Последниве години премногу се зборува за дизајнот на канцелариите и дека истиот може драматично да го промени однесувањето на вработените а со тоа да влијае на нивната продуктивност.
Многумина си го поставуваат прашањето дали тоа е вистина или мит. На секојдневните состаноци со познати менаџери и директори добиваме отпори дека канцеларијата е само место каде се работи и тој простор со ништо не може да влијае на луѓето.
Но дали навистина е тоа така?
Силно верувам дека деновите на непривлечни канцеларии се минато и новото планирање го подобрува стандардот на работата. Да не е така не би бил во оваа индустрија. Со сигурност би работел нешто друго во животот.
Денес, идејата за работните места е поместена над конвенционалните канцелариски пејсажи составени од кабини, работни маси и столици. Дизајнот на работното место создал функционална улога за себе, што пак претставува точка на прекинување на неговата ограничена структурна улога во минатото. Многу истражувања потврдуваат, среќата кај луѓето е клучна за ефективна изведба и продуктивност. Неопходната улога на работното место во придонесувањето на среќата и продуктивноста, е силно потврдената во неколку извештаи на разни институти и експерти по психологија на работното место.
Навистина е предизвик во краток текст да се променат размислувањата на менаџерите кои секојдневно функционираат во турбулентно бизнис опкружување. Но ајде да се обидеме барем да ја отвориме темата, а за подетално повикајте не на состанок како би ги земале сите аспекти во предвид.
На почеток одберете флексибилен мебел
Фиксните распореди се крути и нефлексибилни по природа, што по одреден период предизвикува здодевност и меланхолија. За разлика од нив, флексибилните распореди им помагаат на вработените да се борат против здодевноста и исто така придонесуваат кон редуцирање на стресот тогаш кога е на највисоко ниво.
Флексибилноста на распоредот предизвикува чувство на слобода кај вработениот, што доведува до среќа. Интегрирањето флексибилен мебел во просторот, го прави работното место поангажирано и покул, што пак го зголемува чувството на припадност кај вработените.
Осветлувањето е од пресудно значење
Осветлувањето има големо влијание врз човечкиот ум. Двете крајности, и слабата и интензивната светлина имаат многу неинспиративно влијание врз вработениот. Од една страна, слабата светлина предизвикува мрзливост, додека интензивната светлина резултира со иритантност.
Избирањето на светлото, во согласност со побарувањата на работата, е дел од дизајнирањето на работното место. Вложувањето во соодветно осветлување, има капацитет да го придвижи расположението на вработениот и да го направи амбиентот на работното место повесел.
Почнете со промена на менаџерската канцеларија
Во модерниве времиња, лидерските компании ја прифаќаат идејата, канцеларијата на шефот да биде организирана како сала за состаноци или пак како дневната соба која ја имате дома, која би ја користеле сите вработени.
Оваа иновативна идеја придонесува да се отстрани шемата на крута хиерархија, која порано предизвикувала неподготвеност, помала продуктивност и одложување на донесувањето одлуки.
Има ли поважно од здравјето на луѓето?
Здравјето е предуслов за среќата и продуктивноста, па поради тоа денешните дизајни на канцеларии ја интегрираат идејата за wellness на нивните вработени.
Салите за јога и вежбање, патеките за пешачење се важни инфраструктурни додатоци на работните места, кои се земаат во предвид за здравјето на вработениот.
Конференциските простории во кои може да се движите додека зборувате, наместо традиционалните сали за состаноци, работните маси кои можат да се користат за стоење и за седење, специјалните столици направени за вработените кои имаат проблеми со грбот или ’рбетот итн. ги направија модерните работни места повклучени и посвесни за здравјето.
Проактивниот пристап во насока на здравјето, не само што го намалува проширувањето на здравствените проблеми, туку и ја зголемува продуктивноста.
Внесете ја природата во вашата канцеларија
Биофилистичкиот ( biophilic ) дизајн позитивно влијае на чувствата на луѓето и ја зголемува продуктивноста. Ако дозволите природата да навлезе во канцеларискиот простор, тоа може да помогне да се одржи амбиентот на работното место, свеж и извонреден.
Постојат бројни растенија кои имаат медицинско влијание, го редуцираат внатрешното загадување и го зголемуваат нивото на кислород. Но во исто време и мебелот може да биде дизајниран како да природа е внесена во канцеларијата.