за пишување. Таа седеше на нејзиниот таканаречен секретарски стол со двете нозе на подот, глуждовите и колената се допираа, и горниот дел од нејзините нозе формираа совршен агол од 90 степени со нејзиното торзо. Нејзиниот грб беше исправен , нејзината глава благо свртена на страна за да може да гледа во она што денес се нарекува изворен документ, нејзините лакти се држеа блиску до неа, а нејзините раце лебдеа над копчињата.

Таа мораше да користи сила за да пишува, бидејќи копчињата беа механички.

Истражувањето за седење се фокусираше на оваа личност и имаше обид да се дизајнира стол кој адекватно би ја поддржил неа. Се претпостави дека нејзиниот начин на држење на телото е соодветен и дека таа ќе го оддржи каде и да работи.

И сепак, дизајнот на столовите се менуваше брзо: Некои потпирачи за грбот беа подесувачки, некои столови нудеа само поддршка на горниот дел од грбот, додека други пак, го поддржуваа долниот дел на грбот подобро. Формата и димензиите на седиштето се менуваа многу, како и мекоста на перницата. Некои столови имаа ногарки, а други тркала. Единственото согласување изгледа беше само за потпирачите за раце, кои беа скоро исти, исклучени од дискусија за карактеристики на столот. Можеби немаше место за „одмор“ во овие работни средини.

Додека истражувањето продолжи да се фокусира на различни аспекти од „добри сотолови“ за „правилно држење на телото“ канцелариската технологија почна да се менува. Рачниот пишувач беше сменет со електричен.

Дактилографите, избирани заради нивната брзина (на зборови во минута), и претходно незадоволни од спорите дактилографи, откриле дека новите машини се способни да бидат доволно брзи за да можат да се усогласат со нив. Многу повеќе работа почнала да се завршува во помалку време.

Потоа, во раните 1990ти, технологијата се смени повторно, овојпат драматично. Дојде десктоп компјутерот, и истражувачите забележаа дека се зголемија жалбите за здравствената состојба, поврзани со него. Работењето на овие рани компјутери додека се седи на стол, доведе до проблеми со видот, замор, и болка во вратот, грбот и рамената.

Додека поимот на „правилен“ начин на седење продолжи да се појавува во истражувањата, нов „правилен“ начин на држење на телото беше идентификуван. Ова држење беше набљудувано на астронаути и работници под вода. Она за кое изгледаше дека е природен начин на држење на телото додека човекот се одмара, за луѓе во ниска гравитација беше карактеризирана од благо виткање на колената, поотворен агол помеѓу торзото и бутот (128 – 135 степени), реставрација на искривување на долниот дел на грбот додека стои, и раце кои лебдат кон надвор. И колената и лактите беа држени раширено.

Луѓето кои седеле на овој начин со нормална гравитација можеле да седат и во лежачка или кон напред наведната позиција. Истражувачите откриле дека мускулната активност и притисокот на дискот се случуваат лежејќи, но не додека се наведнуваат нанапред.

Наведнување кон напред

Во меѓувреме, оние кои користат компјутери многу се наведнуваат кон напред. Можеби е неопходно, затоа што карактерите на малите компјутерски монитори во минатото не беа секогаш лесни за читање, и често имаше рефлексија на екранот од осветлувањето во собата. Раните тастатури беа закачени за монитортите и можеа да бидат дофатени најудобно со седење поблиску до работната површина.

Дизајнерите пробаа да направат стол кој ќе го поддржува наведнувањето кон напред. Најдобро познатиот стол од овој тип е „клекнатиот“ стол. Кога некој ќе седне на него, поголемиот дел од тежината е навалена во центарот, и аголот помеѓу горниот дел на нозете и торзото се прилично отворени. Бидејќи перницата за седење ја мрда карлицата нагоре и надолу, човекот е „охрабрен“ да го задржи природниот свиок во долниот дел на грбот.

