Nova

Дизајнирана да ја надополни било која работна површина и да го подобри стилот на работа, новата лампа Nova нуди бескрајна прилагодливост со својата впечатлива скулптурна форма. Уникатната леќа и LED сијаличките креираат изедначен сноп и која може да се прилагоди по желба на корисникот. Сертифицирана од „Energy Star“, Nova е идеалното решение за осветлување на денешницата, но и во иднината, а притоа не им штети ни на луѓето ни на планета. Подвижните држачи се движат до 180 степени, и на тој начин нудат одлично прилагодување и ергономски придобивки. Тие исто така му овозможува на фиксираното тело и главата на лампата лесно да се местат на посакувана позиција. „Forever Hinges“ механизмот овозможува држачот да остане на место, без да се лизне или помести, со што светлината си останува фокусирана на она место каде што сакате да свети.

Врвен квалитет на светлина

Nova не ги заморува очите, испушта јака светлина без отсјај која доследно ги доловува боите и проектира единечна сенка врз површината. Самата лапма произведува доволно светлина потребна за осветлување на бирото, поради што нема потреба од дополнителни и поскапи извори на светлина.

Лично управување

Вие самите го одредувате нивото на светлина. Преку допир можете да ја прилагодите јачината на светлината по ваша лична потреба.

Долготрајност

LED светилките на Nova загарантирано ќе траат минимум 50.000 часови, додека за самата лампа ви следува 10 годишна гаранција. Верна на мисијата за употреба на еколошки материјали на Humanscale, Nova не содржи никакви штетни хемикалии (Адаптерот за струја содржи PVC).

Ефикасна осветленост

Nova го содржи најефикасниот LED чип на пазарот – троши само 7 вати за да осветли со моќни 440 лумени.

Паметно осветлување

Сте заборавиле да ги исклучите светлата? Nova е тука за вас. Секоја ламба се состои од паметна технологија на затемнување која автоматски ги исклучува светлата кога нема никакво движење – со што штеди енергија и трошоци.

Бесконечна поврзаност

Повеќе немате потреба да се измачувате со слаба батерија. Опционата база за полнење на Nova, заедно со двата УСБ приклучоци ви овозможува да ги полните вашите мобилни уреди во текот на работниот ден.

Повеќе информации на следниот линк .

Категорија