Колку и да изгледа чудно, постојат некои бои кои човечкото око не може да ги види и тоа не е само затоа што постојат надвор од вообичаениот спектар. Во споредба со животните, типичното човечко око е способно да воочи светлина само преку тесен појас на бранови должини, некаде помеѓу 390 и 750 нанометри. Затоа не можеме да гледаме во одредени појаси од инфрацрвениот и ултравиолетовиот спектар. Сепак, постојат и други бои во овој опсег, но тие обично поголемиот дел од времето не можеме физички да ги согледаме. Овие бои, кои истражувачите ги нарекуваат забранети бои, тежнееме да ги опишеме во однос на другите бои, иако тоа не е праведно за нив, затоа што тоа сугерира дека на некој начин тие се споредливи со тоновите и мешавините на бои со кои сме запознаени.

Мал број на луѓе можат да ги согледаат, и обично ги опишуваат како црвено-зелени или сино-жолти, но тие се ограничени со јазикот со кој што треба да ги опишат, а реалноста е дека тие се уникатни, иако покажуваат одредени карактеристики на познатите бои.

Причината поради која не можеме да воочиме некои бои, се должи на начинот на кој рецепторите на конусот во нашата мрежница го ограничуваат нашиот вид. Постојат три типа на конусни клетки поврзани со нервните импулси преку спротивните неврони, кои реагираат на различни бои на бранови должини додека, во исто време, го инхибираат одговорот на другите. Резултатот е дека истите конусни клетки кои откриваат црвено, ја намалуваат нашата реакција на зеленото. Конусите кои откриваат жолта боја, ја инхибираат сината боја. И третата група неврони прави разлика помеѓу црно и бело.

Сепак, некои научници тврдат дека можеме да ги надминеме таквите ограничувања, па дури и да ги препознаеме невозможните бои ако научиме како да ги бараме на вистински начин. Во 1983 година, двајца истражувачи, Хјуит Крејн и Томас Пјантанида, објавија труд во рецензираното списание Наука, наречен „За гледање на црвеникаво зелена и жолтеникаво сина“, во кој се тврди дека овие теоретски забранети бои може да се воочат со човечкото око.

Истражувачите создадоа пиктограми во кои црвените и зелените ленти или сините и жолтите ленти беа поставени едни до други. Тие им ги покажаа сликите на волонтерите, користејќи тракер за очи, за да ги држи сликите фиксирани, со цел светлината од секоја боја, да биде прифатена од истите делови на мрежницата.

Тие открија, како што субјектите на овие експерименти известија, дека границите меѓу лентите на сликите постепено исчезнуваат и самите бои почнуваат да се спојуваат, за да формираат нијанси што никогаш претходно не ги виделе, кои ги опишуваат како црвени и зелени истовремено или како боја што не ја виделе дотогаш. Истражувачите заклучија дека со подолгото гледање во сликите, мозоците на испитаниците научиле да го совладаат спротивниот механизам во нивните очи.

Експериментот беше ажуриран во 2006 година од страна на научниците од колеџот Дартмут во САД, со помош на компјутерски слики и заклучокот беше дека она што луѓето го гледаат во експериментот воопшто не се забранети бои, туку мешавина.

За среќа, не треба да се потпираме на такви измами, за да имаме пристап до толку широка палета на бои колку што ни е потребна при изборот на производи и при дизајнирање на ентериери. Всушност, табелата со бои постои многу подолго отколку што би можеле да замислиме, иако современите материјали и производствените процеси, дури сега ни нудат можност да ја искористиме целосната палета.

Универзално познатата табела со бои Пантон, за прв пат беше развиена во 1963 година. Нејзините слики сега се препознатливи за употреба, и би можеле да се изненадиме од сознанието дека нешто што многу наликува на неа, датира од 17 век.

Во една мала библиотека во францускиот град Екс-ан-Прованс има една книга, што била макотрпно изработена од холандскиот уметник Бугерт во 1692 година, за да ги сподели со светот своите идеи, за тоа како боите може да се мешаат, со цел да се одржи одреден степен на конзистентност во нивната репродукција. Не само што визуелно потсетува на табелата на Пантон, туку и ја има истата цел.

Според историчарите, деталниот ракопис од 800 страници бил напишан и насликан прецизно со рака, така што бил произведен само еден примерок, кој се користел како едукативна алатка во своето време, но бил со ограничена употреба. За среќа, некои работи се менуваат, па ракописот сега е достапен за прегледување на интернет, што го прави лесно достапен за целата планета, овозможувајќи ни да ги споделуваме сликите од неговите страници. Трактатот за употребата на акварел боја несомнено беше револуционерен за своето време, но исто така восхитува и неговото наговестување за начинот на кој ќе ја перципираме и користиме бојата во 21-от век.

Постојано учиме за бојата и затоа ресурсите како „The Colour Cookbook, for Colour in Offices“ од Зедус, која е првата специјализирана книга, ни овозможуваат да ја истражуваме улогата на бојата во дизајнот на канцелариите. Сега објавена во ново издание, претставува вредна алатка за архитектите, дизајнерите и корисниците на канцелариите, за да истражуваат како бојата може да се користи во канцелариите, со цел да се дефинираат просторите, да се подигне расположението и да се изразат идентитетите.