Големиот чекор назад изгледа е дека ако на некого му здодее оваа позиција, столот нема да дозволи човекот да седи на поинаков начин. И во еден случај, иако испитаниците во студијата знаеа колку е важно да се задржи зборот „правилен“ свиок на долниот дел од грбот, тие сепак се наведнувале кога биле уморни. И без потпора за грбот на која би се наведнале, тие често изгледале дека се уморни. Како и да е, многу луѓе кои работат на компјутер сеуште се наведнуваат кон напред.

Опуштено потпирање

Други луѓе кои работат на компјутер, се наведнуваат назад во поза на возач на тркачка кола. Оваа опуштена позиција го отвора аголот на торзото и бутот и ја наведнува карлицата; и доколку столот има добро дизајниран потпирач за грбот, наведнувањето наназад намалува болка во дисковите и мускулна активност.

Оуштеното потпирање бара комбинација на вештина и потребна опрема за да биде ефективна работна поза: на секому му е потребен чисто видлив екран од далечина, безжичен маус и тастатура, и идеално осветлување без силна светлина. Исто така човекот мора да биде способен да пишува на тастатурата со допир, бидејќи само што ќе се наведне главата на корисникот да погледне во тастатурата или екранот, телото го следи движењето, како и столот.

Да сумираме

Додека доволно е истражување за да се поддржи валидитетот на секоја „правилна“ позиција, таков фокус поверојатно ги занемарува бенефитите од алтернативните начини на држење на телото. Потоа, проблемот со дизајнирање на стол е дека поддржува само едно единствено држење и дека има здравствени ризици кои се поврзани со оддржување на статично држење на телото и дека луѓето едноставно не седат мирни.

Динамичниот модел

Како дизајнер на столови Бил Стамп беше меѓу првите кои уште во доцните 1970ти документирал дека луѓето на работа се движат многу. Како многу силни и влијателни обзервации, тоа беше очигледно на било кој, кој помислил на тоа, но само некои ја имаа сфатено неговата важност уште порано.

Промени на однесување Процент на време

Задачи

Маус 18.74%

Копче 19.70%

Читање екран 7.73%

Комуникација 12.82%

Телефон 12.35%

Читање документ 17.32%

Одмор 3.86%

Пишување 7.60%

Начин на држење на торзото

Кон напред 45.25%

Исправено 26.96%

Опуштено 14.50%

Вртење 5.75%

Наведнување 4.25%

Начин на држење на горните екстремитети

Неутрално 28.94%

Неутрален продолжен дофат 51.76%

Скорешна студија на Херман Милер која набљудуваше и каталогизираше движења на 40 канцелариски работници дозна дека групата во просек направила 53 промени на нивното држење на торзото во еден час. Истата група просечно имала околу 180 промени во нивното држење на раката во еден час. Работниците во администрација направиле најмногу движења со торзото, додека техничките / професионалните работници најмалку.

Работниците кои се задолжени за грижа за клиентите, просечно смениле најмногу држења на рацете, а извршните директори најмалку.

Кога се јавувале на телефон, луѓето играле со некоја играчка на бирото, разлистувале каталог, или цртале.

Додека пишуваат, тие се наведнуваат на лакт, се наведнуваат назад на столот, бараат инспирација, или ја одвиткуваат хартијата од гума која ја чувале. Додека се на состанок, тие прават нервозни движења, се наведнуваат и вртат од една на друга страна.

Потоа, без разлика што и да прават, тие ќе користат најразлични стратегии да ја менуваат акивноста на страна од нивните изморени мускули – застануваат накратко, менуваат раце, менуваат друг вид на работа, или се истегнуваат. Како последно нешто, тие секогаш можат да измислат дека имаат голема потреба да земат кафе, да направат копии, и слично.

Набљудувањето на Стамп доведе до стол дизајниран за да ги поддржи начините на кои луѓето се движат на работа.

Каква потпора ќе обезбеди добриот стол?

Генерално, добар стол може да приспособи многубројни позиции без да се добие чувство на отпор или олабавување. Треба да е лесно да влезеш и да излезеш надвор од тоа. Треба да дозволува движење, но да биде доволно стабилно за да дозволи блиска или детална работа. Можеби треба да се приспособи и за работа со компјутери и за работа со хартија. И најверојатно би требало да оспособи најмалку три работни позиции – опуштената позиција, наведнувањето кон напред, и исправената позиција – бидејќи сеуште нема само една теорија како луѓето би требало да седат.

