Би можеле да се потсетиме на една идеја, позната како пеперутка ефект, која беше популарна пред неколку години. Суштината на идејата е дека пеперутката замавнувајќи со крилјата, во Кина, на крајот може да влијае на времето во Скопје. Тоа ја инкорпорира идејата дека промените на локалните услови во комплексниот и динамичен глобален систем, може да имаат далекусежни и можеби непредвидени последици.
Иако вкоренет во науката на теоријата на хаосот, овој принцип беше употребен за да се опише како работите функционираат на глобално ниво, во многу области од нашите животи. Тоа е дури применливо и во начините на тоа како идеите кои се појавуваат во еден дел од светот, како резултат на локалните услови може да влијаат на глобално ниво, дури до точката драстично да го надминат локалното законодавство и култура.
Постојат многу примери за ова. Веќе некое време, Западна Европа глобално беше гледана како еден од предводниците во иновациите на работното место. Ова пред се беше резултат на локалните услови, кои таквиот приод кон канцеларискиот дизајн и управување го прават есенцијален.
Овие услови вклучуваат: локално законодавство и култура кои фокусот врз продуктивноста и благосостојбата ги сметаат за суштински; пораст на знаењето за економијата; недостаток на работници во клучните бизнис сектори; и достапноста и трошоците за комерцијална сопственост, особено во големите градови како Лондон, Париз и Франкфурт.
Со други зборови, иновативниот дизајн и управувањето на работното место, може да се развие, токму поради тоа што Европа поседува мешавина од вистинскиот менталитет и позитивни атрибути, како и бројни потенцијално негативни предизвици, кои ја прават иновацијата клучна. Таа е суштински вкоренета во приодот на овие држави, во поглед на културните прашања, како благосостојбата и продуктивноста на поединецот. Таквите регионални разлики, можат да произведат микро клими за иновацијата и регулативата, кои можат да имаат ударен ефект врз тоа како другите држави во светот го третираат ова прашање.
Владите не можат секогаш да бидат во тек, иако постојат добредојдени знаци дека е многу поверојатно да го прифатат меѓународен пристап. Сепак, на законодавството му е потребно време да го воведе и развие пристапот, и поради тоа неизбежно паѓа пред побарувањата на купувачите. Оваа потреба за нешто повеќе и подобро, може да ја потхранува иновацијата на локално ниво, во случај на мултинационалност, и да донесе промена директно на глобално ниво.
Иако е предизвикувачки, ова често е начинот на кој доаѓаат реалните промени. За целата работа која може да ја направиме како организација, во контекст на истражувањето и развојот, не постои ништо слично на тоа, клиентот да ви каже што му е навистина потребно, како начин на мерење на промената на пазарот.
Токму ова, го подигнува приодот до развој на нови идеи, како начин постојано да се пресретнуваат новите предизвици. Локалните услови, соопштени низ барањата на потрошувачите, со решенија создадени од големите дизајнери, менаџери и производители на работното место, произведуваат краен резултат кој може да биде споделен на глобално ниво со бенефиции за сите.
Движење во нов ритам
Добар пример за ова е тоа што водечките компании, како Sedus, му одговориле на светот кој се менува и на новата технологија, со производи кои нудат рашенија за заедничките глобални предизвици.
Тие не се засновани, единствено на дизајнот на ергономскиот производ, колку и да е тој суштински, туку и на почитувањето на пошироките и променливи односи меѓу луѓето, на начинот на кој работат, на местата на кои работат и на уредите со кои работат.
Сепак, многумина од нас ќе имаат корист, од зачестеното менување на позицијата во која работиме во текот на денот. Производите за работното место, како столиците на пример, можат да помогнат со тоа што ќе бидат дизајнирани и прилагодени да го охрабрат движењето, како што Se:motion покажува, но сепак културата и навиките на работење се подеднакво важни да ги охрабрат луѓето да се движат повеќе.
Ергономијата е прашање, кое се однесува на целото работно место, не само на поединечните работни едници. Се работи за “да знаеш како” култура и разновидност во работење. Како што свеста за овие прашања се шири од локалните предводници на решенијата, ефектите може да се почуствуваат низ целиот свет, бидејќи луѓето ја разбираат важноста од користењето на технологијата на најсоодветни начини, потребата да се движат дури и додека седат, и можноста да станат и да се раздвижат секогаш кога е тоа возможно.