Психолозите истражиле дека да модерниот човек за да почувствува внатрешна среќа и задоволство во животот неопходно е дневно да направи минимум осум интеракции со други луѓе.

Во времињата кога во работната недела дневно поминуваме по 10 и повеќе часови на работното место , се потешко се остварва овој минимум на интеркации без кои се креираат само незадоволни луѓе.

Незадоволните поединци никако неможат да сe основа за среќна атмосвера во компаниите.

Од тие причини компаниите имаат основна потреба да створат време за социјализација на своите вработени.

За да ова се задоволи неопходно е во дизајнот на кацелариите да се креира простор за овие социјални потреби на вработените.

Понекогаш луѓето сакаат да поразговараат и за приватните работи со колегите. Една lounch или caffe зона со удобно седење и флексибилни масички , во релаксирано опкружување ќе ја подигнат енергијата и охрабрат спонтаната дискусија и спонтаните креативни состаноци помеѓу вработените.

Состаноците се моменти кои ја придвижуваат работата напред. Дизајнирањето на митинг места како мали ,,соби во соби,, може да сe стимулираат планираните како и спонтаните состаноци.