Horizon 2.0
Веднаш по претставувањето на Horizon во 2011 година, таа инстантно стана легендарна и се здоби со престижната награда за дизајн „Red Dot“. Благодарение на иновативната „Thin Film“ LED технологија и впечатливиот минималистички изглед, Horizon си го доби своето место во колекцијата на Музејот на Современа уметност. Humanscale ја подобри нејзината класична функционалност, квалитетот на светлината и енергетската ефикасност за да се увери дека ќе остане на тронот на долготрајноста и перформансот.
Horizon 2.0 нуди извонредно доловување на боите, поголема стабилност и вграден систем на допир што ви овозможува да ја прилагодите светлината по ваша потреба. Ние исто така го отстранивме и PVC од светлината и се стекнавме со „Energy Star“ сертификат – со тоа го подигнавме овој легендарен дизајн на едно повисоко ниво.
Извонреден квалитет на светлина
Horizon 2.0 овозможува светлина далеку појака и поприродна од нејзиниот претходник. Со широк дијапазон без отсјај, снопот светлина фрла единечна сенка врз работната површина, и како резултат на тоа немате потреба од дополнително осветлување.
Елегантен дизајн
Погодниот адаптер за приклучоци и вградениот кориснички интерфејс ја ставаат Horizon 2.0 во центарот на вниманието. Двата додатоци исто така придонесуваат за поголема истрајност, подобро работење и полесно користење на лампата.
Долготрајна и одржлива
Новата, подобрена Horizon е без PVC и поседува сертификат „Energy Star“. Со потрошувачката од 52 лумени/вати, таа е екстремно штедлива, поради што се има здобиено со LEED, WELL, и Living Building Challenge сертификатите.
Легендарен статус
Како прва лампа која користи „Thin Film“ LED технологија – Horizon 2.0 е добитник на наградата „Red Dot“ и е вметната во колекцијата на Музејот на Современа уметност.
Ергономска и прилагодлива
Конструкцијата со внатрешна противтежа и прилагодливите челични шарки овозможуваат единечниот држач на Horizon да биде лесно поместуван Држачот има опсег од 380мм, овозможувајќи ѝ на светлината да биде поставена директно онаму каде што е потребна.
Погодна за секаков ентериер
Со својот впечатлив и минималистички дизајн, Horizon 2.0 совршено се вклопува во домашни, резиденцијални и бизнис средини. Достапна е во шест јарки бои.
Повеќе информации на следниот линк .