Како да ги врземе тие резултати назад кон карактеристиките на специфичниот стол сеуште е дискутабилно. Очигледно е дека добар стол обезбедува добра потпора за грбот: Луѓето кои додека работат се наведнуваат напред или се исправени би сакале да се наведнат назад и да одморат; луѓето кои додека работат се во опуштена позиција би сакале да се чувствуваат сигурно поддржани.

Има неколку начини да се најде позицијата за потпора на грбот. За оние кои работат во исправена, позиција кон напред, потпората на грбот или карлицата ќе превентираат замор и ќе го подобрат комфортот. Другиот начин вклучува користење на потпора на рацете. Многубројни студии откриваат дека врската помеѓу рацете и нивниот ефект на телото е во неговата седечка позиција. Во главно, ако потпората за раце е добро наместена и подесувачка, нејзиното користење има многу бенефити, особено помалку стрес на вратот и рамената.

Изгледа дека има мала расправија за карактеристиките како вртење и тркалање за да се оспособи движењето подалеку од работното место и работната задача. Има претпоставка од корисниците, дека ако не и од истражувачите, дека тие столови би требало да бидат истрајни за да обезбедуваат исти нивоа на квалитет со тек на времето.

Да сумираме

Поимот дека столовите би требало воедно и да ги стабилизираат корисницте, како и да им овозможат палета на движења, не донесе до важен редизајн на столовите и нов начин на зборување за нив.

Дизајнерите се движат во два правци: дизајнирање на столови за да ги исполнат барањата на специфичен вид на работно место, и дизајнирање на столови за да се овозможи сето тоа на различни работници и различни видови на работа. Принципите на ергономијата велат дека столот прво треба да одговара на корисникот, па потоа да одговара на работната задача, и притоа да дозволува различни начини на држење и да менува повеќе активности.

Холистичкиот модел

Овие прашања лежат во таканаречениот холистички модел, во кој описите на добри столови го вклучуваат контекстот во кои тие се користат и луѓето кои ги користат. Истражување кое го прифаќа холистичкиот модел се занимава со идејата дека работата и алатите дизајнирани за хомогена работна сила можат да креираат проблеми за тие со различни атрибути или сила. Дизајнерите на продуктите се повеќе се свесни дека секоја донесена одлука поврзана со дизајнот додека се дизајнира работната единица е важна и ќе има влијание на другите корисници. Истражувањето назначи дека холистичката категорија вклучува изјави како следните:

„Модерната канцеларија е комплексна мрежа од меѓусебно поврзани влијанија кои претставуваат континуиран предизвик.“ „Нема еден тип на стол или линија која одговара на секого.“ Постои многу мала веројатност дека секој производ или работна единица – конфигурација би ги задоволила потребите на секого.“

Додека истржувањето од секогаш ги признавало големите физички разлики помеѓу најголемиот претставник од машкиот пол и најмалиот претставник од женскиот пол, различноста на работната сила на поширок план била занемарувана. Но, не повеќе: Работната сила се менува брзо, со повеќе жени, малцинства, и луѓе со инвалидитети доаѓајќи на работните места.

Дури и поимот дека е возможно да се дизајнира за некој замислен просечен човек, почна да придонесува за истражувањето покажувајќи дека навистина не постои такво нешто како „просечен човек“:

Додека во опсегот на „просечни“ физички димензии може да се навлезе детално, како на пример висина, тежина, рака, торзо, или должина на нозете, ниеден човек нема да одговара на 10 од 10 специфични „просечни“ димензии. Студиите покажуваат дека додека работните места изработени по нарачка станат норма, подесивост ќе биде најдобро решение, особено ако корисниците разберат зошто и кога да ги подесуваат столовите, работните површини, и опремата. Ако не, тие нема да ги подесат.

Каков вид на работа вршиме кога седиме?

