Корените на светкиот пристап кон ергономијата на канцелариските столици во 21-от век лежат во едно мало гратче наречено Валдшут, кое се наоѓа на јужниот дел на Црната шума, на северниот брег на Рајна каде што формира природна граница помеѓу Германија и Швајцарија. Пред речиси 100 години Зедус за прв пат го запознал светот со Федердре, легендарниот стол кој се врти, и кој е заеднички предок на секој стол кој се појавил се до денес. Тоа бил чекор на промена во благосостојбата, кој фирмата го повторила 45 години подоцна, со првиот стол дизајниран за новата ера на динамичното седење.
Sedus swing up
Сега сите сме навикнати на свет во кој ја бараме најновата технологија во секој производ и уред што го користиме. Очекуваме нашите автомобили да вметнат технологии заедно со воздушните перничиња и сателитската навигација, кои ни требаат безбедно да одиме на работа и да се враќаме од работа секој ден. Во најголем дел, таквата софистицирана технологија е невидлива за нас или поминува без забележување. Истото важи и за технологијата што е вградена во нашите канцелариски столчиња, правејќи да ни е удобно и негувајќи ја нашата благосостојба во текот на целиот работен ден. Таа е од суштинско значење, но често е земена здраво за готово.
Корените на благосостојбата Во 1871 година, еден млад инженер, со име Алберт Штол, се преселил од градот Бад Канштат во Валдшут, без да знае дека ќе го преобликува светот и ќе воспостави пионерска династија која ќе им ја пренесе на неговиот син и внук. Неговиот првичен сон бил да создаде седиште и производствена база, за столици за кафулиња и столици што се лулаат, користејќи процес што вклучувал вода, за да се свитка дрвото.
Една година подоцна, основал втора фирма во Клингнау во Швајцарија. До 1890-тите години, фокусот на неговата работа се префрлил на канцелариски столчиња, првично со создавање на столче со четири ногарки, кое вклучувало механизам за прилагодување на вртењето и висината.
Неговиот син, Алберт Штол Втори подоцна ја презел одговорноста и пионерскиот дух од неговиот татко. Тој прокламирал дека “столчето станува сè поважно како работна алатка “ и започнал интуитивно да развива свои идеи, за она што денес би го нарекле ергономија, иако тоа било многу пред да се измисли терминот.
Во 1926 година, на саемот во Лајпциг, тој за првпат ги открил пред јавноста своите основни идеи. Производот што го изложил, патентираниот Федердрех механизам, со неговата централна ротирачка основа и прилагодливиот потпирач за грб, сега со право се смета за претходник на сите модерни канцелариски столчиња.
Се разбира, ова не бил крајот на приказната. Тројца од неговите четири сина продолжиле да играат клучна улога во создавањето на модерната германска индустрија за канцелариски мебел. Ова исто така бил потег кој требало да го преобликува размислувањето на секој континент. Алберт Штол III ја презел контролата над швајцарскиот дел од бизнисот, кој требало да стане Гирофлекс со седиште во Кобленц.
Во меѓувреме, Кристоф и Мартин Штол ја презеле заедничката одговорност за бизнисот со седиште во Валдшут, сè додека не се разделиле во 1958 година. Кристоф го преземал управувањето на постојната локација во Валдшут, развивајќи ја новоформираната марка Зедус. Тој покажал иста визионерска страст како и неговите претходници, започнувајќи нова ера на комерцијален успех за фирмата, притоа создавајќи огромен, нов објект за истражување и развој во 1970 година.
Federdreh (1926) – se:line (2016)
Пристапот наскоро вродил со плод. Во 1973 година, новата генерација на иноватори развиле механизам со кој требало да започне новата ера на ергономскиот дизајн на седиштата. Синхрониот механизам што го создале сега е стандардна технологија на канцелариските столчиња низ целиот свет, но во времето на неговото воведување бил новина и по својата софистицираност и по својата предвидливост. Механизмот го контролира наклонот на седиштето и потпирачот за грб на начин што ги имитира природните движења на човечкото тело. Во пракса, ова значи дека столот е во постојан контакт со корисникот, поддржувајќи го во било која положба во која е седнат, и со тоа избегнувајќи ги сите стресови на одредени делови од телото, како на пример долниот дел на грбот, кои пак се причина за толку многу непријатности, болка и отсуство од работа.
Сепак, визионерскиот пристап на Кристоф Штол не бил ограничен само на производите на фирмата. Уште во 1950-тите, тој активно се интересирал за работењето на компанијата, вклучувајќи ги и постигнувањата за животна средина. Неговата сопруга Ема се погрижила работната сила да биде обезбедена со хранливи, избалансирани диети во текот на работниот ден.
Двајцата го пренеле својот удел во бизнисот во 1985 година, на непрофитната фондација Штол ВИТА, која, меѓу другото, водела кампања за подобра исхрана. Во 1995 година, семејниот бизнис започнал да тргува под сегашното име Зедус Штол АГ. Фондацијата сега работи во оригиналните згради на фирмата, како и во Музејот Штолштул, во кој се наоѓа колекција на производи што ја обликувале историјата на фирмата за 145 години.
Како дел од неодамнешниот проект „Ние се движиме“, Музејот Штол Чеир се пресели во седиштето во Догерн каде што се фокусира на „Патот на историјата“, прикажувајќи колекција на историски производи и нивните интегрални улоги во историјата на компанијата. Наследството од пионерската работа во областа на канцеларискиот дизајн и благосостојбата продолжува до ден-денес. Во 2000-та година, Зедус го претстави на пазарот, првиот стол со целосно распореден агол од повеќе од 40 степени, што значи дека корисниците можат да работат во позиција што е скоро хоризонтална. Совршено решение за оние кои работат со модерна технологија. Во 2012-та година, Зедус разви нов концепт за кинетичко седиште, кој сега е патентиран врз основа на шест уникатни принципи. Се чини дека нема ограничувања на капацитетот на фирмата да иновира.
Sedus open up
Зедус продолжува да демонстрира како современите решенија управувани од потребите, реагираат на барањата на современото работно место. Канцеларијата на 21-от век мора да ги исполнува и ергономските барања на поединците при дизајнирањето на работните станици, да им дозволи да работат во различни позиции, вклучувајќи и седење и стоење, истовремено охрабрувајќи ги да се движат и да соработуваат со другите.
Увидот на Зедус во новонастанатата загриженост на оние кои го заземаат работното место, се рефлектира во тековниот развој на новите генерации на производи што ги рефлектираат овие барања. Неодамнешните примери на производи кои воспоставија нови стандарди на совршеност во дизајнот се: open up од 2000-та година, swing up од 2012 година и se: connects од неодамна. Овој последен развој покажува како иновациите веќе не се однесуваат само на дизајнот на физичките производи, туку и на употребата на алатки за дигитална продуктивност кои работат заедно со нив. Зедус ја разви технологијата за да им овозможи на вработените да ја пронајдат најблиската работна станица во зградата, како и да ги прецизираат локациите на нивните колеги во канцеларијата. Тоа е сателитска навигација за работното место и е целосно во согласност со долгата историја на иновации, која е поврзана со продуктивноста и благосостојбата на луѓето.