Keyboard Systems

Држачот за тастатура на многу начини е срцевината на едно ергономско работно место. Бидејќи држењето на телото зависи од опсегот на дофат и визуелното поле, нашиот држач за тастатура ви овозможува да седите во здрава, неутрална положба преку приближување на тастатурата и маусот во ергономска позиција. Држачот за тастатура со извонреден дизајн спречува развој на карпал тунел синдром, болки во вратот и грбот и други мускулоскелетни проблеми. Уште од далечната 1999 година, Humanscale е водечки производител на држачи за тастатури вградени под бирото, и денес продава поголема количина од сите останати производители заедно.

Лесна употреба

Патентираниот систем на Humanscale за држачи на тастатури нуди лесно прилагодување на висината и аголот. Тастатурата нема опција на позитивно навалување, напротив се фаворизира негативното навалување поради што аголот на зглобот останува во неутрална позиција.

Долготрајност

Држачите за тастатура на Humanscale се цврсто прикачени за секоја работна површина и се прилагодуваат на специфичните потреби на корисникот. Хипоалергенското перниче за дланки дава висина и нуди долготрајност, а е дизајнирано со цел да биде компатибилно со човечката кожа.

Прилагодување

Humanscale нуди три системи на негативно навалување на тастатурата, од 5G, до нашиот најнов 6G, кои го комбинираат лесното навалување и прилагодување на висината на тастатурата со најјакиот и најстабилен држач на пазарот. Држачите за тастатура на Humanscale се достапни со различни конфигурации, вклучувајќи ја опцијата за поставување на лева или десна страна во зависност која рака ја користи корисникот на тастатурата.

Повеќе информации на следниот линк .