Во светот веќе неколку години нашироко се полемизира за изумирањето на канцеларијата. Полемиките вообичаено почнуваат откако ќе се направи некое истражување или нешто што говори за подемот на флексибилното работење, или пак за некоја студија на случај за работно место, кое е ослободено од работни бироа ( или поверојатно такво во кое истите воопшто не се вклучени). Секако, заклучокот кој можеме да го извлечеме од сето ова, е дека канцеларијата која сме ја познавале порано или е изумрена или мутира во нешто поинакво, но тоа е вистината за секој аспект од животот. Постојаниот фактор кој го осигурува постоењето на канцеларијата во некоја форма, е човекот на кој му служи.
Тоа го знаеме бидејќи, како што Том Ален докажа на МИТ во 1980те, колку е поголема физичката дистанца помеѓу луѓето, толку помалку тие комуницираат. Едно скорешно истражување на универзитетот Стенфорд, покажа како различните идеи за заедништво имаат значително влијание врз работењето на луѓето. Истражувањето, спроведено од Priyanka Carr и Gregory Walton беше објавено во весникот Journal of Experimental Social Psychology, и истото донесе заклучок дека социјалните знаци кои укажуваат на поканата за работа со други, може да ја поттикнат внатрешната мотивацијата.
Согласно со експериментите, се чини дека важен фактор е луѓето да чуствуваат дека работат покрај други луѓе. Низ серија на експерименти, на субјектите им било кажано дека, или ќе работат сами за да решат одреден проблем, или заедно со други ќе работат на иста задача. Резултатите недвосмислено покажале дека оние на кои им било речено дека ќе работат како дел од група, биле значително помотивирани и работеле подобро, од оние на кои им било кажано дека ќе работат во изолација.
Сликата која произлегува од експериментите е комплексна, и авторите претпоставуваат дека социјалните знаци се исклучително важни, што значи дека работниците кои се оддалечени, би можело да се направи да се чуствуваат како дел од тимот. Но, организациите и индивидуалците одржуваат поврзаност со физичкото заедништво, како извор на тие знаци.
Важноста на заедништвото
Придобивката од чуството на заедништво може да биде значајна. Во истражувањаето на Стенфорд, поединците на кои им било кажано дека ќе работат заедно, издржале од половина до две третини повеќе во решавањето на проблемот, од оние кои верувале дека работат сами, притоа пројавувајќи поголема заинтересираност за задачата, генерално извршувајќи ја задачата подобро и покажувајќи помалку знаци на замор. Тие генерално се покажале како поангажирани во нивната работа. Субјектите кои верувале дека работат во група, одбрале да завршат 53% повеќе поврзани задачи, кои им биле зададени две недели подоцна.
“Нашето истражување откри дека социјалните знаци, укажуваат на тоа дека работењето на луѓето на некоја задача заедно, има повпечатлив ефект врз мотивацијата, отколку да работат на истата задача, но одделно” – рече Walton во неговиот коментар за истражувањето. ”Едноставно, чуството дека се дел од групата на луѓе кои работат на одредена задача, ги прави луѓето помотивирани да се соочуваат со предизвиците. ”
Како што сега знаеме, физичките структури ( канцелариите) не се неопходни за да постои чуството на заедништво, но на многу специфичен начин ги олеснуваат и подобруваат работите. Оваа лекција е добиена на тежок начин и не е заборавена од светските технолошки гиганти и другите големи организации, кои продолжуваат многу да инвестираат во физичките средини (канцелариите), кои им се потребни да ги соберат луѓето на едно место, дури и додека работат да создадат нова ера во дигиталниот простор. Тоа е лекција за оние кои сеуште мислат дека канцеларијата ќе стане непотребна. Затоа вие немојте да ја испуштите лекцијата која во многу може да ги промени резултатите кои ги постигнува вашата компанија!