Не постојат многу прашања кои им одземаат многу време и енергија на претприемачите, од тие како да управуваат со своето знаење и креативните процеси. Додека производниот сектор се посветил на автоматизирање на системот пред некое време, ситуацијата со канцелариската работа е помалку јасна. Извонредните идеи како”Канцеларија 4.0 “ се појавуваат во медиумите и исчезнуваат како предмет на инспекција или остануваат доволно долго за да бидат сфатени погрешно. Ова не му помага никому.

Сепак основниот предизвик е совршено лесен да се разбере. Компетитивноста на организациите зависи од искористувањето на идеите и потенцијалот на вработените. Извира од умовите на луѓето и само тогаш може да се канализира во дигиталните процеси. Конечно, компетитивната предност произлегува од примената на креативноста, комуникацијата, брзината и ефикасноста.

Значи луѓето, и нивното знаење и идеи се најскапоцените погодности кои и стојат на располагање на компанијата. Историскиот премин од рачна работа во знаење и трансформацијата на работното место која ја создаде, е еден од најважните предизвици со кој се соочуваат луѓето и организациите денес.

Основниот предизвик е како: – Да се задржат и привлечат најдобрите луѓе. – Да се овозможи луѓето од различни генерации да работат заедно. – Како да се комбинираат аналогните и дигиталните извори на знаење. – И да се создадат средини за соработка и учење кои го ослободуваат креативниот потенцијал. Целта тука е да се создаде ергономски идеално работно место, да се поттикнат луѓето да работат додека седат или стојат, и да се воведат просторни концепти кои имаат позитивно влијание врз благосостојбата и соработката.

Ваквите работни места традиционално се поврзани со креативните индустрии, но сега се движат низ сите сектори. Во војната за таленти, едно од најважните оружја кои ни стојат на располагање не е само брендот, туку и привлечното работно место.

Како предводник во двете, и во технологијата и во дизајнот на работното место, Sedus е целосно ангажиран со канцеларијата на иднината, благодарение на неговото долгогодишно искуство и истражување, особено во областите како работно знаење и средини за учење.

Холгер Јанке, директор на маркетинг и продажба рекол: ”Ние работиме блиску до истражувачите на трендови, кои исто така подготвуваат увид во поврзани дисциплини како подучување, невронаука, психологија, експериментално истражување, комуникции, архитектура и дизајн. На крајот, ние анализираме бројни студии, кои се направени регионално, национално и глобално. Ние ги објавуваме резултатите во комплетна и разбирлива форма во нашата достапна публикација Sedus Insights.”

Производите на Sedus се развиени во истражувањата на компанијата и во нејзиниот центар за развој, што само по себе привлекува експерти од областа на дизајнот на работното место, ергономијата и благосостојбата, за да ги создадат нивните најиновативни решенија. Холгер Јанке: ”За работното место да биде доказ на иднината, треба да одговори на потребите и активностите за промена, и мора да им овозможи на корисниците слобода да одберат каде и како ќе работат. Нашите флексибилни и интелегентни работни места ги упатуваат овие прашања директно, нудејќи совршена средина за приватна работа, комуникација, соработка и релаксација. Модуларниот дизајн на масите, работните станици и системите за складирање на Sedus, им овозможуваат побрзо да се прилагодат на барањата за промена. Зеадно со нашето интуитивно и пријателско седење, возможно е да се создаде ергономски, продуктивни решенија кои идеално одговараат на брзодвижечките средини. ”

Sedus Future Proof обезбедува водич и поддршка за оние кои донесуваат одлуки

Холгер Јанке:”Sedus денес е еден од водечките светски снабдувачи во индустријата за канцелариски мебел. Брендот Sedus е синоним за иновација, технологија и естетика, и го збогатува животниот свет на канцеларијата со нови производни и современи идеи. Секој кој работи со производите на Sedus ужива во висококвалитетен мебел кој е во корелација со “100% Made in Germany” принципот. Sedus е меѓународен бренд, активен во повеќе држави ширум светот. Ние го разбираме развивањето на пазарот и им помагаме на компаниите да направат инвестиции во иднината.

Сето ова е засновано на анализирање на работните стилови и методи, како и на разбирањето на идентитетот и целите на секоја поединечна организација. Ова е поддржано од прилагодени работни решенија, што вклучува цел пакет на бенефиции, вклучувајќи и постпродажна услуга и гаранција на производите.

Ние ова го нарекуваме “Sedus Future Proof” пакет, што значи комбинација од консултантски услуги и трајни, прилагодливи производи, што им нуди на организациите, не само решенија за денес, туку и такви кои им дозволуваат да се соочат со иднината со самодоверба.”