Истражувањето кое се вклопува во холистичкиот модел гледа на седењето како значење на крај, но не самиот крај: „Што прават луѓето кога седат?“ станува клучно прашање. Студијата на Херман Милер цитирано претходно (набљудување и каталогизирање на движењата на 40 канцелариски работници) дознале дека групата во просек, 47 проценти од нивното време поминува извршувајќи работни задачи на компјутер.

Како канцелариските работници го поминуваат нивното време и како се позиционирани

Многу луѓе денес седат додека работат на нивниот непријател, нивниот пријател, компјутерот. Без разлика дали седат исправено, опуштено, или се наведнуваат напред, кога работат на компјутер, седат долг период на време.

Истражувачите на Херман Милер дознаа дека работниците во денешната канцелариска околина која е под влијание на компјутерот, седат исправено околу три четвртини од времето. Типично, нивните раце се подигнати малку (згоглемувајќи статична активност на мускулите на рамената), и нивните раце, дланки, и глава се движат постојано и со прецизност.

Човечката глава тежи околу 4,5 килограми. Балансирана е на врвот на ‘рбетот, со неговата позиција и движење контролирано од многубројни комплексни мускули. Овие мускули, закотвени на клучната коска, рамена, горен дел на ‘рбетот, и базата на черепот, имаат нерви низ нив, кои поминуваат од ‘рбетниот столб па се до рацете и дланките.

Повеќето движења на главата на страна од центарот се оддржани од статична мускулна активност. Земајќи го во предвид абењето на ткивото како резултат на статична активност, не е чудо што повеќе студии покажуваат поврзаност помеѓу користењето на компјутерите и физичкиот дискомфорт во главата, рамената, вратот, рацете или дланките. Истражување на водечките ергономисти, вклучувајќи ги Е. Грандџин, С. Саутер, и Кофлер Груп, го поврзуваат овој дискомфорт со фактори како што се: како е користен компјутерот, годините, држењето, и повторувачките движења. Се дебатира, но има некои кои велат дека проблемите почнуваат да излегуваат на површина и кога компјутерот се користи малку како 10 до 20 проценти од времето.

Како што овие предупредувачки сигнали почнале да доаѓат од работниот свет, истражување на Брајан Абас и А. Лавил исто така дознале дека фиксирани работни држења на телото, ако се стави акцент на точноста и брзината, и интензивна статична активност може да предизвика прогресивно вложување на зглобовите, мускулите, и обвивките на тетивите и лигаментите. Чудни позиции на рацете или дланките и пролонгирано седење или стоење исто така се причинители на дистрес, болка, дури и инвалидитет.

Истражувачките места ги обвинуваат надворешните фактори, како и факторите внатре во работните места. Клучните фактори на работното место имплицирани во проблеми вклучуваат ослабена мускулатура или слаби работни држења на телото, и неадекватни окружувања, опрема, столови, или работен дизајн. Факторите надвор од работата можат исто така да придонесат: седење на подолги периоди од денот; неправилно држење , прекумерна тежина, и здравствени проблеми; спортски повреди; и дури користењето на лошо дизајнирани кревети, столови, софи, и автомобилски седишта.

Од NIOSH и владините канцеларии до индустријата и истражувањето:

Столовите и опремата се само еден дел од проблемите од решението. Менаџерите и вработените мораат да работат заедно за да го идентификуваат и решат дизајнот, менаџментот или проблемите на објектот исто така.

Заклучок

Раните поими на „правилното“ држење отстапија како доказите што разјаснија дека идеализирано држење на телото не би било со сигурност здраво – особено не во работна околина во која доминира компјутерот. Динамичните промени, се здрави сами по себе, но не можат да ги компензираат проблемите кои настануваат од лошиот дизајн во работата, изгледот, опремата, осветлувањето, акустиката и работниот процес. Истражувачите откриле дека релативно малите подесувања на целиот развој на работата, можат да бидат значајни. Додека овој холистички поглед има интуитивна смисла, ги фрустрира оние кои бараат „наместено“ решение на приливот на проблемите поврзани со умствената работа. Најверојатно е точно да се каже дека овие сега се, или набрзо ќе бидат, сечив проблем. Голема е веројатноста решенијата да дојдат од корисници, како што доаѓаат од истражувачи или дизајнери.