Јазикот кој го употребуваме за да ја опишеме работата и работното место, еволуира речиси подеднакво брзо, како и самото работно место. И, ако постои еден термин кој го карактеризира најсовремениот дизајн на работното место, кога се мисли на овој дел од 21от век, тоа е работа заснована на активност(РЗА). Како и со поголемиот дел од овие идеи, нема ништо магично или дури и ново во ова. РЗА само опишува работно место кое им дава на луѓето избор како, кога, со кого и каде да работат. Во контекст на канцеларијата, ова значи обезбедување на избор за работните поставки, секој дизајниран за различен вид на активност.Тоа би вклучувало традиционални работни станици, избор на простории за состаноци и соработка, и простории за работење во тишина и доверливи зони за состаноци, како и простории за пауза и кафе.

И внатре и надвор од канцеларијата, работата базирана на активност е олеснета со технологија и отворена култура, што им овозможува на вработените да работат секаде.

Како што и претходно посочивме, ништо од ова не е ново. Идејата примарно е формализирана во 1980те, но вистината е дека сите ние сме ги искусиле поставките на работата заснована на активност, уште пред да започнеме да работиме, бидејќи таа исто така опишува како училиштата и универзитетите се дизајнирани и како се водат. Возрасните играат побрзо од децата.

Работата базирана на активност, може да понуди бројни предности во однос на повеќето статични форми на канцелариски дизајн.

Трошоци

Вообичаено е поевтин од традиционалниот распоред, бидејќи е помалку зависен од посветените работни станици, и го преместува фокусот на зградите подалеку од зафатеноста и го носи кон употребливоста. Ова се карактеризира со промена на акцентот од ефикасност на ефективност, и со намалување на количината на простор кој го опфаќа типичната организација. Дури е веројатно дека ќе бидете поефикасни, земајќи во предвид дека работните маси во традиционалните распореди на канцеларии, речиси половина од работниот ден се слободни.

Бесплатна иднина

Дизајнот на традиционалното работно место вообичаено се поврзува со еден феномен познат како џагор, кој едноставно ги опишува трошоците за преместувањето на луѓето, како одговор на организациските реорганизирања и промени. Ова е проблем кој не може во целост да се искорени, но може да биде намален кога поединците не се директни сопственици на поединечна работна станица или простор. Работата која вклучува активност, инхерентно повеќе одговара за промените, бидејќи повеќе се работи за луѓе кои се движат, отколку за мебел и прибор.

Приспособливост

Работата заснована на активност е принципот кој лежи зад новата генерација на технолошки кампуси кои се појавуваат за да им служат на Apple, Google и Facebook. Исто така таа е основа за наградата која ја освоија канцелариите на Sky Central во Западен Лондон и за зголемувањето на бројот на главни седишта на корпорациите. Но нејзината примена, не е ограничена на гигантите во бизнисот. Како што покажавме во нашата работа со Thames Water, тие исто така имаат потенцијал да ја трансформираат работната култура на помалите работни места. Покрај тоа, таа е бесконечно прилагодлива на потребите на специфичните организации, особено затоа што нуди листа на прилагодувања од која можете да изберете.

Концентрација

Еден од главните предизвици, со кој луѓето се соочуват на работа, е можноста да работат ослободени од прекинување и одвлекување на вниманието.Иако има голем фокус на акустиката, визуелната приватност е важен фактор кој треба да се вметне во дизајнот.

Бидејќи работата заснована на активност, обезбедува опсег на работни простории дизајнирани за специфични задачи, како тивки простории, фокус области и зони за соработка, подобро е да им се обезбеди на луѓето можност да работат во простории кои им овозможуваат да бидат ослободени од одвлекување на вниманието.

Колаборативна работа

Работата заснована на активност, не нуди само вистински простории за луѓето да соработуваат додека работат, туку им сигнализира дека е во ред да се раздвижат наоколу и да работат со други луѓе со кои треба да работат. Тоа исто така ја зголемува веројатноста за средби и го подобрува протокот на информации низ дисциплините, но и ги зголемува оние непредвидени моменти кои се есенцијални за кративната работа.

Регрутирање и задржување

Можноста за работа на автономен и флексибилен начин е веќе еден од најпривлечните таленти. Луѓето се буквално доведени да работат во агилни работни средини кои им дозволуваат да одлучат кој е за нив најдобар начин да ги завршат работите. И, секако тоа им помага на организациите да ги задржат најдобрите оружја кои ги имаат во војната за талент.

Одржливост

Бидејќи работата засновна на активност, вообичаено користи значително помалку канцелариски простор отколку традиционалниот модел на дизајн на работното место, нејзината помала стапка оди рака под рака со помалата стапка на јаглерод диоксид.

Благосостојба и продуктивност

Можноста да се движите наоколу на работното место, неизбежно има бројни бенефиции за благосостојбата, а не е само промена положбата и опкружувањето, кои се најчести проблеми поврзани со седечката работа.

Автономијата исто така е важен фактор во поттикнувањето на благосостојбата и продуктивноста. Во нивната работа, гледајќи ја нивната листа на шесте убијци на продуктивноста, удобноста и личната контрола е наведен како фактор број еден.